Peach Army Hero: Александра Дејанова

Aлександра Дејанова

Погледни ја инспиративната приказна на Александра во видеото подолу. 

Ана Стојанова: Прво тебе те одбрав зашто имаш  мислам дека од сите до сега имаш најмногу ослабено од цела армија. Тоа е тоа е фасцинантното нешто и морав морав значи морав со тебе да сниман нешти, и имаш посебна приказна и мислам дека имаш што да им кажеш на девојчињата огромна мотивација си и лично сакав да те запознаам зошто нов човек си.

Александра Дејанова: Да, сосема различен.

Ана Стојанова: Нов човек си преубаво изгледаш и ме интересира стварно ќе те испрашам зошто стварно ме интересира вакво нешто не сум видела. Прво кажи ми нели ова сеа чисто за пред камера, ќе ми кажеш како се викаш? Од каде идеш? Колку години имаш? Мажена не мажена и која беше ти пред да ги откриеш програмите?

Александра Дејанова: Јас сум Александра Дејанова и имам 24 години и доаѓам од Кочани. Пред да ги откријам програмите и сега сум тотално различен човек не се ни споредува веќе не се ни сеќавам на старата јас. Порано бев по срамежлива, затворена, нејќев да се мешам во народ а сега сето тоа се смени со изгледот имам повеќе самодоверба, сакам да излавам не се срамувам, кога сакам нешто да прашам прашам не мислам што ќе мислат другите затоа што се е па до изгледот, изгледот е првобитното нешто.

Ана Стојанова: Ти доаѓа самодоверба значи освен што ти се смени физичкиот изглед осети промена и внатрешно и општо целосно.

Александра Дејанова: И расположението порано мрачев цело време бев тажна депресивна а сега не сум сега сум весела полна со енергија.

Ана Стојанова: Дојде правата ти до израз. Имаш 24 години, дали од секогаш си имала проблем со дебелината нели?

Александра Дејанова: Од бебе.

Ана Стојанова: Дали некогаш имаш тренирано и како се случи, кога ти не виде нас? Кога рече као дали се двоумеше пред да почнеш со нас? Кога виде и рече тоа е тоа ова го правам затоа што има нели многу девојќи што и продаваат и програми  и исхарана има секакви и диети и режими, зошто баш ние  и кој беше пресвртот и рече ова ке го правам со нив тоа е тоа?

Александра Дејанова: Па јас прво мислев дека ќе успеам да ослабам сама со исхрана без да вежбам. Пробував не идеше ќе издржам еден месец два  немаше никакви резултати. На инстаграм седев тоа беше баш кога почна карантинот 2020 година значи како сега ми е пред очите и само ми излава спонзорирано реклама од Ана Стојанова и ја викам овоа е за мене осетив некако не знам енергија почувствував дека тоа е за мене, ама баш тогаш во тој момент не беа отворени програмите. И цело време значи чекав цело време само да се отворат за да јас се пријавам.

Ана Стојанова: Тоа беше на летен или?

Александра Дејанова: На летен да , 2020 летен предизвик.

Ана Стојанова: Значи ти си 2 години, сега сме 2022 2 години си ти си стар војник значи да да.  Кога беше тоа на првиот летен се пријави?

Александра Дејанова: На првиот летен да.

Ана Стојанова: И после тоа си продолжи.

Александра Дејанова: После на сите .

Ана Стојанова:  Да значи, а предходно немаше никаква физичка активност?

Александра Дејанова: Физичка активност никаква некој пред тоа да ми кажал дека јас сега ќе вежбам ќе тренирам,  јас немало да му поверувам а сега ако не направам тренинг не се осеќам добро сакам да вежбам. Не верував ни дека ќе го засакам тоа праев го за да ослабнам и мислев дека кога ќе ослабнам ќе прекинам, ама веќе сега ми е секојдневие.

Ана Стојанова: Браво значи имаш ослабено 60 кила алал да ти е значи тоа е стварно бројка, ние и самата знаеш дека во групата не се фокусираме никогаш на килажа јас на девојчињата не се фокусирај на килажа затоа што ти во исто време накачуваш мускулна маса и тоа може да те збуни. Топиш масти, качуваш маса така да се фокусираме на обем и на изглед, 63 кила не изгледаат исто кога си со масти или кога имаш мускул на тебе. Ама реално 63 како бројка на килажа е фасцинантна. Кажи ми целиот процес верувам дека имало моменти дека не било тоа туку така, ти ги симна 63 кила и многу ти било лесно 100 посто знам дека. Кој беа пречките? Што ти беше најтешко? Кажи ни и со работата како се снаоѓаше за храната, дали храната ти беше потешко да ја комбинираш? Дали вежбите?  Тоа нешто ме интересира.

