0% Поминато
0/0 Steps
  1. Старт

    ВОНРЕДНО МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК
  2. 1. Започни тука: Како се користи MamaFIT програмата
  3. 2. МАМА поздрав!
  4. 3. КОЈА Е МАРИЈА
  5. 4. ШТО Е ДИЈАСТАЗА
  6. 5. ВИДЕО ПОЗДРАВ ОД АНА
  7. 6. MamaFIT ФБ Група - ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО
  8. 7. ОСВОЈ ПАРИЧНА НАГРАДА - ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ТУКА →
  9. 7. ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА
  10. 8. Неделна Шопинг Листа за MamaFIT
  11. 9. ШТО МАМА СМЕЕ, А ШТО НЕ
  12. 10. Најчести прашања и одговори
  13. Месец 1
    Ден 1: Shake it UP MAMA
    2 Теми
  14. Ден 2: STRONGER than my EXCUSES
    2 Теми
  15. Ден 3: Cuddles and Snuggles (REST DAY)
    2 Теми
  16. Ден 4: BALANCE is the key
    2 Теми
  17. Ден 5: MAMA’s STRENGTH
    2 Теми
  18. Ден 6: Fire UP mama
    2 Теми
  19. Ден 7: In TOUCH with my BODY
    2 Теми
  20. Месец 2
    Ден 1: Mama Need's Some Fresh Start
    2 Теми
  21. Ден 2: The Stronger the Better
    2 Теми
  22. Ден 3: Mama Deserves Some Rest
    2 Теми
  23. Ден 4: Bootylicious Mama
    2 Теми
  24. Ден 5: Team Mama Can Do Anything
    2 Теми
  25. Ден 6: Push Your Limits
    2 Теми
  26. Ден 7: Pure Joy and Happiness
    2 Теми
  27. МЕСЕЦ 3
    Ден 1: Month of happiness
    2 Теми
  28. Ден 2: Sugar spice and everything nice
    2 Теми
  29. Ден 3: Coffee and chocolate
    2 Теми
  30. Ден 4: Wish and achieve
    2 Теми
  31. Ден 5: Leave a little sparkle
    2 Теми
  32. Ден 6: Blazing fire
    2 Теми
  33. Ден 7: Finish what you started
    2 Теми
  34. Бонуси
    1. ДОМАШНИ РАСТИТЕЛНИ МЛЕКА
  35. 2. СОЛЕНИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  36. 3. СЛАТКИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ
  37. 4. КАФЕ- КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ КАФЕ?
  38. 5. МЕШУНКИ, ЖИТАРКИ И ДОЕЊЕ
  39. 6. ДАЛИ МАМА СМЕЕ ДА СЕ ОПУШТИ СО АЛКОХОЛ?
  40. 7. Рецепти за замена
  41. 8. ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ
  42. 9. ОПАЃАЊЕ НА КОСА ПРИ ДОЕЊЕ
  43. 10. Рецепти за замена во МЕСЕЦ 3
Материјал 44 од 43
Во тек

3. ШТО ДА ЈАДАМ НАДВОР ОД ДОМА

октомври 15, 2024

Тоа што си дел од оваа програма не значи дека треба да заборавиш на социјалниот живот.

Програмата е создадена да ти помогне, а притоа и да стане твој начин на живот, па затоа и се одлучив да ти дадам неколку предлог менија кои верувам дека многу ќе ти се најдат и помогнат во денови кога ќе јадеш надвор од дома или нема да бидеш во можност да се водиш по планот.

Кога ќе здогледам група на девојки во некоја кафана како да имам некоја чудна навика па погледот неконтролирано веднаш ми бега на нивната маса. Се интересирам и сакам да знам што нарачуваат девојки кога ќе се соберат. Кажи дека сум налудничава, но моето долгогодишно истражување покажа дека девојките обожаваат похована даска и бело вино.

Има голема разлика од масата на типично женско и машко друштво. Не ми претставува голем мерак она што следно ќе го напишам, но мажите имаат поголем ред кога нарачуваат во кафана. Тие почнуваат со салата, добро и малку повеќе жестоко и ракија, но комбинацијата на разни салати е добрата страна на долгото мезење.

ЗОШТО?

Сме го наполниле желудникот со нискокалорична храна и веќе сме половина сити. На крај доаѓа месото и ние сме имале добра и избалансирана вечера или ручек.

Жените не знаат да мезат и тоа е најголемиот проблем. ТИЕ ЈАДАТ! Ај што јадат, туку јадат калорично. Поховани зденки, кашкавали, сирења, пилешки прсти и слично. Некои обожаваат со вино, а дел од нив комбинираат со најпосакуваната пијачка на модерното време- Џин Тоник. 

Не велам дека не смееш да се напиеш, на сите ни е дозволен еден оброк во неделата исполнет со комплетно опуштање и уживање, но ако го правиш тоа почесто, а притоа сакаш да си фит, треба да се држиш до одредени правила.

АКО сакаш да пиеш алкохол, НЕМА да јадеш леб, фурнаринки, сирење и пржени компири. Точка.

Масни ребра во фурна, колбаси и увијачи полнети со кашкавал нека бидат твојот последен избор. Знам дека е тешко, но потруди се барем на самиот почеток додека не почнеш да гледаш резултати од програмата да се откажеш од масното сирење додека си во ресторан.

Ретко која жена не обожава печурки, печурките на скара се одлично мезе.

Лебот замени го со некој подобар јаглехидрат како салата од компир. Тиквички на скара се исто одлично мезе. Опции има, ти фали само малку знаење и желба за да не погрешиш следниот пат. Во продолженија неколку предлог менија и опција кога си во кафана: 

п.с ДЕЛОТ СО ДЕСЕРТИ ЗА ТЕБЕ ВО ОВОЈ ПЕРИОД НЕ ПОСТОИ ГОСПОЃО!

И чисто информативно за војниците од Скопје, живеам близу Силбо и поминувам најмалку три пати на ден од таму. Се надевам нема да се сретнеме.

МЕНИ 1:

Витаминска салата со зелка, морков и цвеко.

Една порција пилешки стек со гарнир варен зеленчук или компир.

МЕНИ 2:

Туна салата со марула, пченка, маслинки.

МЕНИ 3:

Мимоза салата со марула, младо кромитче, ротквици, јајце варено, ти побарај три или две јајца во салатата.

МЕНИ 4:

Шопска салата.

10 ќебапчиња без леб.

кока кола зеро за посебни прилики и денови.

МЕНИ 5: 

Рижото со пилешко или било кој друг вид на рижото кој го нуди ресторанот. 

МЕНИ 6: 

Риба на скара со зелка салата.

МЕНИ 7: 

Порција лигњи на скара во комбинација со зелена салата, за промена со рукола, семки, морков и нешто слично.

МЕНИ 8:

Телешки бифтек со гарнир од зеленчук, варен или печен компир со салата.

МЕНИ 9: 

Печени тиквички на скара со лукче или без во комбинација со чисто свинско филе.

МЕНИ 10:

Компир салата со пастрмка.

Ова се само неколку предлози кои ми паднаа на памет, доколку имаш подобра идеја слободно прашај или сподели ја во групата, а јас секогаш можам да го збогатам менито.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.