ВРВЕН ВОДИЧ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ДОМАШНА ФИТНЕС РУТИНА

Деновите кога вежбање беше нешто што го правите само во теретана се минато. Сега е полесно од било кога да влезеш во форма без притоа да го напуштиш комфорот на својот дом и се чини дека произлегуваат бројни придобивки од домашниот фитнес. Значи, без разлика дали штотуку започнуваш со твоето фитнес патешествие или почнуваш со вежбање дома неодамна, ние ги засукавме ракавите место теве кога станува збор за смислување како да го извлечеш максимумот при твојата домашна фитнес рутина. Овој сеопфатен водич за старт на домашна фитнес рутина содржи се што ти е потребно како би можела да ги постигнеш своите фитнес цели од дома.

БЕНЕФИТИ ОД ДОМАШНИОТ ФИТНЕС

Вежбите за дома не само што имаат потенцијал да бидат подеднакво ефикасни како и тренинзите за теретана, туку доаѓаат преполни со придобивки кои го надминуваат твоето здравје и физикус. Домашните тренинзи помагаат да : 

Скрати на време

Не мора веќе да чекаш машини, да бараш место на преполни паркинзи или да се возиш до и од теретана. Со вежбањето дома ќе заштедиш време , а со тоа ќе си олесниш при вклопувањето на тренинзите во твојот напорен распоред.

Заштеди на пари

По се изгледа нема да ви треба скапа членарина во теретана за да вежбаш. Вежбите за дома олеснуваат повеќе од било кога да останеш во форма без притоа да трошиш пари – па за замена можете да инвестираш во пар тренерки или некое помагало за уште подобар ефект .

Ги вметнеш вежбите во исполнет распоред

Не само што штедиш на време со вежбањето дома, туку поради тоа што може да ги правиш во било кое време , идеални се за исполнети распореди и луѓе со премногу обврски а малку слободно време.

Обезбедите приватност

Вежбањето дома ти дава малку повеќе приватност во случај да имаш било какви несигурности при тренинзи на јавни места. 

Додаваш разновидност 

Одржувај разновидност,за никогаш да не ти стане досадно и да не стигнеш до статус кво . Влезете во апликацијата на Peach Army за вашата дневна доза тренинг.

Подготви го твоето свето место (катче) наменето за вежбање

Ова е едноставен чекор. Пронајди едно местенце во својот дом каде ќе ги изведуваш тренинзите и направи го забавно. Без разлика дали е дневната соба или пак приватна домашна теретана, направи го тоа ќоше свое. Организирај си ја опремата, најди си подлога која ќе те прави среќна, може да си земеш дури и гонг за медитација, свиткај си посебни крпи за додека се потиш, или Евиан спреј да се распрскаш на сред тренинг. Направи го местенцето привлечно и инспиративно за да бидеш возбудена што си таму.

Постави си фитнес цели и пронајди си мотивација

Која е причината поради која сакаш да вежбаш ? Дали сакаш да ослабнеш ?Да се чувствуваш посилна? Да бидеш во чекор со своите деца? Да го подобриш своето здравје ? Да намалиш стресот и анксиозноста? Кои и да се причините, запиши ги некаде каде што ќе ти бидат видливи.

Потоа, постави си неколку цели и направи ги ПАМЕТНИ ( нека бидат конкретни, мерливи, достижни , релевантни и навремени) т.е. твоја цел не е да изгубиш тежина туку да изгубиш еден килограм телесни масти неделно. Тогаш примени го истиот концепт на своето “како” . Како ќе ги постигнеш своите цели ? на пример , три дена неделно ќе вежбам со тежини и Х минути неделно кардио .

Испланирајте ги тренинзите 

Базирано на твоето “како”и според Центарот за контрола и превенција од болести , се препорачува 150 минути активност со умерен интензитет или 75 минути енергична аеробик активност и најмалку 2 тренинга неделно со тежини, па направи план за своите тренинзи. Важно е да бидеш конкретна за: 

Кои денови ќе вежбаш , кои вежби ќе ги изведуваш за секој ден, кое време од денот ќе вежбаш .

Планирањето е првиот чекор до постигнување на целта. А добрите вести се што со на Peach Army платформата  имаш пристап директно до својата програма, со што ќе ти се олесни да се држиш до своите цели и планови за вежбање од дома.

Топло “ Добредојде ” за посветеноста

Мотивацијата е супер забавно чувство. Се чувствуваш непобедливо и осудено како ништо да не може да ти застане на патот. Тогаш ќе се случи да имате лош  сон , некој личен проблем или едноставно напорен ден на работа , и мотивацијата магично исчезнува. Поради тоа е многу важно да се посветите на своите цели. Мотивацијата е минлива, но твојата посветеност да работите на остварување на целите секој ден е избор врз кој што ти ја имате целосната контрола.

Следете го својот напредок и цели

Најдобар начин за да останете во игра е да се увериш дека вашиот план успева. Сепак, понекогаш тешко е да се забележи напредокот ако не обраќаш внимание на тоа. Која и да е твојата лична фитнес цел, најди начин да водиш сметка за мерките , како на пример колку килограми си ослабнала, забележувајќи како облеката ти стои поинаку, имаш повеќе енергија, се чувствуваш порелаксирано. Исто така, следи ги исполнувањата на своите цели “како”. Секако дека сакаме да ги проверуваме деновите додека ги исполнуваме нашите секојдневни цели за вежбање.

Слични теми