0% Поминато
0/0 Steps
  1. Старт

    ВОНРЕДНО МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК
  2. 1. Започни тука: Како се користи MamaFIT програмата
  3. 2. МАМА поздрав!
  4. 3. КОЈА Е МАРИЈА
  5. 4. ШТО Е ДИЈАСТАЗА
  6. 5. ВИДЕО ПОЗДРАВ ОД АНА
  7. 6. MamaFIT ФБ Група - ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО
  8. 7. ОСВОЈ ПАРИЧНА НАГРАДА - ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ТУКА →
  9. 7. ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА
  10. 8. Неделна Шопинг Листа за MamaFIT
  11. 9. ШТО МАМА СМЕЕ, А ШТО НЕ
  12. 10. Најчести прашања и одговори
  13. Месец 1
    Ден 1: Shake it UP MAMA
    2 Теми
  14. Ден 2: STRONGER than my EXCUSES
    2 Теми
  15. Ден 3: Cuddles and Snuggles (REST DAY)
    2 Теми
  16. Ден 4: BALANCE is the key
    2 Теми
  17. Ден 5: MAMA’s STRENGTH
    2 Теми
  18. Ден 6: Fire UP mama
    2 Теми
  19. Ден 7: In TOUCH with my BODY
    2 Теми
  20. Месец 2
    Ден 1: Mama Need's Some Fresh Start
    2 Теми
  21. Ден 2: The Stronger the Better
    2 Теми
  22. Ден 3: Mama Deserves Some Rest
    2 Теми
  23. Ден 4: Bootylicious Mama
    2 Теми
  24. Ден 5: Team Mama Can Do Anything
    2 Теми
  25. Ден 6: Push Your Limits
    2 Теми
  26. Ден 7: Pure Joy and Happiness
    2 Теми
  27. МЕСЕЦ 3
    Ден 1: Month of happiness
    2 Теми
  28. Ден 2: Sugar spice and everything nice
    2 Теми
  29. Ден 3: Coffee and chocolate
    2 Теми
  30. Ден 4: Wish and achieve
    2 Теми
  31. Ден 5: Leave a little sparkle
    2 Теми
  32. Ден 6: Blazing fire
    2 Теми
  33. Ден 7: Finish what you started
    2 Теми
  34. Бонуси
    1. ДОМАШНИ РАСТИТЕЛНИ МЛЕКА
  35. 2. СОЛЕНИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  36. 3. СЛАТКИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  37. 4. КАФЕ- КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ КАФЕ?
  38. 5. МЕШУНКИ, ЖИТАРКИ И ДОЕЊЕ
  39. 6. ДАЛИ МАМА СМЕЕ ДА СЕ ОПУШТИ СО АЛКОХОЛ?
  40. 7. Рецепти за замена
  41. 8. ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ
  42. 9. ОПАЃАЊЕ НА КОСА ПРИ ДОЕЊЕ
  43. 10. Рецепти за замена во МЕСЕЦ 3
Материјал 44 од 43
Во тек

2. КАКО ДА СЕ ОДВИКНАМ ОД НЕГО

октомври 15, 2024

Ако нешто научив во мојот живот, тоа е дека не треба да вршам поделба на луѓето или да имам предрасуди, но кога станува збор за одвикнување од благо или менување на навики, често знам да ги етикитирам луѓето, но оправдано и со причина.

За мене постојат два типа на луѓе, а ти слободно поправи ме или пронајди се:

ИМПУЛСИВНИ или РЕШИТЕЛНИ– До вчера воделе комплетно нездрав живот, а веќе од следниот ден се спремни да стават јасна граница и да преминат во екстремата на здравите навики, што воопшто не е лошо ако на крај им успее.

ИГРАЧИ НА ДОЛГИ СТАЗИ – Свесни се дека здравите навики не се баш нивна најсилна страна ама и дека не можат да се создадат преку ноќ, но веруваат дека со текот на времето, а сега и со помош на овој план ќе се научат чекор по чекор и природно, ова да стане нивни начин на живот.

Нема подобар или полош тим, безразлика во која група и да се пронајде. 

Најдобар тим е оној кој ќе успее да се откаже од нездравите навики, да ја победи зависноста од секојдневното конзумирање на шеќер и ќе си ја постигне целта, а како награда ќе добие долг и здрав живот со секси тело во комбинација.

Епа кој не би го посакал тоа?!

Мојата задача е да ти укажам на предностите и слабостите на секој тим за полесно да се справиш до крајот на играта.

