КАКО И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ДА СЕ ДРЖИШ ДО ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Затоа што секако дека секој заслужува пијачка штом заврши напорната работна недела

Многу луѓе преферираат да имаат некаков распоред за своите активности од понеделник до петок. Ова е така најверојатно поради тоа што ги организираме работите и активностите имајќи ги предвид нашите работни распореди, а најчесто сите сме на работа од понеделник до петок. Па така кога доаѓа викендот, нормално е да сакаш да го фрлиш тој таканаречен распоред низ прозор и да се опуштиш макар на некој ден. Но, не е добро и ако премногу се опуштиме па тоа не е добро ни по нашето здравје ниту за нашиот фитнес прогрес.

Да најдеш време за одење во теретана или пак да избереш да јадеш здрава храна наместо да одиш на бранч или на забава знае да биде навистина тешко , но има неколку начини да направиш ова совршено да функционира креирајќи си еден вид баланс без притоа да мораш да жртвуваш дел од твојата забава. 

Во продолжение ти давам 6 совети кои ќе ти помогнат да сепак и викендот ти е “здрав”.

МЕДИТИРАЈ НАУТРО

Потруди се да вклучиш медитација или да си посветиш внимание на себе за време на утрата кога е викенд , а ако можеш и уште подобро и секое утро! Да си одвоиш време за да си поставиш план за тековниот ден ќе те однесе на вистинскиот пат за да донесеш и правилни и добри одлуки. Дури и ако се во прашање само 5 до 10 минути дневно, може да има долготрајно и позитивно влијание на твојата ментална/психичка состојба во текот на целиот ден.

НАПРАВИ МАЛИ ИЗМЕНИ НАМЕСТО ДА СЕ ОГРАНИЧУВАШ

Само заради тоа што се обидуваш да одржуваш здрав начин на живот не значи дека не треба и да живееш малку. Само треба да бидеш паметна . На пример, наместо да нарачаш мартини со лимон кое е пооолно калории, смени го со вотка со парче портокал . Или ако навистина сакаш бургер, нарачај си , само може наместо помфрит како додаток да си смениш со сезонски зеленчук или пак помфрит од сладок компир.

ПЛАНИРАЈ ГИ СВОИТЕ ОБРОЦИ

Поради некоја непозната причина, повеќето од нас имаат тенденција да имаат испланирано што ќе вечераат во текот на неделата, арно ама штом дојде викенд тоа како магично да исчезнува . Така не би било лошо да си ги планираш и оброците за време на викенд исто како што го правиш тоа и во текот на работната недела. Штом јадеш здрав појадок и ручек, нема потреба да се измачуваш со опуштање за време на вечерата.

ПРАВИ НЕШТО НАДВОР

Искористи го своето слободно време за време на викендот и излези надвор. Обично сме затворени по дома во текот на неделата, и иако сме биле можеби во теретана, ретко се случува да поминеме повеќе време на свеж воздух. Потруди се барем да испешачиш, да одиш на некоја прошетка, или некоја друга физичка активност на сонце па да фатиш малку и витамин Д и да земеш онака длабок воздух. Плусот овде е што ќе потрошиш и некоја екстра калорија додека се забавуваш.

ИЗБЕРИ СИ ПИЈАЛОК И ДРЖИ СЕ ДО СВОЈОТ ИЗБОР

Ограничувањето на внесот на алкохол е нешто што секогаш треба да го применуваш, но ако се напиеш неколку пијачки за викендот е сосема океј. Единствено , може да избереш понискокалорична пијачка , како на пример вотка, и нарачувај ја само таа пијачка во текот на ноќта. Менувањето пијачки па текила па следно пиво во текот на една вечер може да те дезориентира за тоа колку си испила и ќе заврши така што викендот ќе ти биде уништен. Со самото тоа што ќе бидеш свесна што пиеш, поверојатно е дека ќе носиш разумни одлуки. 

ОСТАНИ ФОКУСИРАНА

Пишувај си дневник или пак фаќај забелешки наоколу низ дома што ќе те потсетуваат зошто имаш здрава рутина на прво место. Дали прави да се чувствуваш здраво? Дали си поостроумна? Се чувствуваш ли моќно и исполнето? Сабота и недела наутро, потруди се да се потсетиш на причините поради кои си на здрав или фит режим на исхрана само за да ти помогне да останеш фокусирана . 

ЗАКЛУЧОК:

Без разлика дали сакаме да признаеме или не , секоја одлука која ја носиме е апсолутно под наша контрола. Ова вклучува фитнес, храна и нејзиниот избор, и ова ги вклучува сите 7 дена во неделата. Не дозволувај еден мал прекршок да ти биде изговорот поради кој ќе го продолжиш темпото и за викендот. На пример, ако претераш малку повеќе во петок навечер, си викаш ај од понеделник ќе почнам пак а  во меѓувреме викендот продолжуваш со овој изговор. Разбуди се, напиј се вода и почни го денот одново, и погрижи се следниот избор да биде правилен. Е толку е лесно и едноставно . 

Related Articles