4. ДОМАШНИ РАСТИТЕЛНИ МЛЕКА
Овесно млеко
Протеини: 17гр / Хидрати: 66гр / Масти: 7гр Вкупно калории: 395
СОСТОЈКИ:
- 100 гр овесни снегулки
- 1 литар вода
ПРИПРЕМА:
Блендирај ги заедно додека не се смелат снегулките. Течноста помини ја низ пластична цедалка или газа да го елиминираш оној густиот брашнест дел од овесните и складирај си ја во тегла или стаклено шише течноста која ќе ја процедиш.
Млеко од Бадем
Протеини: 22гр / Хидрати: 31гр / Масти: 51гр Вкупно калории: 667
СОСТОЈКИ:
- 100 гр бадеми
- 800 дл вода
- 3-4 урми
- течна ванила за вкус
ПРИПРЕМА:
Потопувате 100гр непечени бадеми вечерта во ладна вода и истите така преноќуваат. Наредниот ден, ги промивате и ги ставате во 800дл вода. Додавате урма, а доколку сакате и течна ванила за вкус. Ова млеко самото по себе од бадемот има убава арома, со течната ванила ќе го направите уште попривлечен вкусот. Го ставате во блендер и блендате кратко додека не добиете хомогена смеса. Ја прецедувате смесата од блендерот низ газа. Убаво исцедете ја газата, а потоа складирајте си го млекото во стаклен сад (шишиња, тегли). Користете го топло или ладно.
Млекото се складира во стаклен сад (шишиња, тегли) и истото се чува во фрижидер. Бидејќи е домашно подготвено и не содржи додатоци да го оддржат подолго употребливо, истото може да се користи од 4-7 дена. Јас си ја правам оваа доза и го користам 4-5 дена.
Кокосово млеко
Протеини: 22гр / Хидрати: 31гр / Масти: 51гр Вкупно калории: 667
СОСТОЈКИ:
- кокосови стружки (можете и свеж кокос да користите ако сакате), но подостапен ви е кокосот во форма на стружки, ги имате по маркетите, прилично се ефтини (20-30 денари);
- 2Л вода
- 4-5 урми и
- малку ванила екстракт (по желба).
ПРИПРЕМА:
Загревате 2л вода до зовривање и потопувате цела шоља стружки од кокос. Додавате 3 урми и по желба и екстракт од ванила (јас само со урмите го правам, доволно ми е таа арома и е задоволително благ). Го оставате 30тина минути да отстојат и потоа, точно кога ќе се подизлади, го ставате во блендер и блендате кратко додека не добиете хомогена смеса. Ја прецедувате смесата од блендерот низ газа. Убаво исцедете ја газата, а потоа складирајте си го млекото во стаклен сад (шишиња, тегли) и чувајте го во фрижидер. Користете го топло или ладно. Ова е дупла доза, може да направте и пола доколку го пиете сами.
Кокосовото млеко вообичаено се прави од свеж кокос, ама стружките се подостапни и поефтини, мене ми е полесен, побрз и поедноставен начин на правење на млекото. Доколку сакате, користете и свеж кокос.
Најдобро е ако се складира во стаклени шишиња или тегли. Бидејќи е домашно подготвено и не содржи додатоци да го оддржат подолго употребливо, истото може да се користи од 4-7 дена. Јас си ја правам оваа доза и го користам 4-5 дена.