ДОБРАТА И ЛОШАТА СТРАНА ДА СЕ БИДЕ ИМПУЛСИВЕН

Вистина е дека ова е најбрзиот начин да се откажеш од сите нездрави навики, меѓу кои е и шеќерот, но знај дека не е најлесен. Зависноста и потребата од слатко, која во овој момент ја чувствуваш, не стигнала кај тебе преку ноќ па затоа и откажувањето не е едноставно.

Еден од симптомите дека си зависна од шеќер е силната желба и потребата која ќе ја чувстваш во првите неколку недели за нешто слатко откако ќе се решиш да живееш без него (Овде зборувам за РЕФИНИРАН ШЕЌЕР за кој зборувавме во првата лекција). Последиците не се најстрашни, но се очекувани, телото се лечи од злото кое сме му го нанеле па нормално е и да се чувсвуваш раздразливо, уморно, а можна е и појава на главоболки.

Добрата вест е што желбите и страдањата ќе завршат за неколку недели. Па затоа ако сметаш дека си доволно силна за да не потпаднеш на искушенијата во овој временски период за нешто слатко, тогаш тоа што си импулсивна личност и не е така лоша карактеристика. 

ШТО АКО ОТКРИЕШ ДЕКА НЕ СИ ИМПУЛСИВНА ЛИЧНОСТ?!

Искрено?! Да си жива и здрава, а за тоа се бориме во оваа програма. Читај понатаму.

Она кое се трудам да ги научам сите девојки во Армијата е тоа дека ништо не е страшно и не преставува проблем се додека постои природно решение за истото. Ако не си импусливна личност, тогаш помири се со фактот дека и ти ќе стигнеш до целта, можеби не толку брзо како што си замислуваше, но ќе стигнеш до неа. На крајот на краиштата не ни е крива ниту исхраната, ниту познатото ‘немам време’, туку нашата глава која не сака да го прифати фактот и тоа како реално стојат работите.

СО МАЛИ ЧЕКОРИ ДО ГОЛЕМИ УСПЕСИ Е МОТОТО НА ИГРАЧОТ НА ДОЛГИ СТАЗИ

Оваа игра трае малку подолго од онаа на импулсивните луѓе, но со помали ризици за неуспех или откажување. Неслучајно се рекло дека се си има цена, а и тоа дека времето е најскапоценото нешто во животот, па изборот на крај како ќе ја дочекаме целта е целосно на нас. 

Се уште ќе имаш желби и потреби за нешто слатко, но без големи последници како оние на Импулсивните играчи, па лесно ќе можеш да се справиш во овие ситуации.

Да се разбереме, следењето на оваа програма го класифицирам некаде на средина. Ниту најбрзиот, а дефинитивно ниту најдалечниот пат до успехот. Некои девојки се одлучуваат делумно да го следат планот, а очекуваат целосни резултати. Епа дами мои, не одат баш така тие работи. Ќе добиеш онолку кокку што ќе се вложиш и потрудиш. 

На крај, безразлика во која група и да се пронајде, твојата глава и твојот начин на размислување и гледање на нештата е она што ќе ти го покаже кривиот пат или патот до вистинската цел. 

СОВЕТИ КАКО ПОЛЕСНО ДА ВЛЕЗЕШ ВО РУТИНАТА НА ЗДРАВИТЕ НАВИКИ

За мене не е важно кој тип на човек си во процесот на одвикнување од шеќер. Имаме иста мисија, а тоа е одвикнување од Господинот Шеќер, а еве и неколку Армиски совети: 

1. ИМАЈ ПОЗИТИВЕН СТАВ

Ако сметаш дека животот без рефиниран шеќер е залудно трошење на време, тогаш најверојатно си во право, а јас и ти немаме за што да разговараме понатаму. Биди реална ама имај и позитивен став за работите. Не очекувај дека нештата ќе тргнат на добро ако потајно чекаш да бидеш удрена од најлошото. Сети се на сите добри работи што ќе ги добиеш ако се откажеш од лошиот шеќер. Ќе се чувствуваш поенергично, мислите ќе ти бидат појасни, а ти ќе излезеш посилна. Желбата не е посилна од твојот карактер и нема да дозволиш да владее со тебе!

2. ПОЧНИ ДА ЧИТАШ ЕТИКЕТИ

Не треба да си голем експерт за да провериш колку шеќер има во некој производ, само сврти го пакувањето и погледни во делот со ‘Sugar’. Видиш ли производ со повеќе од 10гр шеќер(од 5 до 10 како некоја ориентација, се што е над е премногу) во 100гр… БЕГАЈ жено БЕГАЈ! Кога си веќе таму, ѕирни со едно око и во делот на ‘Fats’ или масти, во оваа колона се бориме за не повеќе од 3% масти во производ од 100гр.

