6 НЕОЧЕКУВАНИ ПОЈАВИ ШТОМ ПОЧНАВТЕ СО ВЕЖБАЊЕ

Вежбањето е бенефит и за умот и за телото

Добар тренинг е одговорот кој лежи во било кое прашање поврзано со здравствени придобивки. Можеби сте си створиле рутина поради тоа што сакате да изгубите неколку килограми, или да одржите одредена телесна тежина, да ја обликувате формата на телото и да формирате повеќе мускул или едноставно поради забава, без оглед која е причината , не треба да занемарите колкава моќ има вежбањето врз севкупното ваше здравје буквално од глава до пети. Ќе ви споделиме повеќе информации околу неочекуваните придобивки од вежбањето, како и што се случува доколку вежбањето ви стане секојдневна рутина.

1. ПОДОБАР СОН

Една од најнеочекуваните појави кога вежбате е поврзана со сонот, па подгответе се на спокојни ноќи исполнети со здрав сон. Најпрво, квалитетниот ноќен сон може да ги подобри вашите тренинзи давајќи ви ја потребната енергија за нивното изведување со максимално себе-вложување. ( Телото исто така се регенерира навечер). Исто така, вежбањето помага и дремката да биде поквалитетна. Националната фондација за спиење укажува на тоа дека добар тренинг го намалува стресот , што води до подобар сон и физички те исцрпува,па сакаш да одиш во кревет. Но она што е најпрепорачливо за добар и квалитетен сон е умереното вежбање, како пешачење, пилатес, изведување вежби за дома – сите овие го подобруваат квалитетот на сонот ( термин за тоа колку добро сте спиеле) многу повеќе од напорни енергични тренинзи , како што покажа неодамна едно системско истражување при Европскиот весник за физиотерапија во 2021 базиран на 14 студии.

2. ПОЦВРСТИ КОСКИ

Цврст скелет не значи само внес на калциум туку и тренинг за сила. Но да се навратиме назад : речиси една четвртина од жените над 65 години имаат остеопороза ( болест при која коските се слаби ) во коските на колкот или ‘рбетот, според Центрите за контрола и превенција на болести. Ако сте млади, одржувањето цврсти коски е суштинско за квалитетно/добро стареење и превенција од фрактури/скршеници кои може да бидат од катастрофални размери кога сте постари. Од друга страна, кревањето тежини или тренинзи со сопствена тежина – почнувајќи од сега – ќе го забават процесот на губење коскена маса. Медицинскиот факултет Харвард истакнува дека позитивниот стрес од вежбањето поттикнува формирање на нови коскени клетки и истите ги формира тврди и еластични.

3. ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА СЕ БАЛАНСИРА

Една од најмоќните работи што можете да ги направите во денешно време за да го контролирате шеќерот во крвта е токму вежбањето, но и во иднина . Преддијабетес е кога нивото на гликоза (шеќер во крвта ) е високо, но сеуште не е до нивото на тип 2 дијабетес. Кога вежбате, вашите мускулни влакна ја апсорбираат гликозата која циркулира во крвотокот со цел да создадат енергија наместо да ја складираат. Со редовно вежбање , вашите мускули можат подобро да ја употребат гликозата, а Американското здружение за дијебетес забележало дека и чувствителноста на инсулин е исто така зголемена. Од здружението всушност велат дека тренинг ќе го намали шеќерот во крвта за навистина импресивни 24 саати. 

4. МОЗОКОТ СЕ СТИМУЛИРА

Ви треба поттик за да преземете нешто? Можеби сакате да направите мала пауза за еден брз тренинг. Истражувањата покажуваат дека еден тренинг од само 10 минути ја подобрува значително работата на мозочните мрежи кои управуваат со носење одлуки, внимание и контрола. Но гледано долгорочно, предностите се многу повеќе. Во истражување направено врз средовечни мажи, активните мажи имале подобри резултати на тестовите за помнење во споредба со оние без никаква активност /нивните противници од каучот веројатно затоа што активноста го гаси штетниот оксидативен стрес и ги штити нервните врски и волуменот на мозокот, според студијата во Scientific Reports . Тоа , пак, може да помогне при намалување на ризикот од когнитивно оштетување кое доаѓа со текот на годините.

5. РАСПОЛОЖЕНИЕ – ПОСРЕЌНИ СТЕ

Друга добредојдена појава кога вежбате е поврзана со вашето расположение. Без разлика дали шетате надвор, имате ХИТ тренинг внатре, или вежбате нешто од јога, физичката активност ги редуцира хормоните на стрест (како што е кортизолот) за малку да ви го подигне расположението. Има причина зошто вежбањето се смета за природен антидепресив. После секој тренинг , може да очекувате подобро расположение, способност да обратите внимание и да уживате повеќе при социјални ситуации ( што исто така може да помогне во подобрувањето на вашата благосостојба ), откри студијата на швајцарските истражувачи во 2018 година изведена на луѓе кои имале нарушувања на менталното здравје , како на пример анксиозност и депресија.

Придобивките само се надоврзуваат една кон друга , така што ќе се чувствувате уште подобро по наредниот тренинг – и оној после него. Авторите велат дека едно од најмоќните влијанија на вежбањето е : неговата способност да го намали колебањето – или тој негативен глас во вашата глава кој постојано се врти поради грижи и нервози. Прекинот на тој негативен монолог може значително да влијае врз вашиот секојдневен изглед.

6. ПОДОБРА РАБОТА НА ВАШИТЕ ЦРЕВА 

Цревата се состојат од колонии од трилиони бактерии кои играат улога во регулирањето на расположението, функционирањето на имунолошкиот систем , па дури и одржувањето здрава телесна тежина. Рака под рака со јадењето повеќе пробиотска храна ( како јогурт или кефир) и пребиотска храна (грав и леќа, јаболка, овес) за да се одржува здрава цревна флора, може да се додаде и редовно вежбање кон листата поттикнувачи на цревата. Всушност, според рецензија објавена во 2019 година , редовните кардио тренинзи може да ја променат рамнотежата на микробиомот така што ќе бидат присутни повеќе корисни бактерии и би ја зголемиле и разновидноста на бактериите. Истражувачите дури велат дека оваа поврзаност со цревата може да биде една од причините зошто вежбањето генерално е толку добро за вас.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Е ДОБРО ЗА УМОТ,ТЕЛОТО И ДУШАТА

Како што можете да видите , толку многу неверојатни работи се случуваат кога вежбате, вклучувајќи ги и физичките и психичките придобивки. Дури и да најдете само 10 до 15 минути на ден , тоа малку може далеку да ве однесе !

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.