4. ШТО Е ДИЈАСТАЗА
Мајка! Накратко, тука би сакала да го објаснам и да ти го приближам поимот дијастаза.
Дијастаза е растојанието помеѓу двата централни стомачни мускули. За време на бременоста матката се шири, доаѓа до ослабнување на мускулниот тонус, се намалува сврзното ткиво и поради тоа доаѓа до раздвојување на овие мускули. Нормално е секоја родилка во првите недели да има дијастаза до 2 прста, но истата би требало да се повлече по третиот месец. Дијастаза кој е помеѓу 1 и 1,5 прст, се смета за нормална.
Многу е важно по бременоста, особено за оние мајки кои ја започнуваат програмата рано по бременоста, да се внимава овие мускули да не се оптоварат дополнително , иако мала дијастаза со несоодветни вежби, кои ги дефинираат стомачните мускули а не ги зацврстуваат истите, може да се зголеми.
Можеби сите овие информации кои ви ги пренесувам ви се помалку конфузни, знам, и за мене беа такви, особено зошто во нашето поднебје не се зборува толку за оваа состојба, а истата повеќе ја забележуваме кога ќе имаме дефинирани стомачни мускули и кога ќе се појави тој расцеп во средина – тоагаш стануваме свесни што сме направиле.
Оттука, сакам да потенцирам дека и оние мајки кои не се тазе породени, можат да ја намалат дијастазата со секојдневно вежбање на бонус тренингот за дијастаза. Доколку мајката има дијастаз адо 2 прста, тренингот за дијастаза го вежба еднаш до два пати неделно, а доколку мајката има дијастаза поголема од 2 прста, тренингот за дијастаза го вежба три до четири пати неделно. Тренингот за дијастаза се вежба во комбинација со другите тренинзи предвидени за месец 1, 2 и 3.
На видеото во прилог е објаснето како се мери дијастазата. Вежбите за дијастаза се вежбаат сѐ додека дијастазата не е под 1 или 1,5 прст.
Ако некоја мајка има дијастаза повеќе од 4 прсти, задолжително да се консултира со физиотерапевт или хирург!