3. НЕ СИТЕ ЈАГЛЕХИДРАТИ СЕ ЛОШИ

Ако си една од оние девојки кои гласно кажуваат ‘Јас не сакам да внесувам јаглехидрати’ или ‘немам потреба’ и слично, те молам и најдобронамерно ти пишувам да не го правиш тоа повеќе. Јаглехидратите се извор на енергија во телото, го одржуваат нивото на шеќерот во крвта и без нив на долг рок не би можеле да преживееме. 

Да пазиш КАКВИ ЈАГЛЕХИДРАТИ внесуваш е во ред, тоа го почитувам и поддржувам, но е многу поразлично од НЕ ВНЕСУВАМ и можам да живеам без нив, така? И пилињата на гранка знаат дека преработена храна, бело брашно и цела негова фамилија(леб, пецива, бели тестенини и слично) ќе ти создадат зависност иста како кога јадеш нешто слатко(шеќер), безразлика што немаат сладок вкус.

Барем во овој свет во кој што живееме постојат толку заменски произвои кои ќе ни ги задоволат сите сетила како кога уживаме во вкусот на нездравата храна, а менито на Армијата е доказ и прав генијалец по тоа прашање. 

Добар извор на јаглехидрати: Ориз, овес, палента, булгур, киноа, компир(но не на секој начин), леб од полно зрно и слично. 

4. БАШ СЕ ФИНИ СИТЕ ПРОТЕИНИ

Нема зошто да се лажеме, не е лесна рехабилитацијата од шеќер ама па затоа ќе си се ‘‘ подлажуваме“ со протеини. Протеините се најдоброто нешто што може да ти се случат на овој пат. Не се многу калорични, долго време се задржуваат во телото, односно бавно се варат, а тоа значи едно: ДОЛГО ВРЕМЕ СМЕ СИТИ!

Па кога си долго време сит со нешто што има малку калории, логично е и да почнеш да намалуваш килограми. Најлесно би ми било да сте сите на строга протеинска исхрана(Освен Insta BOOTY-њата, со нив па на други слатки маки сме), за ептен кратко време ќе видите резултати, а јас ќе ги добијам сите пофалби, но на долг рок тоа воопшто не е здраво и препорачливо, посебно не на своја рака. Магијата на исхраната на Армијата е тоа што се добро балансирани протеините, со здравите масти и јаглехидратите кои претходно се трудеше да ги избегнеш. 

Гладна си и сметаш дека оброкот не те  најаде? Зголеми на протеин, дозволувам!

Извор на протеини: Месо, риба, сејтан, белка од јајце, грав и леќа како најбогати меѓу мешункастите роднини, тофу иии тоа е доволно за почеток.

5. ПИЈ ВОДА

Никој не видел ништо лошо ако испие повеќе вода од вообичаено во еден ден. Сите прашуваат колку вода е доволно во денот и што ако се надмине границата, а никој не е загрижен кога ќе претера со алкохолот?! Чудни некои времиња, но ако веќе треба да дадам одговором сметам дека 2-2,5Л во денот е сосема во ред  за едно женско лице и сосема доволно да се исчисти телото од отровите во него. Тоа што си дехидрирана е една од причините за честите главоболки. Те боли глава?! -Пијам апче! Ајде следен пат кога ќе те здоболи глава  пробај да се напиеш две чаши вода наеднаш. Гладна си, а си јадела предмалку?! Не си гладна, жедна си и тоа знае да ти го помати умот. Нормално дека е матен, да имаше доволно вода ќе беше бистар! Но Ана, јас не пијам вода… МОЛАМ ГОСПОЃО?!! А јас не правам програми. Почни со малку лимон, смени го вкусот доколку си зависна од сокови и потрбно ти е да почувствуваш вкус во устата. Во бокал направи чај со помал концентрат на билки. Не е исто, но е многу подобро од непиење. 

6. СЕКОГАШ ИМА ПОЗДРАВ НАЧИН

Желбата за благо ќе почне да напаѓа, некогаш помалку и ќе може да се контролира, а некогаш, што не мора да значи, но постојат големи шанси да попуштиш. Затоа што си предупредена ќе сметам дека ќе бидеш и претпазлива. Црно чоколадо, урма, стевиа во кафе, нашите здрави десерти кои наскоро ќе ти бидат достапни се се што ти е потребно да ја задоволиш порочната желба.

Ги имаш најдобрите совети кои се паралелно и најфино спакувани за тебе. Дај си време, одвикнувањето од старата и добра слатка навика не е воопшто забавен процес, но вреди! Секогаш можеш да споделиш со Армијата како се справуваш. Искрено се надевам дека моите пишани зборови ти беа од помош.

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.