0% Поминато
0/0 Steps
  1. Старт

    ВОНРЕДНО МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК
  2. 1. Започни тука: Како се користи MamaFIT програмата
  3. 2. МАМА поздрав!
  4. 3. КОЈА Е МАРИЈА
  5. 4. ШТО Е ДИЈАСТАЗА
  6. 5. ВИДЕО ПОЗДРАВ ОД АНА
  7. 6. MamaFIT ФБ Група - ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО
  8. 7. ОСВОЈ ПАРИЧНА НАГРАДА - ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ТУКА →
  9. 7. ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА
  10. 8. Неделна Шопинг Листа за MamaFIT
  11. 9. ШТО МАМА СМЕЕ, А ШТО НЕ
  12. 10. Најчести прашања и одговори
  13. Месец 1
    Ден 1: Shake it UP MAMA
    2 Теми
  14. Ден 2: STRONGER than my EXCUSES
    2 Теми
  15. Ден 3: Cuddles and Snuggles (REST DAY)
    2 Теми
  16. Ден 4: BALANCE is the key
    2 Теми
  17. Ден 5: MAMA’s STRENGTH
    2 Теми
  18. Ден 6: Fire UP mama
    2 Теми
  19. Ден 7: In TOUCH with my BODY
    2 Теми
  20. Месец 2
    Ден 1: Mama Need's Some Fresh Start
    2 Теми
  21. Ден 2: The Stronger the Better
    2 Теми
  22. Ден 3: Mama Deserves Some Rest
    2 Теми
  23. Ден 4: Bootylicious Mama
    2 Теми
  24. Ден 5: Team Mama Can Do Anything
    2 Теми
  25. Ден 6: Push Your Limits
    2 Теми
  26. Ден 7: Pure Joy and Happiness
    2 Теми
  27. МЕСЕЦ 3
    Ден 1: Month of happiness
    2 Теми
  28. Ден 2: Sugar spice and everything nice
    2 Теми
  29. Ден 3: Coffee and chocolate
    2 Теми
  30. Ден 4: Wish and achieve
    2 Теми
  31. Ден 5: Leave a little sparkle
    2 Теми
  32. Ден 6: Blazing fire
    2 Теми
  33. Ден 7: Finish what you started
    2 Теми
  34. Бонуси
    1. ДОМАШНИ РАСТИТЕЛНИ МЛЕКА
  35. 2. СОЛЕНИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  36. 3. СЛАТКИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  37. 4. КАФЕ- КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ КАФЕ?
  38. 5. МЕШУНКИ, ЖИТАРКИ И ДОЕЊЕ
  39. 6. ДАЛИ МАМА СМЕЕ ДА СЕ ОПУШТИ СО АЛКОХОЛ?
  40. 7. Рецепти за замена
  41. 8. ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ
  42. 9. ОПАЃАЊЕ НА КОСА ПРИ ДОЕЊЕ
  43. 10. Рецепти за замена во МЕСЕЦ 3
Материјал 44 од 43
Во тек

1. ГОСПОДИН ШЕЌЕР ДЕЛ I

јуни 19, 2024

Шеќер. Слатко. Благо и мнооогу чоколадо. 

Во мојот живот ретко сум запознала луѓе кои ќе одбијат парче торта или ќе кажат НЕ на ред чоколадо. Шеќерот создава зависност, знае да биде тивок убиец и причинител на многу здравствени проблеми. 

Што ако ти кажам дека нам луѓето не ни е потребно да каснеме нешто слатко за да го регулираме шеќерот во крвта?!

Верувај дека ако кафето со шеќер беше едиствената опасност, сите ќе живеевме долг и здрав живот, но не е така. Го има во големи количини во преработената храна, белото брашно, во пијалоци, чипсови и што и да ти падне на памет во моментов, тој е таму!

Ајде да те запознаам со најпосакуваниот ерген во Армијата, Господинот Шеќер.

Толку сладок и привлечен, а опасен за нас. Си поигрува со нашит ум, со нашето тело и не доведува до искушенија на кои не можеме да им одолееме. Знаеме дека не е добар за нас, а не им донел ништо добро ниту на нашите пријателки.

