Путер Кикирики Лате
СОСТОЈКИ:
- 1 лажица путер кикирики
- 1 чаша/филџан турско или нес или инстант ( какво кафе и да пиете или обожавате, само да е без шеќер)
- Коцки мраз
- екстракт ванила
- 100-150 мл млеко растително или нискомасно кравјо млеко
ПРИПРЕМА:
Во еден сад мешате заедно путерот и кафето и тргате на страна(или изблендирајте). Мразот се става во чаша, врз него истурате ванила и млеко и промешувате. На крај се истура претходно измешаниот путер со кафето. Кравјото млеко содржи лактоза, па доколку приметиш дека не ти одговара избегнувај го него и останатите млечни производи. На здравје!
Диња Коктел со шумско овошје
СОСТОЈКИ:
- 1 парче диња
- 1 лажичка мед
- 1 лажица сува брусница
- 1 рака шумско овошје
- Вода по потреба
- Коцки мраз
- екстракт од рум по желба
ПРИПРЕМА:
Се се става во блендер и се блендира. Заменува ужинка. На здравје!
Лубеница Коктел
СОСТОЈКИ:
- 3 големи парчиња лубеница исчистена од семки
- 1 рака јагоди
- 1 -2 лажици цеден сок од лимон
- Засладувач по желба,доколку овошјето не е доволно благо или зрело.
- Коцки мраз
- екстракт од рум по желба
ПРИПРЕМА:
Прво ги блендирате парчињата лубеница , а потоа ги додавате јагодите и сокот од лимон и продолжувате да блендирате, се додека не добиете убава хомогена смеса.
Вода со вкус на лубеница
СОСТОЈКИ:
- 1 литар вода
- 1 чаша лубеница
- 1 гранче нане
ПРИПРЕМА:
Во лето се особено популарни овие различни видови на вода збогатена со овошје, или тревки. А
овој е според мене, баш вкусот на летото во чаша =)
Се приготвува многу лесно, и сигурно ќе ве натера да испиете повеќе вода.
Лубеницата се сецка ситно и се додава во водата. Еден дел може и да го изгмечите за да пушти
повеќе вкус.
Пинаколада Смути
СОСТОЈКИ:
- 1/2 смрзната банана
- 1 рака смрзнат ананас
- 1 чаша кокосово млеко
- екстракт од рум по желба
- Коцки мраз
ПРИПРЕМА:
Се во блендер. Највкусниот коктел според нас! Уживај.