НAСКОРО: Summer Challenge – Bali Edition

СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА ИСТЕКУВА ЗА:

дена
часа
минути
секунди

НАСКОРО

Најдобриот летен предизвик за
жени и мажи

На 11ти Мај доаѓа НАЈДОБРИОТ летен предизвик за жени и мажи досега – со НАЈМНОГУ награди за НАЈМНОГУ трансформации. Симни го вишокот на килограми за 4 недели и освој ПАТУВАЊЕ во БАЛИ, iPHONE 16, Apple Watch и многу други награди од нашите партнери. 

ШТО ДОБИВАШ

1290ден.

990ден.

Еднократна уплата

БОНУСИ:

Внеси ја твојата емаил адреса за да си резервираш место и добиеш попуст:

    1290ден.

    990ден.

    *сумата се плаќа еднократно

    БОНУСИ:

      Внеси ја твојата емаил адреса подолу за да си резервираш ПОПУСТ + да добиеш SUMMER DETOX рецепти:

      Уплатата за предизвикот ќе биде отворена на 17ти Јуни.

      Биди една од најдобрите трансформации и освој

      Патување на Бали од агенција Staff

      На наше големо задоволство, оваа година нашите пријатели во Staff Travel (staff.mk) повторно ќе се погрижат за можеби ТИ да патуваш на Бали бесплатно.

      Ана и Стефан те предизвикуваат да ни се придружиш за да станеш “ракета до лета“ (како што вообичаено се шегуваат девојките од Армијата) и да освоиш целосно патување на Бали.

      iPhone 16 од Mobelix

      Замисли колку убави фотографии ќе можеш да правиш ова лето со нов, iPhone 16?

      Нашите нови пријатели Mobelix.com.mk ќе се погрижат една од најдобрите трансформации да добие нов, iPhone 16. 

      Повеќе награди, повеќе шанси за ТИ да бидеш меѓу добитничките трансформации.

      Philips SenseIQ фен, преса и обликувач за коса од Setec

      Со Летниот Предизвик ќе направиш топ тело за ова лето. Со оваа награда од Setec ќе можеш да изгледаш прекрасно секоја вечер ова лето.

      Паметниот фен за коса со SenseIQ  технологија се прилагодува на потребите на твојата коса.​

      Пресата со SenseIQ технологија ја прилагодува температурата на обликување според твојот тип на коса.​

      Со обликувачот ќе имаш прекрасни и здрави кадрици без напор, задржувајќи до 95% од природната влажност на косата​

      Apple Watch од Mobelix

      На Летниот Предизвик ќе создадеш нови, подобри навики.

      Oд Mobelix можеш да освоиш Apple Watch со којштo ќе можеш да ги следиш, анализираш и подобриш сите параметри на овие здрави навики.

      Плус ќе можеш да мериш колку калории трошиш и внесуваш со помош на Peach Army. Win Win Win така? 

      Philips AirFryer HD9285 од Setec

      Ако нешто ни е приоритет број 1 во Peach Army, тоа е како да ти заштедиме време за готвење.

      Досега Ана прави “салто мортале“ за да ги тестира и осмисли најбрзите и највкусните рецепти.

      Ова лето, со поддршката на Setec ќе можеш да освоиш нов Philips АirFryer и да поминуваш уште помалку време во кујна.

      Philips Blender HR3770 од Setec

      Замисли го ова сценарио: Лето, 40 степени, сакаш многу брзо да се освежиш после тренингот…

      Токму оваа награда е за тебе бидејќи ова не е само блендер туку и соковник.

      Најдобриот дел? Тивок е и има функција за кршење на мраз.

      Одличен пријател во кујна за ова лето. 

      AirPods од Mobelix

      Лето, лежалка, чадор, плажа, можеби Skinny Bitch коктел до тебе и… твојата омилена музика.

      Со Mobelix решивме последниот дел со музиката да го надградиме кај тебе ова лето.

      Со овие нови Air Pods ќе можеш се релаксираш на плажа, но и да ја слушаш Ана додека вежбаш на програма во Peach Army. 

      ОСНОВНИТЕ “СОСТОЈКИ“ НА ПРЕДИЗВИКОТ

      Мени со брзи, вкусни рецепти за жени и мажи

      Овој летен предизвик ќе направиме нешто ново. Покрај ЛЕТНОТО МЕНИ (Комбинација од свежи вкусови кои ќе ти ги разиграат сите сетила, брзи за подготовка, но никогаш досадни) ќе има и ОСНОВНО ЗАМЕНСКО МЕНИ (мени со еднолична храна или по наше “билдерска” во денови кога не си во можност да го следиш летното мени, па можеш многу лесно да се снабдиш од некоја локална кујна или ресторан). Секое мени доаѓа со своја шопинг листа за полесно пазарување.

