РЕГИСТРАЦИЈАТА Е УСПЕШНА
ВИДЕО: Што е дијастаза?
Дијастаза е растојанието помеѓу двата централни стомачни мускули.
за време на бременоста матката се шири, доаѓа до ослабнување на мускулниот тонус.
сите органи се поместуваат од своето место и се намалува еластичноста на сврзното ткиво.
поради сите овие фактори доаѓа до раздвојување на стомачните мускули. Нормално е секоја родилка во првите недели да има дијастаза до 2 прста, но истата би требало да се повлече до третиот месец од породувањето.
Која големина на дијастаза е нормална?
Дијастаза кој е помеѓу 1 и 1,5 прст, се смета за нормална. Доколку дијастазата е поголема од 2 прста и не се повлече до третиот месец од породувањето истата треба да се третира со соодветни вежби.
На што треба да внимавам ако сакам да почнам со вежбање?
Многу е важно по бременоста, особено за оние мајки кои сакаат да започнат со некоја физичка активност или да практикуваат одреден тип на вежби, да внимаваат вежбите да не дозволуваат стомачните мускули да се оптоварат дополнително, со што би се придонело до зголемување на дијастазата.
Какви вежби да одберам за почеток?
Од исклучителна важност е, доколку се почне со физичка активност непосредно по породувањето, да се одберат вежби што во својот состав меѓу другите вежби, ги зацврстуваат стомачните мускули, а не агресивно да се работи на нивна дефиниција.
Постпартум и дијастаз како табу тема:
Можеби сите овие информации се помалку конфузни, особено зошто во нашето поднебје не се зборува толку за оваа состојба, а истата повеќе ја забележуваме кога ќе имаме дефинирани стомачни мускули и кога ќе се појави тој расцеп во средина или пак кога години по породувањето не можеме да го изгубиме ’’вишокот’’ стомак што го имаме, какви и вежби да вежбаме – тогаш стануваме свесни што сме направиле.
Затоа при изборот на на програма за вежбање непосредно по породувањето, треба да се внимава на типот на вежбите кои таа програма ги нуди.
Истата да овозможува вежби кај кои градуирано ќе се зголемува интензитетот, ќе се внимава на зацврстувањето и затегнувањето на мускулите кој биле оптоварени во текот на бременоста, а во исто време ќе помогне за намалување на телесните масти и дефиниција на телото.
Можам ли да ја намалам дијастазата ако ја имам подолго време?
Секако, важно е да се потенцира дека и оние мајки кои не се скоро породени, можат да ја намалат дијастазата со секојдневно вежбање на вежби за дијастаза. Што повеќе се повторуваат вежбите за дијастаза, толку поголем ќе е успехот во затворање на истата.
➡️На видеото во прилог е објаснето како се мери дијастазата. Вежбите за дијастаза се вежбаат сѐ додека дијастазата не е под 1 или 1,5 прст. Истите може да се вежбаат и секојдневно.
🚨Ако некоја мајка има дијастаза повеќе од 4 прсти и папочна кила, задолжително да се консултира со физиотерапевт или хирург!
Ако ти се допадна тоа што го прочита и научи нешто ново денес – имаме поклон САМО ЗА ТЕБЕ.
Ваучер од 300 денари што можеш да го искористиш за првиот месец на MamaFIT програмата – MAMA300.
Што е MamaFIT програмата?
MamaFIT е програма наменета за враќање во форма за време на постпартум периодот. Сите тренинзи и целата исхрана во програмата се правени со помош за експерт за постпартум.
Што добиваш во MamaFIT програмата?
тренинзи за дома
сезонско мени плус шопинг листа
Исхрана прилагодена за доилки
Група за поддршка
Награден фонд: Патувања, 5.000 евра
Бесплатнa iOS/Android апликација
Оnline работилници
Ексклузивни дружења во живо