Александра Дејанова: Па мислам благодарение на мајка ми затоа што стварно ме поддржа и ми готвеше цело време, значи јас од ден за ден и кажував што да имам во колку саатот и никогаш не осеќав потешкотии во храната. И тоа си го ја сватив како еден вид на работа значи нема денеска ќе излавам нема да вежбам, не прво ќе вежбам ќе јадам се што треба па после ќе излезам значи тоа ми беше целта во животот значи немав ништо друго тоа ми беше единствено. Дури најбитно во животот ми беше тоа како на работа да одам ми беше.

Ана Стојанова: Кој беше клучниот момент, дали имаше ти нели освен што имаше вишок килограми на тебе, дали имаше некој здравствен проблем што толку ти онака рече готово ја ова го правма што викаш го правам што викаш ќе ми биде работа од денеска?

Александра Дејанова: Се беше за изгледот и за коментарите од другите затоа што бев многу слаба на карактер и не можев да ги поднесам а сите навредуваат и може и некогаш и јас сега помислиш не можеш да не помислиш, ама многу е тешко вака на изглед на другите не им изгледало дека јас тоа тешко го поднесувам, ама дома сум се затварала и сум плачена и сум правила драми затоа што ми било многу тешко затоа што знам дека сум повеќе од изгледот и сега им докажав на сите.

Ана Стојанова: Многу убаво изгледаш значи сеа мислам дека ти иде оноа вистинската ти тоа што си била ти што си се срамела да се прикажеш, сега иде до израз и уште ќе иде затоа што уште знам дека ти не застанувас тука ти тек почнуваш уствари со целово ова. Што сакаш нешто уште нешто така да ни откриеш со програмиве затоа што верувам дека освен физички се смени и начинот на размислување.Како тоа вијаеше? На сите им е уште чудно зошто сме толкава група значи мислат као ајде ове се вежби исхрана као секоја друга.

Александра Дејанова: Прв пат почувствував толку голема поддршка од жени искрено јас кога почнав со програмите сите другарки беа да бе тоа за сите треба специјално за тебе да напраат програма, ако ти се придржуваш до нешто што е здраво ако вежбаш, сите ќе успеат. Не значи дека специјално за тебе според крвна група ако напраат значи ако сакаш ќе успееш ако се трудиш.

Ана Стојанова: Точно и целата поента кај нас е и зошто на толку жени им успева затоа што е балансирана исхрана, не јадеме ништо поразлично од што општо луѓево го јадат само ги правиме скоро па истите оброци да ги јадеме само ги модифицираме со здрави намирници и тоа е тоа зошто имаме зошто сме толку жени. Луѓето кој што ти викаа дека нема да успееш, тоа се некој блиски пријателки колешки што исто имаат проблем сличен како твојот или?

Александра Дејанова: Па добро некој се слаби ама некој имаат исто не толку многу повеќе кила како мене ама кога видоа дека успеав и они се запишаа на прогорамата ама од после. Сега уште ме нервира кога некој каже еј ја бев кај Ана еден месец ама не ми успеа. Ја бев 7 месеци дури после 7 месеци јас видов драстична разлика затоа што на толку голема килажа 5 кила не се ништо.

Ана Стојанова: Точно точно, и ако плус посебно ако сакаш да ослабеш повише килограми значи тие сигурно не дошле за една година, тоа нешто што таков лајфстајл си имал преку целиот животи и треба време оно стварно има резултати уште првиот месец ама тоа треба да се оддржава ако сакаш да има уште повише и повише а тебе стварно ти оди добро. Како ти се свиѓа сега дали си на денсот не те прашав?

Александра Дејанова: Да да.

Ана Стојанова: Правиш комбинации?

Александра Дејанова: Па наутро вежбам денс, сега почнав и во тератана да одам навечер одам во теретана.

Ана Стојанова: Браво алал да ти е, а моментално чекај мама да ми пише не сети. Кажи ми за летен сега кој ти се плановите, дали сакас да засилиш уште малку со летниот предизвик или јубилејно ќе ти биде.

Александра Дејанова: Веќе ми е тоа се испланирано јас чекам.

Ана Стојанова: Што најмногу ти се свиѓа од летниот предиззвик?

