1. Започни тука: Како се користи MamaFIT програмата
Фала ти што си тука!
Пред да го видиш она што го добиваш во програмата, би сакале накратко да добиеш инфо како да навигираш низ твојот профил и материјалите.
А. Материјалите ти се поделени во три дела.
Дел 1: Старт
Во овој дел ќе ги видиш воведните материјали и ресурси пред да започнеш со тренинзите.
Дел 2: МЕСЕЦ 1 – Тренинзи и Храна
Во овој дел ќе ги видиш тренинзите и храната поделени во денови.
Штом го отвориш било кој ден ќе го видиш ова (од компјутер):
Во еден ден има три под категории: ТРЕНИНГ и ХРАНА.
Тренинг (видеата) и храната се респективно во табовите ТРЕНИНГ и ХРАНА
А вака изгледа еден ден од мобилен:
Важно: Од мобилен, табовите ВОВЕД, ТРЕНИНГ и ХРАНА се со кружни иконки. За да влезеш во овие табови, треба да кликнеш на нив.
Дел 3: Бонуси
Во овој дел ќе ги видиш бонус рецептите и едукацијата.
Б. НАЈАВА на твојот профил
Најавата ја правиш преку “најави се“ копчето на веб страната peacharmy.mk или директно преку овој линк: https://peacharmy.mk/login
В. ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ
Официјалниот старт на MamaFIT програмата е на 20ти Февруари.
Затоа, вежбите и храната ќе ти бидат отворени тогаш.
Во меѓувреме ќе ти бидат достапни само материјалите во делот “СТАРТ“