Материјал Напредок
0% Поминато
ПОЈАДОК: Киноа каша со јаболко, мед и цимет
Состојки
- 3 големи лажици киноа 45 гр. (замена хељда, просо или кус кус)
- 1 средно јаболко
- 1 мала лажичка мед
- 2 големи лажици чиа
- 100 гр. грчки јогурт
- 50 мл. растително млеко или обично со ниска масленост
- Цимет
Инструкции
- Во претходно зовриена вода се додава киноата(претходно убаво измиена) и чиата. Пред целосно да испари водата, се додава млекото, грчкиот јогурт и медот, се меша уште неколку минути додека состојките не се соединат и не ја добиете посакуваната густина на кашата. Се сервира со цимет и исецкано јаболко. Уживај во мирисот и вкусот на есента!
ПОЈАДОК: МИРИСОТ НА РАНА ЕСЕН
Состојки
- 1 јаболко
- 2-3 урми или 1 голема царска
- 1/2 банана
- 200 мл нискомасно кравјо или растително млеко
- 3 големи лажици овес
- 15 гр бадеми или ореви
- 1/2 мало лажиче цимет
- екстракт од ванила по желба
Инструкции
- Начинот е едноставен, сите состојки одат во блендер, но најпрво се сече јаболкото и се отстранува од лушпата и семето. Јас ги сакам жолтите јаболка во смути со благ вкус, но изборот е твој. Добро утро!
УЖИНА: Големо ПЕЧЕНО ЈАБОЛКО
Инструкции
- 1 големо печено јаболко. ДОИЛКИ 1 печено јаболко сервиранo со цимет и 5 ореви!(Може и да не се пече јаболкото)
РУЧЕК: Лосос со просо и пржен зеленчук
Состојки
- Лосос 200 гр.
- 2 до 3 големи лажици просо околу 30 гр. до 40 гр.
- 1 шака брокула
- 2 моркови
- 1 средна тиквичка
- 1 големо цвекло или 2 помали
Инструкции
- Зеленчукот заедно со лососот се пече на фолија, претходно намачкани со една мала лажичка маслиново масло, лук и зачини по избор. Во една шоља зовриена вода се додава просото(претходно убаво измиено), се вари додека водата не испари. При крајот се додаваат зачини по избор и се сервира со лососот и зеленчукот. Ручекот можеш да го јадеш во комбинација со свежа салата! Уживај во здрав, нутритивен и балансиран оброк!
ВЕЧЕРА: Јајце мафини со фета
Состојки
- 2 јајца
- 30 грама фета
- 1 црвена пиперка
- 1 полна шака спанаќ
- 1 домат
- ДОИЛКИ: 250 гр. печурки
Инструкции
- На нелепливо тавче, на вода се пропржува зеленчукот (плус печурките за доилките). Доколку има потреба намирниците да се динстаат подолго, се додава уште малку топла вода. Зеленчукот се наросува со сол и црн бибер. На страна во друг сад се матат јајцата и се дроби сирењето, па се додава пропржениот зеленчук. Во тавче за мафини се става хартија за печење за да не се залепат мафините и се истура смесата. Вкупно, излегуваат околу 6 мафини. Се печат 10 мин. на температура од 180 степени или додека не поруменат. На здравје, брза лесна и превкусна вечера!