SUMMER CHALLENGE

од Ана Стојанова

Биди најдобрата трансформација и освој патување во ШПАНИЈА 🇪🇸  Придружи ни се и добиј се што ти треба за да изгледаш ФИТ ова лето. 

Овојпат имаме ДВЕ ПОНУДИ:

Понуда 1: За 690 денари можеш да го купиш ЛЕТЕН ПРЕДИЗВИК 1 и да имаш пристап 1 месец.

Понуда 2: За 1290 денари можеш да ги купиш ЛЕТЕН ПРЕДИЗВИК 1 и 2. Со ова ги добиваш следниве БОНУСИ:

  • Продолжен пристап до Септември
  • БЕСПЛАТЕН пристап до материјалите од двата летни предизвика во 2022ра.
  • Можеш два пати да се натпреваруваш за главната награда: Патување во Шпанија.
УПЛАТИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ! Резервирај си место за следниот предизвик со твојата емаил адреса подолу:
 
    5/5
    "Моето искуство во летниот предизвик е фантастично....прекрасна летна исхрана со која се чувствував сито и ослабено без гладување. Вежбите исто така беа одлични и ја постигнав својата цел за килограми и фигура."
    Ана Дробни
    "Во летниот предизвик 2020 изгубив: 4кг, 12цм струк, 10цм колк, 3,5цм задник...но, и добив голема самодоверба, го променив начинот на исхрана и научив како да ја одржувам својата линија. Топло го препорачувам... за кратко време до резултати и до нова страница од нашиот живот!!! “
    Драгана Џорџевич
    "Летен предизвик ќе го памтам засекогаш. За прв пат најадена, среќна и задоволна слабеев и ослабев 10кг и мноогу во обем. Од летен предизвик почна патувањето со Ана и сеуште трае."
    Васка Гиова Дончев

    Што добиваш во Summer Challenge

    ЕФЕКТИВНИ И ЗАБАВНИ ТРЕНИНЗИ ЗА ДОМА ИЛИ НА ПЛАЖА

    За овој летен предизвик ви спремив најнапредни тренинзи со три пати повеќе разновидност на вежби во еден тренинг.

    Со ова добиваш висок интензитет на вежби за максимално трошење калории и најдобар резултат.

    Распоредот на вежбите се менува: секој дел од телото проминува низ тренинг во различен дел од неделата за да се минимизира ризикот од повреди.

    ГЛАВНА НАГРАДА: Платено патување во ШПАНИЈА

    После МАЛДИВИТЕ сериозно размислувавме која да биде следната дестинација за Армијата. Оваа година, најдобрите трансформации од Летен Предизвик 1 и 2 ќе патуваат во ШПАНИЈА! 

    НОВО: Овојпат патувањето ќе се случува во Септември и можноста да освојат целосно платено патување ќе имаат 4 девојки. (2 од Летен Предизвик 1 и 2 од Летен Предизвик 2.

    Гласањето за најдобра трансформација ќе се прави само помеѓу девојките што учествуваат на предизвикот. Дополнително, дури и да не бидеш избрана за најдобра трансформација, сè уште ќе имаш шанса да патуваш со АРМИЈАТА.

    ПЛАН НА ИСХРАНА СО ВРТОГЛАВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ

    Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НОВИ рецепти. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто 🙂

    Како дел од предизвикот ќе имаш и ШОПИНГ ЛИСТА  со сите намирници – за да можеш полесно да пазаруваш.

    БОНУС: ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ

    Покрај основното мени, како бонус во предизвикот сум ви подготвила и БОНУС здрави десерти. Овие рецепти дополнително ќе ја збогатат твојата исхрана и секако ќе ја поткрепат изреката “слабееме најадени“ :)))

    ГРУПА ЗА ПОДРШКА И НАЈГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

    Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.

    Прашања и одговори

    Summer Challenge е фитнес предизвик за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти, награда за најдобрата трансформација и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе.  Трае 30 дена. Со уплатата добиваш личен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

    Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат.
    Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на [email protected] и ќе ти дадеме повеќе информации за InstaBOOTY програмата. 

    Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.

    По завршувањето на регистрациите за Летниот Предизвик ќе имаме Insta BOOTY програма достапна за приклучување.

    Станав претпознатлива по ”Слабееме Најадени” и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка”, ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Во моментов работам на исхраната во предизвикот и нормално дека ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

    Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина. 

    Да. Тренинзите можат да се прават и од почетници.

    Предизвикот ќе трае еден месец.  Пристап до материјалите ќе имаш до Јуни и ли до Септември доколку ги купиш двата предизвика. 

    Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

    За овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик.

    Пријавувањето (официјално) започнува на 13ти Мај во 20:01ч. и ќе биде отворено до 13ти Мај 23:59ч.

    Пристап до материјалите ќе имаш 1 еден месец доколку го купиш само Летен Предизвик 1. Доколку ги купиш и двата, пристап ќе имаш до СЕПТЕМВРИ. Плус, ќе ги добиеш како БОНУС и ланските летни предизвици. 

    За сите што ќе си резервираат место и уплатат ПРЕД 21ви Мај, 2023 година, цената ќе биде 690 денари за Летен Предизвик 1 и 1290 денари за Летен Предизвик 1 и 2 во пакет. 

    Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

    Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

    Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на [email protected] и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.

    КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
    Имате вежби за 5 дена во неделата.

    ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
    Може да се учествува од 16 годишна возраст.

    ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?
    Не, нема да биде потребна опрема или реквизити.

    ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
    Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.

    ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
    Да, ќе има вежби и за задникот.

    Овој предизвик НЕ е за трудници или тазе мајки.

    Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

    Како функционира користењето на предизвикот

    Регистрација и уплата

    Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.

    Личен Профил со сите материјали на едно место

    Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.

    Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)

    Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

    5/5
    "Секогаш се соочував со проблеми кога ќе започнев одредена диета (лоша крвна слика, глад, умор, главоболки, вртоглавици..), но откако се приклучив на Програмите на Ана, сето ова наведено погоре, го снема. За една година, не само што ја постигнав мојата цел, туку и крвната слика ми се подобри, а од друга страна стекнав и поголема дисциплина. Ана во ниту еден момент не не оставаше сами и ни беше најголема мотивација, а и поддршка. Да не збориме и за цела армија девојки кои бевме тука една за друга.."
    Марија Б.
    "Се мислев дали да почнам со предизвикот на Ана, бев несигурна во себе си викав за џабе ќе плаќам а знам дека нема да можам да издржам ниту една недела,па и пишав на Ана и таа ми даде мотивација и си реков го можеш ти тоа, ќе успееш имај верба во себе и се приклучив на предизвикот. Почетокот секогаш е тежок, но после се идеше многу лесно. И за 1 месец бев-10 кг. И јас бев презадоволна. Јас што бев зависна од храна, што јадев 24/7, што немав никаква желба за вежбање успеав. Штом јас успеав-ќе успееш и ти.“
    Катерина Захариева
    "Бев дел само од вториот летен предизвик во 2020 година, бидејќи доцна дознав за првиот. Моето искуство е минус 8 кг, многу во обем и голема промена на метаболизмот (во позитивна смисла нормално). Од тој предизвик и ден денес сум со Ана и нема шанси да прекинам. Еден совет од мене: Приклучувајте се на сите предизвици/програми кај Ана, бидејќи несмее таква шанса да се пропушти! Таа го менува погледот кон исхрана, тренинзи, ги менува навиките во животот..... ТАА го менува ЖИВОТОТ!"
    Мартина Стојковска

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.