Материјал 4 од 5
Во тек

РЕЦЕПТИ ЗА ВЕЧЕРА

мај 7, 2024

ГРЧКА КОМПИР САЛАТА

СОСТОЈКИ
– 250 гр компир варен или печен
– 1 краставица
– 1 лажица грчки јогурт
– копар сол, бибер, масло

Компирите се варат или печат, мене ми е повкусно кога се печени, внимавај на точна грамажа, ако ги вариш се мијат со ладна вода и се истураат во сад за салата, се додава грчкиот јогурт, краставицата, копар и се меша. На здравје!

Калории: 354kcal Јаглехидрати: 48g Protein: 7g Масти: 15g

ПОИНАКВА ОВОШНА САЛАТА

СОСТОЈКИ  

– 1-2 средно големи кајсии
– 1 рака цреши
– 1 рака рукола или ајзберг
– 30 гр фета
– 2-3 оревчиња или семки од тиква
– 2 лажици киноа или просо сварени настрана
– За дресинг: 1 мало лажиче балсамик 1 мало лажиче маслиново, малку мед по желба, сол, бибер.

Уште еден интересен и едноставен рецепт за вечера. Дозволи си да испробуваш нови вкусови и да откриваш несeкојдневни рецепти на нашата платформа. Традиционалните јадења ги имаме, а и ги знаеме сите. Сите состојки се редат во длабок сад како на сликата, се додава дресингот и се меша. Не заборавај да сликнеш и да споделиш како ти се допадна оваа салата.

Калории: 437kcal Јаглехидрати: 43g Protein: 11g Масти: 25g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.