Александра Дејанова: Затоа што има брзи рецепти добри тренинзи и има нешто пто да правиш не седиш дома да го губиш времето, вежбаш и тоа ми донаси повеќе енергија расположена сум не сум толку нервозна, зошо порано бев многу нервозна а и секако коментарите од другите луѓе нај интересно ми е што мој блиски роднини не ме познаваат кога ме видат. Дури и кога ги поздравам ме гледаат чудно како ти ли си?

Ана Стојанова: Ја искрено ја те знам од самиот старт кога почна да објавуваш слики, пред програмите  т.е на самиот старт. После некое време мислам дека не беше толку активна во групата па објави слика, ја не сфатив дека си ти истата личност искрено не сфатив дека си истата личност. И уште ми е шок стварно ова е и личен успех за мене реално затоа што до сега иделе девојчиња најмногу до 25-30 кила ајде и 40 ама 60 е више стварно бројка.

Александра Дејанова: Па и на мене на почетокот ми беше срам ми беше да објавам затоа што сите беа за 5 кила да ослабна за 10 и јас кога јас сакав мојата првична цел беше ајде прво 40 кила да ослабнам, ама кога стигнав и си викав како ќе ги ослабнам 40 оти па на бројка многу. Ама кога стигнав до 40 знаев дека никогаш нема да престанам дека тоа ќе ми биде за цел живот.

Ана Стојанова: Те мотивираа ли вежбите што се кратки?

Александра Дејанова: Да тоа највеќе ме мотивираше.

Ана Стојанова:  Дека се кратки вежби.

Александра Дејанова: Дека се кратки е сега веќе ги повторувам, на почетокот ми беше многу тешко ми беше да вежбам дури и правев и паузи и не можев а сега без проблем.

Ана Стојанова: Си ги возиш, си ги тераш дури и малку ти е. Кажи ми како ти се свиѓа и сеа си ја видела ти и предходната платформа ја знаеш и новата, стварно се трудевме да да  испадне така како што е сега има да се доработува многу секогаш може да биде подобро, само ме интересира како се снаоѓате внатре? Дали ви се свиѓа? Дали ви е многу полесно од предходната?

Александра Дејанова: Да да, многу полесно сеа полесно се снаоѓаме затоа што има одма видеата ги гледаме па исхраната интересно е интересен сајт е напраен и сакам сите што сакаат да ослабнат да се пријават и да издржат да бидат истрајни затоа што е многу поубаво и многу поразлично кога имаш самодоверба и кога изгледаш добро и кога знаеш никој ништо не ти може никој не може да те повреде затоа што знам како е и колку сум плачала и колку се ме болеле тие коментари, и сега тие личности ја памтам се не можеш да не памтиш кој те навредил и сега кога ме видат осеќам уште толку поголема моќност.

Ана Стојанова: Мислам најбитно нас и како група ни е нели во ред не се забораваат некој работи ама да се исчистиме од се што е негативно така, верувај дека јас имам и многу повише без разлика и за изглед, некогаш некој од секоја причина ќе сака да те навреди гледам колку што е можно чисто самите да си се заштитиме да лет ит го буквално.

Александра Дејанова: Дури и до да и сега пробуваат да ме навредат не е дека сега е се сјајно ама не допира тоа до мене затоа што знам дека работам на себе и дека дека се трудам да бидам најдобрата верзија од мене.

Ана Стојанова: И верувај дека ти се познава на однесување и кога ќе влезеш и ставот како ја превземаш доминацијата у собата, не дека нели дека си над нешто сите ама ти се осеќа таа самодоверба таа сигурност и ми се свиѓа  стварно ти е погодено ова да си го тераш немој никогаш да запираш. Оти е замислувам што ќе се деси па после две години од овој летен предизвик ако пред две години значи не заборавај кај си била кај можеш да стигнеш, плус стварно браво. Пријателките ми кажа и они се исто на ти ги повлече за летен така?

Александра Дејанова: Сите сите па веќе скоро сите се пријавија сеа тие  што беа послаби на инста бути тие  што имаа вишок на летен или на инста фит.

Ана Стојанова: На летен или на инста фит, како им оди на нив?

Александра Дејанова: Па добро ама они не се толку истрајни они викаат Ацка има карактер ние не можеме ама мислам дека ја сакаат доволно они сега јас некогаш се опуштам ама тоа е после две години а јас на почетокот ја мислам година ипол немав благо пробано видено значи избегнував и не знам мислам дека на мене короната ми многу помогна затоа што бев изолирана од сите настани, си седев дома и купував храна само што ми треба и затоа мислам дека успеав. Сега некогаш си дозволувам нели не е не може се да бидеме програмирани ама и тоа е ретко затоа што јас се осеќам убаво кога јадам здрава храна не ми е проблем и никогаш повеќе да не јадам пица или некоја торта затоа што за се има замена.

