najdobriot-rucek-2024

Најдобриот ручек од Летен Предизвик 1

ЧИЗБУРГЕР ВО ЧИНИЈА 

Состојки:
– 150 гр телешко мелено месо/ВЕГЕ: 150 гр тофу, по можност димено
– 1 компир до 120 гр
– ½ црвен кромид
– Кисели краставички или пола свежа
– 1 домат или 3-4 шери
– Неколку листови марула или зелена салата
– 1 парче чедар кашкавал
– За дресинг: 1 лажица доматен сос, 1 лажица грчки, 1 лажиче сенф, прстофат сол и бибер
– Зачини за меленото месо/тофу: тако, бибер, црвен пипер, шарена сол

Инструкции:

Хо хо хо, каков почеток на летен предизвик, кој ќе јаде чизбургер денеска, а не е ниту Божиќ за чит мил, Велигден помина…. Ајде да се сосредоточиме на подготовката. Прво компирот исецкан на помфрит пропржи го или испечи го на хартија, за што имаш време за тоа но внимавај да не користиш премногу масло. Меленото месо со зачини се пропржува (ако си веге, изрендај го тофуто и повтори ја постапката како и за месото), а за тоа време ти спремај си ја чинијата. Исецкај ги марулата, краставицата, доматот и кромидот и постави ги во чинијата. Врз нив постави го месото и помфритот, па чедарот за да се растопи додека е топло. На крај прелиј со дресинг и благословувај ме додека ручаш.

Некој ти го препрати ова?

 

Oд 17.06 до 23.06 ја формираме групата за новиот Летен Предизвик – Тајланд Edition . Кликни на копчето за да дознаеш како да освоиш  патување на Тајланд за тебе и твојот/твојата + 1

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.