Политика за заштита на лични податоци
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на платформата за веб страната peacharmy.mk и објаснува како компанијата PEACH ARMY LLC, регистрирана на адреса 30 N Gould St Ste R, Sheridan, WY 82801 во Wayoming, USA (во натамошниот текст “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи Вашите податоци, при користење на нашата електронска платформа за трговија, односно веб сајт www.peacharmy.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со оваа Политика за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.
Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт Вие автоматски се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, треба да ја напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци со ажурирани детали за нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот, промена на начините за користење и пренос на податоци, нови услови и начини за користење и сл.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописите за заштита на лични податоци.
1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и технички (Не-лични) податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
- пристапувате или го користите нашиот сајт;
- се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на peacharmy.mk;
- ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
- контактирате со нашата корисничка поддршка
- давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници;
- оставате коментари на сајтот;
- ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
- купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
- се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
- давате информации на наши Бизнис провајдери;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на комерцијалните банки . Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Подари на пријател. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга за пријател, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот Веб сајт. Ги зачувуваме овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок. Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на [email protected] и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме Вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
Услугите преку Веб страницата се реализираат преку: користење на платежна картичка, плаќање при достава, плаќање од Корисник.
ТЕХНИЧКИ (НЕ-ЛИЧНИ) ПОДАТОЦИ. Технички, Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, Вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и за законски легитимни и оправдани цели, за да го подобриме Вашето искуство и трговија, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Peach Army LLC ја има со Вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “unsubscribe” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да Ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
3. ЗА КОИ ЦЕЛИ PEACH ARMY LLC ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери”) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со заради остварување на законски и легитимни цели во електронската трговија и со конкретна цел:
- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
- понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
- да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување програма;
- да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Peach Army LLC и нашите бизнис соработници;
- да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
- да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
- да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да подарите за пријател, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот веб сајт Peach Army LLC ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок. Веднаш по добивање на известувањето, Вашиот пријател може да не контактира со испраќање на е-маил на [email protected] и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, во спротивно се смета дека дал и согласност да се реализира нарачката и да се користат неговите лични податоци, согласно условите од оваа Политика.
4. КАКО Peach Army LLC ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Peach Army.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, купувате или на било кој друг начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите Веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите Bашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога Вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
5. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.
Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци и за преносот e известена Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем STRIPE (www.stripe.com) Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
6. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Уреди го профилот”.
Ние Ве охрабруваме Веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на [email protected]. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен и во согласност со законски утврденте задолжителни рокови за чување на лични податоци Деактивирањето на Вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
7. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите Вашата е-маил адреса заедно со Вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
8. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на peacharmy.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
8.1 PEACH ARMY LLC ПРИЈАТЕЛИ
Од Октомври 2023 Peach Army LLC остварува партнерство со повеќе бизниси преку кои ќе овозможува попусти и бенефити за своите членови. За ова да се оствари ќе им предадеме контакт информации од датабазата за искористат бенефитите на фер и праведен начин без да може да се злоупотреби овој бенефит. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
9. ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Peach Army, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на програмите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
10. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и во согласност со закнски утврденте задолжителни рокови за чување на лични податоци. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот кога Корисникот ќе поднесе Барање за бришење на податоците од корисникот.
11. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на промена, ограничување и престанок на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: [email protected]
12. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Се смета дека Корисниците ги прочитале и прифатиле промените со фактичко користење на страницата и веб услугите.
13. ПОЛИТИКА ЗА АВТОРСКО ПРАВО, ТРГОВСКА МАРКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб страницата peacharmy.mk и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на peacharmy.mk е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност