Како храната станува стомачно сало?
Зашто толку многу од нас носат вишок масно ткиво во реонот на стомакот?
Одговорот се состои од метаболизам, кој решава колку калории се премногу, нашите хормони кои насочуваат каде да оди тоа премногу и нашите гени.
Не е фер. Некои жени јадат е што ќе посакаат и не се дебелеат – додека пак за сите нас останати важи правилото еден гриз како едно кило плус.
Проблемот не е само надворешниот изглед. Вишокот на масно ткиво во стомачниот дел се поврзува со сериозни здравствени проблеми: срцеви проблеми, дијабет тип 2 и рак на градите. Ризиците се вистински.
Ако ги знаеме главните фактори и придонесувачи за оваа состојба можеме повеќе да бидеме во контрола и да знаеме како да се справиме со истата.
Метаболизмот и зголемената килажа: комплицирана врска
Зголемената килажа е производ на тоа што јадеме повеќе калории одколку што трошиме.
Пред да продолжиме важно е да се напомене: бројот на калории што нашето тело ги троши на ден се минимално засегнати од вежбање.
Поголемиот дел од нашите калории се од нашиот основен метаболички процес или BRM. Ова е енергијата што му е потребна на нашето тело за да функционира. Тие калории се трошат кога ни чука срцето, и со работата на секоја клетка во нашето тело.
Во ова спаѓа и трошењето на калории додека спиеме. Процентот е само 5% помалку од што би трошеле кога сме будни како за контекст. Ова значи одприлика од 60 до 80% трошење на калории доаѓа од основната функција – BRM.
Втор фактор е колку се движиме: вклучувајќи вежби, одење или било какво движење. Овој дел зазема одприлика од 10 до 30%.
Последно термичкиот ефект на храната или процесот што се случува кога нашиот организам ја процесира храната – е 10%.
Кога бројот на калории што ќе ги внесеме е повеќе од што му е потребно на нашето тело за да функционира тогаш нашиот организам ја складира како мускул или како мастно ткиво.
Да имавме избор – сите ќе одберевме вишокот да оди во мускулите. Да беше толку лесно.
На нашето тело му треба стимул за да ги пренасочи ресурсите на тој начин. Еден тип на стимул може да биде вежбање.
Ова функционира на следен начин: ако вежбаме со тегови, на нашите мускули ќе им бидат потребни повеќе калории за да раснат. Нашето тело во тој случај ги насочува калориите во правецот на мускулите за да можат да се опорават и да раснат.
Но, ако немаме стимул? Тогаш нешто тело по дифолт ја складира таа вишок енергија во масти.
Каде точно се таложат тие масти зависи од нашите хормони и гени.
Зашто најчесто се таложи на нашиот стомак?
Не можеме да бираме каде ќе се складира овој вишок. Зависи и од типот на телото, облик на круша или јаболко или некои наследни здравствени состојби. На сите овие работи не можеме да влијаеме.
Нашите хормони – вториот главен фактор за тоа каде одат мастите во нашето тело може да биде насочен до одреден степен со нашиот начин на живот. Два битни фактори за стомачно сало се инсулин и кортизол.
Како го живееме нашиот живот влијае на нашите хормони кои пак подоцна влијаат на складирањето на вишок масти.
Инсулинот е како мала лопатка. Го турка шеќерот од нашата крв за да биде во нормални количини, и во тие моменти на туркање шеќерот завршува како залиха во сало.
Ова не значи дека инсулинот е главна причина што се поправаме. Инсулинот исто така да турка оваа енергија во нашите мускули.
Ако нашиот инсулин е покачен тоа значи дека јадеме благо или шеќери секој ден, и само со тој факт придонесуваме тој вишок да биде складиран во нашето мастно ткиво.
Клучот е да не се грижиме цело време за тоа што го јадеме туку да бидеме сигурни дека нашиот инсулин не е постојано висок.
Другиот хормон, кортизол е производ на нашиот стрес. Негова главна задача е да го спреми нашето тело за било што – како доволно глукоза во за енергија за нашите мускули.
Проблемот е кога ни се појавува анксиозност поради одредена ситуација и нашето тело мисли дека сме во опаснот и тука доаѓа во игра глукозата.
Што можеме да направиме
1. Одбираме квалитетни калории
Исхраната треба да ни биде доминанта со зелечнук и овошје, јатки, мешунки и протеин.
2. Го контролираме кортизолот
Освен ако не трчаме за да си го спасиме својот живот, нивото на кортизол мораме да го контролираме. Ова се неколку работи што предизвикуваат зголемен кортизол:
- кафе
- алкохол
- анксиозност
- нередовно или недоволно спиење
3. Спиеме од 7ипол до 9 часа
Лош распоред на спиење или недоволно спиење го зголемува кортизолот затоа е важно да го подесиме нашиот сон како приоритет.