Материјал 1 од 0
Во тек
Рецепти за замена
ЛЕСНА ВЕЧЕРА СО ПРАСКА И ПРШУТА
Состојки
- 50 гр говедска или свинска пршута
- 30 гр моцарела или бурата
- 2 праски или диња
Инструкции
- Начинот на подготовка на оваа вечера е многу едноставен. Се сече праската, се додава во чинија заедно со останатите состојки. За уште поголемо уживање декорирај си како на сликава.
- Калориска вредност
ПОИНАКВА ОВОШНА САЛАТА
Состојки
- 1-2 средно големи кајсии
- 1 рака цреши
- 1 рака рукола или ајзберг
- 30 гр фета
- 2-3 оревчиња или семки од тиква
- 2 лажици киноа или просо сварени настрана
- ϖ За дресинг: 1 мало лажиче балсамик 1 мало лажиче маслиново, малку мед по желба, сол, бибер.
Инструкции
- Уште еден интересен и едноставен рецепт за вечера. Дозволи си да испробуваш нови вкусови и да откриваш несeкојдневни рецепти на нашата платформа. Традиционалните јадења ги имаме, а и ги знаеме сите. Сите состојки се редат во длабок сад како на сликата, се додава дресингот и се меша. Не заборавај да сликнеш и да споделиш како ти се допадна оваа салата.