ВОВЕД ВО BUILD SEASON

Booty Build Season е наменета за жени кои сакаат да изградат посилен, оформен и видливо подигнат задник – без да добијат непотребни масти на стомакот и бутовите. Работиме паметно, технички чисто и со систем за прогрес кој дава резултати и од дома.

Овие 12 недели се поделени во 4 фази:

Фаза 1 (недели 1–4): Активирање и техника
Го учиме телото да работи правилно: вистинска активација на мускулите на задникот, стабилност во колкови и контрола на движењата. Оваа фаза го елиминира преземањето од квадрицепси и долен грб – Booty прво мора да се вклучи за да расте.

Фаза 2 (недели 5–8): Прогресивно оптоварување
Почнуваме да градиме волумен. Користиме контролирано зголемување на отпорот (гантели/еластични ленти), зголемување повторувања и темпо под напон за максимална активација на глутеалните мускули.

Фаза 3 (недела 9): Shape & Power
Тука воведуваме супер серии и приоритетни сетови за Booty. Комбинација на изолација + сила за максимално стимулирање на раст и оформена задница.

Фаза 4 (недела 10–12): Рестарт и заклучување форма
Стратешко опоравување со намален волумен, но задржување на интензитет. Целта е да се стабилизираат резултатите и да се зацврсти формата за следната FORCE сезона.

🎯 Цел на BOOTY Team Home


Зголемување и обликување на Booty

Подобрување на задната линија и женската фигура

Лесно зголемување на мускулна маса од дома

Фокус на контрола, форма и паметен напредок

⚙️ Како да тренираш во оваа сезона


Концентрација на секое повторување – Booty расте од активација, не од брзина

Тежината се зголемува само ако ја задржиш правилната форма

Работи во целосен опсег + контролиран повраток

Држи го Booty под напон – паузи само кога треба

Не број сетови – број квалитетни сетови

✅ Препораки според ниво


За почетници: користи еластични ленти и лесни тегови, вежбај техника и активација
За напредни: применувај прогресивно оптоварување и следи неделен напредок

Неделен распоред на тренинзи (Фаза 1 – Build Season)

Понеделник: Full Body Strength
Вторник: Lower Body Strength
Среда (опционално): Mobility & Flexibility
Четврток: Upper Body Strength
Петок: Full Body + Core
Сабота (опционално): Yoga Flow
Недела (опционално): Пешачење или целосен одмор

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.