ПАТУВАЈ СО АРМИЈАТА​

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ОД RAPSODY TRAVEL

Дали сакаш во Септември да патуваш заедно со победничките на Летен Предизвик 1 и Летен предизвик 2? 

Специјална цена на аранжманот во периодот 06.09-17.09 за сите “Peach Army” девојки:

579 евра

499 евра по лице

*местата се ограничени и предност ќе имаат оние што први резервирале

ШТО ВКЛУЧУВА ПОНУДАТА

1 Ден – СКОПЈЕ

Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

2 Ден – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА

Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

4 Ден – ЛОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА

Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Лорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полу пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.
 

5 – 9. Ден – ЛОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА

Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Лорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

10 Ден – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање од Лорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег и сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. Ноќевање во Кан/Ница.

11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО

Појадок. Напуштање на собите и слободно време на Азурниот брег. на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.

12 Ден – СКОПЈЕ

Пристигнување во вечерните часови.

Специјална цена на аранжманот во периодот 06.09-17.09 за сите “Peach Army” девојки:

579 499 евра по лице

Цената вклучува:

Превоз со модерен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
1 ноќевање со појадок во регијата Венето или во околината на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
6 ПОЛУПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел 3* или 4* (соби 1/2+1)
1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Фрејус,Кан/Ница или околина) во хотел 2** или 3*** (соби 1/2+1)
ГРАТИС ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА

Цената не вклучува:

Патничко и здравствено осигурување
Факултативни излети
Задолжителна градска такса за регијата Каталонија – во хотелите со 3* – 0.66 € по ноќ/по oсоба, 4* – 1,32€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )

Информации:

📱 078/399-853
☎️ 02/ 609 17 17

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО

Пополни ја формата подолу за да си резервираш место

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.