Материјал Напредок
0% Поминато

Состојки
Method
- Понеделнички да започнеме со што друго ако не со јајцааа. Изрендај го морковот и стави гo во тавче на 1 лажица маслиново масло на тивка температура, а на страна измати ги јајцата (за побрзо може и да го изблендираш морковот заедно со јајцата). За 3-4 минути веќе можеш да ги додадеш јајцата и да покриеш со капак за убаво да ти излезе омлетот, а и не мораш. Кога е веќе готов, премачкај го со урдата, прсни шарена сол, буковец, црн бибер и додај си маслинчиња, домат и рукола. На здравје!


Состојки
Method
- Се сечка на ситно белиот кромид, се додава во меленото месо заедно со едно јајце, овес, ситно сечкан кромид, а ако си љубител на луто додади и малку буковец или на ситно сечкано луто пиперче. Оформи ќофтенца или плескавички за побрзо да се испржат.
- Во длабок сад направи салата со домат, црвен кромид и пиперка и на крај нароси многу мало парченце фета врз салатата. Во истиот сад додади го домашното зазики од грчки, краставица рендана и копар со малку масло и сол. Од кога ќе се испржат или испечат плескавичките додади ги во истиот сад и не заборавај дека не треба да користиш премногу масло додека пржиш. Тоа се екстра калории што не ги сакаме!

Состојки
Method
- Остави ја леќата покриена со вода 3-4 часа за побрзо да ја свариш. Исцеди ја и измиј ја после киснењето и со нова вода стави ја да се вари (може да ја свариш и претходната вечер). Откако ќе ја свариш повторно исцеди ја од вишокот вода и стави ја во блендер со сите состојки освен брашното. Блендирај до кремаста структура, а брашното додавај го отпосле постепено и мешај се додека смесата не стане соодветна за формирање ќофтиња. Вклучете ја рерната на 200, формирајте ќофтиња и поставете ги на хартија за печење па печи ги едно 30-тина минути. Свари си го оризот во ѓезве и сервирај го како прилог на ќофтињата и комбинирај со свежа салата. Ако ти е премногу, остатокот изеди го за вечера.

Состојки
Method
- Прво зелката изгмечи ја со раце со малку сол да омекне па истури ги кај неа сите останати состојки, полиј маслиново масло и лимонов сок, промешај и редно е да јадеш. Доколку пак не си баш фан на зелка, можеш да ја замениш со ајсберг или рукола, или мешано – зелена салата која ја сакаш најмногу.

УЖИНА 2 (ЗА ВЕГЕ): ПРОТЕИНСКИ НАПИТОК (купечки) ИЛИ ПРОТЕИНСКИ ШЕЈК со мраз и лажичка путер од кикирики
Notes
Сите девојки на програмава, секој ден можете да си имате втора ужина, дозерка протеин и вода (без путерот од кикирики).