Dance Cardio

Dance Cardio 2

Топиме масти додека играме и вежбаме на музика!

Пронајди го патот до поздрава и посреќна верзија од себе со вежбање на музика! Придружи се на армијата девојки и добиј:

  • 6 х Онлајн кардио тренинзи со играње на музика достапни 24/7
  • 6 х различни стилови на музика (латино, хип хоп, рок…)
  • План за исхрана 

Што добиваш DANCE CARDIO 2

6 X КРАТКИ И ЕФЕКТИВНИ DANCE CARDIO ТРЕНИНЗИ

Штом добиеш пристап до предизвикот, веднаш ќе ги забележиш 6те главни DANCE CARDIO видеа. Направени се со 6 X различни стилови на музика (латино, хип хоп, рок, диско музика… па се до најнови хитови). Специјалното во сево ова е што се погриживме да таргетирааат различни мускулни групи со секое видео;

МЕНИ СО ВКУСНИ, БРЗИ, ЛЕСНИ РЕЦЕПТИ

СЛАБЕЕМЕ НАЈАДЕНИ❤️. Ако по нешто сум препознатлива тоа се брзите и вкусни рецепти. Затоа и овојпат имаме микс од најдобрите, наједноставните за подготовка и највкусните рецепти со лесно достапни продукти прилагодени на сезоната која следи, а и нашиот стандард. Особено мислам дека ќе ти се допаѓа бонус делот со ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ.

ПРИВАТНА ФБ ГРУПА

“Немам мотивација“ е еден од најчестите одговори кога ќе прашам што те спречува за да ги оствариш твоите фитнес цели. Епа тука доаѓа Армијата на сцена. Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш!

Како функционира користењето на програмата

  • Регистрација и уплатаРегистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.
  • Личен Профил со сите материјали на едно местоШтом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.
  • Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито.

Кое е искуството на другите девојки

Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на претходните програми.

Марија Јовановска, 24

“Година дена се мислев дали да се пријавам и стварно не згрешив. Ана не е само обичен фитнес тренер – Ана е мој фитнес ГУРУ! Кога ми беше најтешко и мислев да се откажам од приватни причини Ана ми пријде сама, ме ислуша и ми даде сила да не запирам. Тоа исклучително го ценам.”

Бета Бошњак, 33

“Се борев со екстра килограми од 2015. Во меѓувреме со бременоста си дојдоа уште мнооогу дополнителни килограми што никако не можев да ги намалам. Пробувам се и сешто, но никако до успех. Ана, мојата кралица се појави и ми ја даде правилната формула за здраво хранење и вежби перфектни за моето тело. Започнав со Ана од 5ти Јули 2020 и еве ме сега- 13 килограми и најсреќна на цел свет.”

Нена Спасов, 30

“Ана е еден од најпозитивните и најприземните ликови кои ги имам запознаено. Не само што се грижеше за сите нас како тренер, туку се грижеше и за нашата целосна благосостојба со допир до подлабоки теми. Летниот предизвик беше одлуката која ми ја обележа 2020 година на позитивен начин и дефинитивно продолжувам со неа натамошно да се подобрувам.”

Стефани Стојанович, 28

“2020 ќе ја памтам по Ана! По нејзината животна лекција која несебично ја упатува кон секој што ќе и дозволи!! Бев скептик, но љубопитноста и желбата за брзо слабеење ме натераа да и поверувам! И не погрешив, напротив научив што значи пред се здрав начин на живот, здрав оброк, љубов кон себеси, 15 минути одвоени кон себе за здравје пред се, за изглед и да не зборам!! Верувајте во Ана, таа ќе ве натера и да верувате во себе!!!Ана е мојата љубов за 2020!

Фатиме Шабедин, 31

“Ние сме твоја војска, а ти си наш генерал. Многу ми помогна, можам да кажам дека ми смени многу работи во животот ,сакам да продолжам со ова темпо и вечно ќе ти бидам благодарна.”

Васе Гиова Дончев, 31

“Ана ја следев подолго време и навистина мотивираше, но никако да се решев за програмите бидејќи три месеци ми изгледаа многу долго. Кога се појави летен предизвик решив да се пријавам и да истрајам, но со друга цел овој пат, да не биде само слабеење на кратка стаза. Сега одиме на подолги стази 3 месеци со Insta Fit, да стекнеме здрави навики, редовно да вежбаме, здраво да се храниме, за да може кога да посакаме да си дозволиме некое слатко задоволство.”

Силвана Аврамовска, 27

“И покрај тоа што се програми за дома, Ана воопшто не направи да се почувствуваме дека сме сами во целиот процес. Многу мотивација, многу енергија и желба за здрава храна. Ова е најдоброто нешто што ми се случило, не само физички, туку и психички, 2020 за мене доби нова димензија.”

Убавка Милосављевска, 40

Јас сум медицинска сестра и нонстоп во акција. Ана е најпозитивната,нај не себична да мотивира, помогне,советува и при тоа не бара ништо за возврат, добро бара резултати и трансформација:) Според начинот на живот и динамиката кој го живеам ,Ана е единствената што успеа да ме мотивира и стави во ред .Вежбам редовно и при тоа не изгладнувам а резултатите се видливи.

Ајнур Абдулоска, 50

“Ана беше мојата “Карма” , од милион фитнес и трењери со кои ми е преполн инстаграмот ја одбрав неа една вечер после полноќ. Зошто? Нејзината упорност и посветеност при враќањето во форма по операцијата. Зошто? Because it was meant to be ? И чудо се случи, за некој што е упорен во вежбањето повеќе од 30 години, најдобрите резултати ги постигна на 50 со Ана. Ана ме научи да јадам и да слабеам ме научи дека можи и да се згреши и да се продолжи Ана е my hero!”

Марина Мицкова Арсовска, 36

“Да не постоеше Ана ќе требаше некој да ја измисли некој. Таа ми го промени животот. Не само што се променив физички, со нејзините програми се променив и психолошки емотивно. Се зголеми мојата самодоверба, а на животот, здравите навики во секојдневието како вежбање и исхрана почнав да го гледам со страст.”

Прашања и одговори

Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.