4. МИСИЈА НА АРМИЈАТА?
Научи да бидеш БЛАГОДАРНА
Нашата главна мисија е да успееш, но и да го засакаш целиот процес додека стигнеш до врвот. Во овој момент можеби си најдалеку од целта, но тоа не е причина за да заборавиш колку си благодарна за се до сега. Застани, размисли која е твојата најголема мотивација и твојот извор на среќа, твојата секојдневна поддршка. Не заборавај зошто си тука и само така нема никогаш да се откажеш. Научи да ги контролираш твоите мисли и секогаш труди се да бидат позитивни, затоа што тие се оние кои го диктираат патот до посакуваната цел.
Докажи дека си посилна од нив. Биди БЛАГОДАРНА!
И потсети се колку си СИЛНА
Престани да се жалиш. Немој никогаш да се сожалуваш, на 99% од луѓето не им е грижа за твоите маки и проблеми, а верувај дека таквото однесување не води нигде, најмалку до посакуваното место. Секој пат кога прераскажуваш нешто лошо, ти повторно се соживуваш со моментот и се спојуваш со стресот. Тоа не е во стилот на АРМИЈАТА која победува. Иронично е тоа што најчесто најтешките времиња се оние кои ни го покажуваат правиот пат до вистинската среќа и успех. Никогаш нема да сфатиш колку си силна, се додека тоа е единствената опција која ти е дадена.
МОЖЕШ ТИ! Можеш многу повеќе, а затоа и ќе успееш.
Преземи ги работите во свои раце, бликај од САМОДОВЕРБА
Научно е докажано дека луѓето кои себеси се сметаат за атрактивни и згодни се далеку посамоуверени од останатите кои немаат такво мислење за себе. Да не се разбереме погрешно, самодовербата може да доаѓа од различни места и не е строго поврзана со физичката убавина, но задоволството од сопствениот изглед е битна и силна алатка која ќе ни помогне да ги подобриме и останатите сфери во животот. Покрај тоа што сакаме вистински да се цениш и почитуваш себеси, нашата мисија е и да го засакаш ликот кој секојдневно ќе го гледаш во огледало. Најдобриот начин да ја кренеш самодовербата е да го правиш она што те плаши, она од што бегаш.
Јас сум СИЛНА, јас сум САМОУВЕРЕНА и пред се, јас сум СПОСОБНА да постигнам се што можам да замислам. Јас сум ЖЕНА!
Соочи се со РЕАЛНОСТА
Кој знае што му носи животот на секој од нас?! Сурова игра во која нема правила. Без разлика што и да ни се случи, одлуката како ќе ја прифатиме новата ситуација е целосно наша. Најлесно е да се скршиш и поминеш без борба, но таа одлука не чини живот. Ти си ФЛЕКСИБИЛНА. Ти можеш и знаеш како да се вратиш посилна.
Верувам дека има милион причини зошто си тука. Не знам низ што поминуваш, но знам дека не си сама. Се пријави затоа што ужасно ти сметаа тие неколку килограми, влијаеја на твојот љубовен живот или нешто трето… Ова е твојата реалност и не се обидувај да избегаш. Ако веруваш дека оваа програма ќе подобри многу нешта, во право си!
Соочи се со реалноста и зГАЗи СИ!!!
Пронајди ја твојата МОТИВАЦИЈА
Најчесто мотивацијата е онаа која не ни дозволува да расцутиме и да се покажеме во вистинското светло, а не работата која треба да ја извршиме за да стигнеме до таму. Сите луѓе сме приказна за себе и сите сме различни, а тоа значи само едно:
СИТЕ НЕ МОТИВИРААТ РАЗЛИЧНИ НЕШТА.
Некој го мотивира сопствениот успех, големата слика за себе е онаа која ја крева мотивацијата до плафон. Некој го мотивира туѓиот успех, и тоа не е погрешно ако те дига од кревет секое утро. Некој го мотивира убава жена, убава жена ја мотивира убава жена за да успее. Сите се мотивираме од различни нешта. Најди го она што тебе ти го разигрува срцето и те прави гладна за успех.
Зграпчи и ОСВОЈ ГО СВЕТОТ!!!
Ќе успееш само ако го поминеш тестот на ТРПЕЛИВОСТ
Трпеливоста е особина со која не може секој да се пофали. Поголемиот дел од луѓето се откажуваат прерано од своите соништа само заради тоа што не се трпеливи, а не заради тоа што не им одело добро. Сакам да се соживееш со овој план. Секое поле има своја приказна која те учи на нешто. Искористи го паметно и извади го максимумот од оваа програма.
БИДИ ВОЈНИК за пример!
Во потпис,
АРМИЈАТА