Материјал 5 од 5
Во тек

БОНУС освежителни пијалоци

мај 17, 2024

Путер Кикирики Лате

СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица путер кикирики
  • 1 чаша/филџан турско или нес или инстант ( какво кафе и да пиете или обожавате, само да е без шеќер)
  • Коцки мраз
  • екстракт ванила
  • 100-150 мл млеко растително или нискомасно кравјо млеко

ПРИПРЕМА:

Во еден сад мешате заедно путерот и кафето и тргате на страна(или изблендирајте). Мразот се става во чаша, врз него истурате ванила и млеко и промешувате. На крај се истура претходно измешаниот путер со кафето. Кравјото млеко содржи лактоза, па доколку приметиш дека не ти одговара избегнувај го него и останатите млечни производи. На здравје!

Диња Коктел со шумско овошје

СОСТОЈКИ:

  • 1 парче диња
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица сува брусница
  • 1 рака шумско овошје
  • Вода по потреба
  • Коцки мраз
  • екстракт од рум по желба

ПРИПРЕМА:

Се се става во блендер и се блендира. Заменува ужинка. На здравје!

Лубеница Коктел

СОСТОЈКИ:

  • 3 големи парчиња лубеница исчистена од семки
  • 1 рака јагоди
  • 1 -2 лажици цеден сок од лимон
  • Засладувач по желба,доколку овошјето не е доволно благо или зрело.
  • Коцки мраз
  • екстракт од рум по желба

ПРИПРЕМА:

Прво ги блендирате парчињата лубеница , а потоа ги додавате јагодите и сокот од лимон и продолжувате да блендирате, се додека не добиете убава хомогена смеса.

Вода со вкус на лубеница

СОСТОЈКИ:

  • 1 литар вода
  • 1 чаша лубеница
  • 1 гранче нане

ПРИПРЕМА:

Во лето се особено популарни овие различни видови на вода збогатена со овошје, или тревки. А

овој е според мене, баш вкусот на летото во чаша =)

Се приготвува многу лесно, и сигурно ќе ве натера да испиете повеќе вода.

Лубеницата се сецка ситно и се додава во водата. Еден дел може и да го изгмечите за да пушти

повеќе вкус.

Пинаколада Смути

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 смрзната банана
  • 1 рака смрзнат ананас
  • 1 чаша кокосово млеко
  • екстракт од рум по желба
  • Коцки мраз

ПРИПРЕМА:

Се во блендер. Највкусниот коктел според нас! Уживај.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.