      Специјализирани тренинзи за жени и мажи

      Ова лето, те чекаат специјални програми за мажи и за жени, со внимателно креирани тренинзи за различни делови од телото. НОВО ова лето е комбинацијата од HIIT, EMOM, AMRAP тренинзи ќе ти помогне да го скратиш времето, а да го зголемиш ефектот — без разлика дали си почетник или веќе имаш искуство.
      Плус, како бонус: заеднички Табата тренинзи со Ана и Стефан што ќе ти ја кренат енергијата на максимум!

      Мобилна апликација

      За подобро искуство и поголема достапност на сето она што е вклучено во предизвикот за тебе –  ја добиваш можноста за користење на нашата iOS и Android апликација. Ова не е само мобилна апликација туку прва, МИНИ, ФИТНЕС СОЦИЈАЛНА мрежа во Македонија.

      Две групи за поддршка

      За големи резултати потребна е голема, секојдневна поддршка. Овојпат, ќе имаме ДВЕ ГРУПИ. Една само за жени и една кадешто ќе бидеме мажи и жени заедно.

      ШТО ДА ОЧЕКУВАШ КАКО РЕЗУЛТАТ​​

      Намалени килограми, здрави навики, извајано тело

      Најчестото прашање што добиваме е: Колку килограми можам да ослабам?

      Иако секое тело е различно, на сликите можеш да видиш како можеш да го трансформираш и затегнеш твоето тело доколку се посветиш на себеси во следните 4 до 8 недели. 

      Од она што го гледаме изминативе 5 години работејќи со 1000ци девојки, можеш да очекуваш помеѓу 5 и 10 намалени килограми.

      Погледите на плажа и бројот на свртени глави кога ќе поминеш се бонус 😉

      ШТО ВЕЛАТ ДРУГИТЕ

      Сѐ уште се двоумиш дали да се приклучиш на летниот предизвик? Еве што велат девојките што учествуваа минатите години:

      Прашања и одговори

      Summer Challenge е фитнес предизвик за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти, награди за најдобрите трансформации и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе.  Трае 4 или 8 недели. Со уплатата добиваш личен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

      Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат и за мажи кои сакаат да го тонираат своето тело.
      Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса погледни ги https://peacharmy.mk/instabooty-home и https://peacharmy.mk/instabooty-gym програмите.

      Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.

      Доколку сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса погледни ja InstaBOOTY https://peacharmy.mk/produkt/instabooty/ програмaта. Ова нема да биде поврзано со предизвикот, но ќе ти помогне да ја постигнеш твојата цел.

      Станав претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка'', ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Менито ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

      Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина. 

      Да. Тренинзите можат да се прават и од почетници.

      Ќе имаме две нивоа. Така што добредојдена си.

      Предизвикот ќе трае 4 или 8 недели. 

      Зависи која опција ќе ја избереш.

      Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

      Ајде да започнеме со најважното: НАМАЛЕНИ КИЛОГРАМИ. 

      Но, да не ги занемариме психичките придобивки:
      - Подобра генерална психичка состојба;
      - Намалени негативни мисли и лоши сценарија;
      - Поголема позитивност;
      - Поголема самодоверба;
      - Повеќе енергија

      Дополнително, са овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик малку погоре 😉

      Пријавувањето (официјално) започнува на 11ти Мај.

      Пристап до материјалите ќе имаш 4 или 8 недели во зависност која опција ја избереш.

      За сите што ќе резервираат во ПРОМО периодот цената ќе биде 990 денари - наместо 1.290 денари за 4 недели или 1590 ден. наместо 2580 ден. за 8 недели.

      Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

      Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

      Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на [email protected] и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.

      КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
      Имате вежби за 4 дена во неделата.

      ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
      Може да се учествува од 16 годишна возраст.

      ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?

      За поголем ефект препорачуваме:

      • Подлога за вежбање.
      • Ластици за вежбање
      • Тегови (предлог за мажи) 3 или 5кг - 10кг сет
      • (предлог за жени) 2кг - 5 или 7 кг сет

      ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
      Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.

      ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
      Да, ќе има вежби и за задникот.

      Овој предизвик НЕ е за трудници или тазе мајки. За тазе мајки ја имаме MamaFIT програмата тука: https://peacharmy.mk/mamafit-2/

      Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

      Кој тим си ти?

      Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.