Материјал 1 од 0
Во тек

Здрави Десерти

октомври 2, 2023

СЛАДОЛЕД СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ *три дози

Калории: 607kcal

Состојки

  • 2 смрзнати банани
  • 2 лажици путер кикирики
  • 1 дозерка ванила протеин
  • Малку растително млеко

Инструкции

  • Изблендирај ги сите состојки заедно но внимавај на количината млеко, да не ти е претечно, стави сосема доволно за да добие кремаста структура. Напрскај со печени несолени кикирики и малку рендано темно чоколадо и уживај во вкусот.

Исхрана

Калории: 607kcal | Јаглехидрати: 65g | Protein: 34g | Масти: 24g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

СТРАЧАТЕЛА СЛАДОЛЕД

Калории: 607kcal

Состојки

  • 250 гр. Банана
  • 50 гр. Кокосово млеко од конзерва кремастиот дел
  • 30 гр. Темно чоколадо со над 75 % какао

Инструкции

  • Бананата изблендирај ја со оној кремастиот дел од кокосовото млеко од конзервата, па додај го чоколадото и само кратко блендирај за да се направат парченца низ кремот. Наполни го во силиконски модли, замрзни го и за 2 часа имаш здрав сладолед

Исхрана

Калории: 607kcal | Јаглехидрати: 75g | Protein: 7g | Масти: 31g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

МАЛИНА БАРЧИЊА

Калории: 898kcal

Состојки

  • 200 гр јагоди или малини
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кокосов шеќер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 35 гр бадеми
  • 1 канче грчки јогурт

Инструкции

  • Во мал длабок сад измешај ги бадемите (прво исецкај ги на ситни парчиња или изблендирај ги), кокосовото масло и кокосовиот шеќер. Од оваа смеса стави по една лажица во силиконска модла или калап за мафини. Ова ќе биде основата.
  • Во друг сад измешај го грчкиот јогурт заедно со медот и стави по 2 лажици врз основата.
  • Одозгора изнаставај јагоди или малинки и смрзни ги во фрижидер.

Исхрана

Калории: 898kcal | Јаглехидрати: 91g | Protein: 23g | Масти: 49g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

АЈС ЈОГИ ПРАСКА *три порции

Калории: 536kcal

Состојки

  • 500 гр праски
  • 3 лажици агаве или мед
  • 1 канче грчки јогурт
  • 1 лажица сок од лимон

Инструкции

  • Изблендирај ги сите состојки заедно и стави во фрижидер да се стегне.

Исхрана

Калории: 536kcal | Јаглехидрати: 105g | Protein: 18g | Масти: 5g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!