Повеќе мускули = подобар метаболизам?

Ако сакаме добро да ја разбереме улогата на мускулите врз нашиот метаболизам, прво треба да видиме што се е потребно да се изградат мускули.

Имаме две тези кој се противречат себеси за односот помеѓу мускулите и метаболизамот.

Првата е дека со поголема маса на мускули на телото, метаболизамот работи со побрзо темпо и согорува повеќе калории.

Втората е дека поголема маса на мускули на телото не ja допринесува или забрзува работата на метаболизамот.

Технички двете тези се точни.

Тука ќе пробаме да ја дообјасниме оваа дилема.

Колку калории трошат нашите мускули? (подготви се за разочарување)

За секој 0.5кг нов мускул, нашето тело троши дополнителни 50 калории. На хартија звучи супер. Ако имаме 2.5кг нови мускули на нашето тело ќе трошиме по 250 калории на ден или одприлика 0.5кг на секои две недели.

Овој тип на пракса додведе до тоа многу луѓе да го покачуваат калорискиот внес верувајќи дека нивните ново формирани мускули ќе спречат дополнително зголемување на килажа.

За жал ова не е вистина.

Според најновите истражувања, секој 0.5кг. мускулна маса троши одрилика 6 калории дневно.

Само 6 калории???

Од друга страна, 0.5кг масно ткиво троши 2 калории на ден.

Ова баш и не почнува да звучи како најдобрата кампања за тренинг. Но фокусот на тоа колку калории трошат мускулите е само мал дел од сложувалката наречена метаболизам.

Ако навистина сакаме да разбереме какво влијание има мускулот на нашиот метаболизам, прво треба да видиме што се е потребно да се изградат мускули.

Подобро прашање: Дали со повеќе мускули ќе го подобриме нашиот метаболизам?

Важно е да ги разграничиме бенефитите од мускулите што веќе ги имаме и мускули што треба да ги оформиме.

За да оформиме до 5 килограми мускули може да ни требаат години и тие ќе горат одприлика 60 калории на ден, тој вкупен процес на градење и оддржување мускулна маса може да има позитивен импакт на нашето тело и нашиот метаболизам.

Всушност, според нашите истражувања тренингот со тегови троши многу повеќе калории – и тренингот со ластици може да го држи нашиот метаболизам високо дури и до 48 часа одкако ќе завршиме со вежбите.

Некои истражувања тврдат дека дури и до 90% од калориите што ги гориме се случуваат по тренингот. “Afterburn” ефект.

Ова не значи дека не трошиме доста голем број на калории кога тренираме. Вежби со висок интензитет и со времетраење до 8 минути можат да согорат и до 250 калории. Ова е со само 8 минути, замислете колку можеме да постигнеме ако ја качиме оваа бројка?

Дополнително, според истражувањата преку градење на мускули си го подобрувае нашиот инсулин – подобро ги процесираме јаглехидратите и ја намалуваме можноста за дијабетис.

Со други зборови – кога имаме повеќе мускули имаме повеќе потреба за енегрија. Мускулите трошат доста енергија за да се обноват, одржат и пораснат.

Сумарно, колку повеќе мускули ќе успеме да оформиме толку повеќе храната што ја внесуваме ќе биде користена како енергиja наместо како залиха.

Дали вежбањето е задолжително за намалување на масно ткиво?

Постојат повеќе начини да согориме калории. И ако сакаме да намалиме тежина првично мора да направиме промени во нашата исхрана.

Имаме истражување прикажано подолу од луѓе што вежбале 3 пати неделно ( аеробик и кревање тегови), само аеробик вежби и што не вежбале вооптшо.

Двете групи што вежбале намалиле скоро иста бројка, но тие што кревале тегови намалиле до 40% масно ткиво.

Заклучокот е дека тие што тренираат и со тегови подобро оформуваат и зачувуваат мускулна маса.

Кој е најдобриот Metabolism Boost”?

Нашиот метаболизам е доста комплексен и некогаш погрешно разбран. Најголемото влијание на нашиот метаболизам не е вежбањето. Од 50 до 70% од нашето дневно трошење на калории доаѓа од работите што ги прави секојдневно – работата на нашето тело за да не одржи функционални..

Ова зависи и од големината на нашето тело. Колку сме поголеми и потешки, толку повеќе калории трошиме секојдневно.

Мит е тоа дека слабите луѓе имаат брз метаболизам.

Други 10% што влијаат на нашиот метаболизам се работите што ги јадеме. Термички ефект на храната е научен термин кој се однесува на калориите што организмот ги троши за да ја дигестира (да ја свари) која било храна. ТЕХ е причината што мораме да внесеме протеин во нашето тело кога пробуваме да намалиме килажа.

Остатокот од нашиот метаболизам – помеѓу 20 до 40% има влијание од нашата физичка активност. Ова е комбинација од одење, дневни прошетки и слично.

Колку повеќе мускули имаме, толку е поверојатно дека сме ги здобиле вежбајќи.

Колку повеќе вежбаме толку повеќе интензитет можеме да внесуваме во вежбите кој понатаму го подобрува нашиот метаболизам.

Важно е да запамтиме, вежбањето никогаш нема да биде примарен двигател на нашиот метаболизам и не треба да го третираме како таков.

Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: неделен newsletter FIT FRIDAY.

Сите работи што ТРЕБА да ги правиш спакувани во неделен newsletter и направени посебно за тебе. Во FIT FRIDAY ќе добиеш БЕСПЛАТНИ вежби, рецепти и бонуси!

Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.