Ана Стојанова: Да да тоа е поентата со нашава храна, што ти не знаеш дека си уствари на режим за се има замена баш како што кажа. И ние имаме и пица и сладолед имаме и палачинки крем имаме нутела имаме, реално треба да си стварно нешто да ти фали да сакаш не сеа ако има непто сличен вкус да отидеш кај тоа што е 200 пати по калорично и само да си направиш штета. Мило ми е што стварно си си го нашла гледам балансот, а сакам да им ете на летен ќе дојдат многу девојчиња и ти ќе им бидеш реално пример и ќе го гледаат и видеото. Имаш ли некој совет  да им кажеш на девојчињата што малку повише треба да ослабат од 20 кила као дали да се држат стриктно  до храната затоа што јас како Ана јас сум па малку по мека на таа страна. Нејќам никој  да го форсирам и сакам една недела океј ако пазиш касни си ќе ослабеш и ти можеби по два месеца, ама не сакам да си почувтствуваш никако притисок во главата дека нешто ти фали. Кажи совет некој за тие?

Александра Дејанова: Јас бев се по програмата значи мерев до грам значи се како што пишува така и јадев на почетокот. Сега дури ни храната од деновите не ја мењав значи за тај ден тоа што го пишува тоа го јадев. Сега некогаш правам измени затоа што работам па зависи како имам време да спремам храна, ама ја мислам дека на почетокот ако бидес по строга со себе дека по лесно ќе е затоа што кога си по строга мислам дека има по шанси да се навикнеш на таа исхрана, а кога си допушташ епа предходната недела си допушти ај сега и оваа и дека така барем кај мене тоа не би функционирало така.

Ана Стојанова: Значи кој е генералниот совет? После колку време од летниот предизвик зборувам 2020 касна нешто што не е по пограмата и како се чувствуваше?

Александра Дејанова: Лани на одмор и имав грижа на совест уште имам кога јадам нешто што не е здраво.

Ана Стојанова: А свесна си дека не треба да имаш.

Александра Дејанова: Свесна сум дека не треба ама имам затоа што ја сум склона на дебелеење и знам дека овоа е на мене за цел живот, ама нели сеа некогаш се случува на одмор одат па нема кој да ни зготве и имав грижа на совест ама преболувам го тоа некако.

Ана Стојанова: Веруваше ли дека волку ќе стигнеш?

Александра Дејанова: Не не , дури сега кога ги гледам сликите не ми е верно дека некогаш сум си дозволила така да изгледам и некогаш се каам што порано не сум го почнала ова, ама битно успеав.

Ана Стојанова: Битно успеа битно го тераш ова. Стварно си голема мотивација неколку пати ти го повторив тоа, ми беше битно затоа што првото прашање тоа ќе биде во групата, сега  јас точно ли е кога да ги јадам десертите, кога да ги јадат десертите?

Александра Дејанова: Искрено ја никогаш не ги правев десертите затоа што јас ако ги напраев знам дека ќе ги изедев сите и не знам поарно да не или некогаш на пример замена за оброк да праам. На пример чиз кејк имавме како десерт јас го напраам како дорчок. За да не ми се додатни калории.

Ана Стојанова: Да да тоа ти е супер идеа. Мислам и јас така ги советував да прават, ете сега имаше торта така здрава торта  и јас те понудив и ти ми рече не и покрај тоа што знаеш дека е здрава тортаа. Зошто ми кажа не ако знаеш дека е здрава нели нормално калорична е. Што се случува кај тебе, кога знаеш да кажеш на нешто да а на нешто не? Кога знаеш кога да си допуштиш нешто? Пример ја ете вчера бевме на свадба порано старата Ана нели некогаш ќе каснеше и од лебот што беше на масата, не сега си го каснам само местото, салатата моќев да го каснам и тоа што е дополнително немаше ништо да се случи на мене ама па си го зацвртувам карактерот. Тој момент некако они  како да го сватат?

Александра Дејанова: Може има добра улога од тоа што јас никогаш не сум бил стрвна и кога бев дебела јас не бев стрвна ја имплусивно јадам кога сум нервозна како несвесно да јадам. И сега не ни осеќам видов ја тортата добро торта не ме фаќа оноа потреба за благо. Некогаш се случе ама каснам една урма или црно чоколадо и сега тоа ми е благо а порано не било така.