Повеќе од свесни сме за злото кое може да ни го нанесе и да го смени нашиот живот засекогаш. Број еден причинител за дијабетес и разни болести.

Епа ЗОШТО ГО САКАМЕ и што е тоа што не прави зависни од него?!

Научниците, зависноста од шеќер ја споредуваат со зависноста од дрога и алкохол.

Господинот Шеќер е многу силен мангуп затоа што ослободува опиоиди, а тоа е хемикалија во телото која прави да чусвтвуваме возбуда и еуфорија. Во исто време го лачи и хормонот на среќа, допамин, кој влијае на нашите позитивни емоции и внатешно задоволство. Возбуда и задоволство на едно место, а тоа значи дека кога јадеме шеќер уживаме исто како кога имаме сексуални односи.

Како и секоја супстанција што создава зависност, колку повеќе шеќер има во нашето тело, толку повеќе ни треба.

Како што спомнав погоре, не ни е потребно нешто слатко за да го регулираме шеќерот. Она од кое ние сме зависни е слаткиот вкус. Шеќерот е составен дел од речиси секоја состојка или храна, без разлика дали јадеме солено или благо. 

Она на што сакам јас да те научам е тоа КАКОВ ШЕЌЕР ТИ Е ПОТРЕБЕН и…

ДАЛИ ЕДНО ТЕЛО МОЖЕ ДА ПРЕЖИВЕЕ БЕЗ ШЕЌЕР?

На нашите тела им е потребен еден вид на шеќер за да преживеат, а тоа е глукоза. Ја има најмногу во овошјето, посебно во грозјето.

Глукозата е храна број еден за мозокот и е искучително важна за енергијата во нашите тела. 

Сигурно си го слушнала до сега изразот ‘ми падна шеќерот’, па луѓето веднаш посегнуваат по шеќерче со малку вода. Сум запознала и многу жени кои чуваат шеќерчиња во нивната ташна  ‘за секој случај’. Не велам дека на овој начин нема да си го решиш или средиш моменталниот проблем, но знам подобро и поздраво решение.

Шеќерот ни дава инстат енергија и не крева, што значи треба да ти дадам нешто што инстат ќе те крене и ќе го замени неговото место.  Доколку стравуваш дека ќе ти ‘падне шеќерот’ или навистина го имаш овој проблем, тогаш те советувам во твојата ташна наместо шеќерчиња, кои се извор на лошиот рефиниран шеќер, носи си со тебе протеинско барче кое во себе го содржи природниот или добар шеќер кој ни е потребен. Ќе го добиеш истиот ефект.

Ајде да видиме кој е рефиниран или лош од кој бегаме, а кој е природен или добар шеќер кој треба да го има во нашата секојдневна исхрана. 

РЕФИНИРАН ИЛИ ЛОШ ШЕЌЕР

Рефиниран или сахароза, доаѓа од шеќерната репка која се обработува за да се добие шеќер. Не е добар затоа што при индустриска преработка тој ги губи витамините и минералите што ги содржи, па нема никаква добра нутритивна вредност за нас, а се користи само поради неговиот благ вкус. Го има во преработената храна, чоколадите, крофните, чипсови, сокови и се што ти е највкусно за јадење.

ПРИРОДЕН ИЛИ ДОБАР ШЕЌЕР

Природниот шеќер најпрво е со ниска калориска вредност, а тоа ни е многу битно кога се водиме по овој начин на исхрана. Него природно го има во храната, не е додаден како рефинираниот. Овошјето го содржи како фруктоза, а млечните производи како лактоза. Го има и во природните засладувачи како мед, стевиа, јаворов сируп и слично.

Сега кога дознавме што е тоа што ни создава зависност од шеќер, прочитај КАКО и НА КОЈ НАЧИН да успееш да му одолееш, а постепено и да се одвикнеш од него. 

Можеби Господинот Шеќер е многу сладок и неодолив мангуп, но Армијата е посилна и далеку попаметна за да си дозволи да падне на него. 

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.