4. КАФЕ- КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ КАФЕ?
Уффф тешко прашање нели?!
Мислам дека сите сме се нашле во ситуација кога не сме сакале да разговараме со никој се додека не го испиеме првото утринско кафе, но дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така и што значи оној добро познат од секаде слушнат муабет, напиј се кафе ќе те освести?
Ајде да разгледаме некои интересни факти поврзани со кафето.
Темно обоено, горчливо и малку кисело, кафето има стимулирачки ефект врз луѓето, првенствено поради содржината на кофеин. Тоа е најпопуларниот топол пијалок во светот. Семињата од плодовите на растението Coffea се одвојуваат за да се добијат непечени зрна кафе. Иако навидум кафето нема значајни нутритивни вредности, кофеинот кој го содржи кафето е од исклучиво значење за нашето тело.
Кофеинот го болкира рецепторот за аденозин, аденозинот претставува енергетско соединение чија функција е да дава енергија на повеќе животни процеси, па така, со конзумирање на кофеинот се спречува природната способност на телото да се одмори кога се осеќа уморно. Кафето го стимулира и ослободувањето на допамин во мозокот, хормон кој го предизвикува чувство на еуфорија поради што луѓето кога ќе го испијат своето кафе наутро се посреќни. Истото претставува силен антиоксиданс, па така кафето помага на нашето тело да се спречи или минимизира стресот, но и полесно да се справиме со истиот.
Но ајде сега да го одговориме главното прашање.
КОЛКУ КАФЕ Е ПРЕМНОГУ КАФЕ ?!
КОЛКУ КАФЕ СМЕЕ ДА ПИЕ ЕДНА ДОИЛКА?
Според La Leche League (интернационална организација за поддршка на доењето) за доилките дозволената количина во текот на денот се движи околу 200 до 300 мг кофеин, што во превод(кафе превод) е 2 полни шољи кафе, или во Nescafe Dolce Gusto капсули (апаратот кој јас го имам дома) 4 капсули од најакото Premium Arabica & Robusta coffee. Ова е факт кој и мене секогаш ме изненадува кога ќе си го повторам, бидејќи уште еднаш потврдува дека и кофеинот нема негативно влијание врз млекото на доилките, доколку, нормално, нема некој докажан предизвик (негативен ефект) во врска со истото. За мајките кој не дојат податокот е дека можат да внесуваат неограничено количество на кофеин во текот на денот, доколку истото не смета на дигрестивниот ситем, расположението и не се увидело резултат на некоја ментална блокада пиејки го истото.
Ајде сега да се договориме вака, ова горе наведеното- “неограничено количество“мене воопшто не ми се допаѓа како податок. Едно нешто што може да се конзумира во неограничени количини во нашето тело е само ВОДА! Ако некој сака да го побие ова со факти, слободно, ве чекам мајки! За се останато треба да си го слушаме телото, а доилките да си го пратат и нивното дете. Кафето во никој случај не треба да биде замена за оброк, не треба да го пиете кога ви е досадно, кафето никогаш не треба да биде причина да ставите кило шеќер и млеко или уште помалку да изедете некоја “нездрава торта” само зошто сте пиеле кафе. Како што досега неколку пати напоменав, сакам низ оваа програма да научите да се слушате себе си и вашето тело. Затоа ве молам, размислете кое е вашето омилено кафе, кој вкус на кафе највеќе ви се допаѓа, купете го и уживајте. Кафето како и секој оброк или пијалок треба да ви носи прво задоволство, па потоа низа придобивки, не секогаш истите треба да се нутритивни, некогаш е повеќе од доволно да се ментални, како во случај кофеинот во кафето!
Така што мајка, независно дали си доилка или не, напиј се една чаша од твоето омилено кафе и уживај!!!!
Те чекам на фејсбук групата да ми пишеш колку кафе дневно пиеш, дали и ти си од оние личности која не може да се освести пред утринско кафе, како и кое кафе ти е омилено 😊
Дали си знаела?!
Кафето е овошје!!!! ????
Зрната кафе растат на грмушка. Тие се всушност се обвивките (јамата) на бобинките, што прави плод. Постојат две главни сорти на зрна кафе: зелено и црвено. Црвеното зрно има поубав мирис и е помалку кисело. Овие зрна се користат за производство на полесни кафиња. Колку подолго се печени зрната кафе, толку се поздрави. Кафето без кофеин доаѓа од хемиски процес каде што кофеинот се вади од зрната.