Ана Стојанова: На што беше нај стрвна порано, од  што не можеше да одолееш?

Александра Дејанова: Смоки, чипс и сега уште ме фаќа на пример некој ако јаде пица мене нема ништо да ми е а кој ке јаде чипс осеќам потреба да го изедам целиот ама тоа е значи нема, ни едно не се зема затоа што знам дека ако си земам едно тоа нема да застане.

Ана Стојанова: Браво мислам таква самоконтрола тоа ми е фасцинантно ептен.

Александра Дејанова: Тешко е ја вака кога зборам сите мислат дека е лесно, не е имало денови кога сум плачала од толку што сум била гладна, ама кафе вода.

Ана Стојанова: Викаш виде нели реклама и одма се приклучи, имаше ли нешто така да те двоуми?

Александра Дејанова: Не нe.

Ана Стојанова: Беше значи алл ин.

Александра Дејанова: Бев очајна да ослабам значи толку многу сакав затоа што за се е изгледот сега ќе се лажеме сите го викаат тоа дека не е изгледот карактерот ако си, не дури и за работа кога аплицираш прво гледаат на изглед и за се за било што. У продавница кога улезеш се по љубезни сега со мене, другите викаат така си се ти поставила, не е така.

Ана Стојанова: Тоа да ти кажам и јас истото сакав да ти го кажам, тоа е затоа што ти си сменета кон околината а не дека во ред изгледот влијае ама ти си многу сменета кон околината. И самата кажа на почетокот дека си многу по позитивна многу по насмеана и на луѓето кој че влезеш друга енергија им пренесуваш тоа да знаеш дека и не е само изгледот.

Александра Дејанова: Па добро ја може кога бев дебела мислев дека дека нема потреба зашо ја да живеам значи за ништо ништо не бев волна да направам немав желба немав а сега за сега нема мрзе ме било што значи не знам за било што за се имам енергија дури и вишок на енергија имам. Ама тоа се доаѓа и од исхрана и од вежбањето.

Ана Стојанова: Скроз скроз, храната е енергија што примаш во телото тоа и го испушташ надвор и на се се афектира и на живот и на љубовен и на приватно поле на се се влијае. Чекај уште нешто сакав интересно не можам иам да не испуштам нешто  после криво ќе ми биде. Предходно немаше никогаш пробано ништо никаков режим?

Александра Дејанова: Диети да многу ама еден месец да, имам ослабено во осмо одделение може кога бев мала пред полуматура знам протеинска диета и 15 кила ама после одма ги врнав кога ја прекинав диетата одма ги врнав, значи може и дупло.

Ана Стојанова: Значи поентата ми е  знаеш да направиш разлика помеѓу диета ригорозен начин на исхрана, и тоа што ние го имаме. И сега може ли да направиш исто некоја споредба да кажеш како  нели си видела реклама океј ама не си знаеле што има внатре во програмата, може ќе си се разочарала ќе си видела уште една ригорозна програма без многу храна и дополнително ќе си паднела до депресија. Затоа сакам да направиш на девојчињата  да им разјасниш дека зошто ние сме тоа што сме и зошто е ова за цел живот а зошто не треба да гледаат протеинска ау какви и да има милион диети, зошто не треба на тоа да гледаат како некое мало проектче кое трае 30 дена аха еве го сега ќе заврши летниот предизвик и готово тоа е тоа. Како тоа ќе им го кажеш сметај дека девојчиња што биле на твое место т.е се на твое место ти пред две години, како ќе ги измотивираш? Да знаат да расудат што е добро што не е.

Александра Дејанова: Па мора комплетно да си го сменат мајнд сетот затоа што ние  што сме по дебели мора подолго време за да успееме, не може за 30 дена  да ти се смене живото шо ти си ги талоќил тие кила цели 24 години. Како прво не е ни верно за 30 дена да ослабнеш 20 кила а сите диети се така брза диета за 30 дена ќе изгубиш 20 килогрмами. Јас на почетокот дури не ни забележував првиот месец вториот да толкава килажа стварно не се забележуваш јас си познавав ама само ја никој друг од страна не ми е кажал, и сите кога ме видеа леле ти колку брзо ослабна а ја две години веќе го правам ова што го правам.

Ана Стојанова: Ништо тоа е тоа, фала стварно што дојде денеска што сподели цела приказна со нас, мислам дека многу девојчиња ќе ги мотивираш летово општо за многу многу.