Материјал 1 од 0
Во тек
[ВОНРЕДНО] МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК (IB месец 3)
Повели менито за понеделник. Го додаваме вонредно тука за да можеш да си зготвиш во недела за да имаш успешен старт во понеделник.
ПОЈАДОК: БАНАНА МИЛКШЕЈК
Состојки
- 1 банана
- 300 мл растително млеко
- 2 урми
- 5 лажици овес
- 2 лажички путер од кикирики
- Дозерка протеин ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Инструкции
- Бананата обично ни е основа на секое смути но никогаш не сме и дале шанса самостојно да не изненади . И банана немој никогаш да фрлаш, штом ти потемни излупи ја, исецкај ја и смрзни си ја во една ќесичка. Не знаеш за кога може да ти се најде, еве на пример за милкшејк. Не мора да е смрзната, само како совет ти давам да не фрлаш храна. Инаку сите состојки стави ги во блендер и уживај во твојот банана милкшејк.
УЖИНА: ЧОКО КИНОА – Само едно барче, останатото сочувај го за другите денови
Состојки
- 70 гр. киноа жива
- 70 гр. Темно црно чоколадо
- 1 лажиче кокосово масло
Инструкции
- Којзнае што си помисли кога виде чоколадна киноа, аман и во благите ли? Да да госпоѓице, и тоа ќе бараш уште. На чисто тавче тостирај ја киноата на средна температура, како кога пуканките почнуваат да пукаат така и киноата ќе почнат да пуцкаат и да бегаат од тавчето. Чоколадото заедно со кокосовото масло стопи ги на пареа и тостираната киноа истури ја во чоколадото. Промешај и истури на хартија во мало тавче и стави во фрижидер да се стврдне. Почекај саат време па пресечи си, но не претерувај, имаш уште за 2 до 3 ужинки од оваа смеса. Само едно барче, останатото сочувај го за другите денови.
РУЧЕК: ЗИМСКА ШЕФ САЛАТА
Состојки
- Неколку листови зелена салата
- 240 гр компир
- 50 гр сланина / ВЕГЕ замена 150 гр.тофу
- 1-2 пиперки
- 2-3 јајца
- 5-6 маслинки
- Млад лук или кромид
- Наш мајонез или замена грчки јогурт со сенф по едно лажиче, измешано со балсамик
Инструкции
- Компирот и јајцата свари ги, сланината/тофуто потпечи ја , можеш заедно со пиперката исецкана на ленти. Во длабок сад исецкај марула или ајсберг или било која зелена салата, и додај ги и останатите намирници. Ако имаш од нашиот мајонез тогаш употреби како дресинг една лажица, а ако не зачини си по твоја желба.
Notes
Веге Калории: 642kcal | Масти: 26g | Протеини: 42g | Јаглехидрати: 59g
ВЕЧЕРА: ЗЕЛЕНИ ПАЛАЧИНКИ
Состојки
- 3 големи лажици нискомасна урда
- 3-4 бриќети смрзнат спанаќ или две раце свеж
- 2 јајца
- 4 лажици овесно брашно или овесни смелени
- Прстофат сол многу малку прашок за пециво
Инструкции
- Сугестии за сервирање: 1 лажица ајвар, кисели краставички, 5-6 маслинчиња
- Спанаќот одмрзни го и исцеди го од вишокот вода. Урдата ја ставаш во чинија, додај ги јајцата и спанаќот и измешај со вилушка се заедно. Додај го брашното и мешај темелно додека не стане хомогена смеса без грутки. За побрзо пак, ако сакаш пробај и во блендер. Загреј сува нелеплива тава и пржи/печи ги палачинките (околу 2 лажици тесто по палачинка) од прилика 3 минути се додека дното не порумени малку. Сврти и пржи уште 2 минути.