Материјал 1 од 0
Во тек

Весело, Разиграно и ,,Ча Ча Ча” ДОБРЕДОЈДЕ!

јули 27, 2024

Мерак ми е што ме читаш и што си овде! Пресреќна сум што си дел од најзабавниот проект до сега! Биди сигурна дека ова ќе биде твојата најдобра одлука за тебе и нема да зажалиш што си дел од “орото”. 🙂

Ти ветувам многу забава по дома, но не и дека ќе останеш во добри меѓусоседски односи и после предизвикот. :))

Исклучи реалност, вклучи ТВ. Контрадикторно ама никогаш повистинито!

Знам јас, а знаеш и ти како само една песна може да те врати десет години назад… Дозволи ми да те “извозам”. Препушти се и уживај на тој мал замислен ролеркостер во главата и патувај со мене низ годините со музиката. 

Убаво е ако имаш природен талент за играње и БРАВО за тебе, ПА ШТО и ако го немаш…?

Ако нешто научив од Тамара додека “лапав” осмици (чекори) и се осудував, е тоа дека нема погрешни движења во танцот. Не е битно ни кој те гледа, ни дали е музички коректно се додека тебе ти е убаво на душата.

Никогаш нема да ги заборавам зборовите на Тамара кои ме охрабрија:

Ми рече… ,, Ти не си танчер и не се ни труди да играш како него, а исто и твоите девојки. Да сакале да бидат професионалци, би се запишале на танц, а не кај тебе. “

Вистина е дека излегов надвор од мојата конфорт зона со цел да внесам забава во класичниот тренинг. Кога велам имам мисија да ги дигнам сите од кревет, мислев на 

DANCE CARDIO CHALLENGE!

Ова е прв ваков проект кај нас, па и пошироко. Да се започне нешто ново, оригинално и до сега невидено е навистина голем предизвик. Задоволна од она што го создадовме, но во исто време и доволно свесна дека секоја следна година може да биде уште подобра! Како и секогаш, оставам простор од Вас да доаѓаат позитивните критики за да ги доведеме сите следни предизвици и програми до совршенство!

Уште еднаш, Ти благодарам што си овде!

Спреми се за мноооогу забава и топење оваа пролет!

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.