5. МЕШУНКИ, ЖИТАРКИ И ДОЕЊЕ
ШТО СОДРЖАТ МЕШУНКИТЕ И ЖИТАРИЦИТЕ, А МУ ПРЕЧИ НА МОЕТО БЕБЕ?!!
Периодот на доење претставува клучна фаза во животот на една мајка која го дои своето дете. Во овој период мајката треба правилно да ги избере продуктите кои ги внесува за телото од нив да може да ги црпи хранливите материи.
Хранливите материи се оние кои стигаат до мајчиното млеко, останатите честички од храната не преминуваат во крвта, се задржуваат во цревата и оттаму се исфрлаат. Секако, има одредени состојки(тоа се најчесто деличиња од протеини), кои преминуваат во крвотокот и во мајчиното млеко и може да предизвикаат реакција кај доенчето во вид на алергија. Поради некоја причина честопати се верува дека таква состојка е лектинот која го има во мешунките, па доилките често избегнуваат да ги користат во месеците кога дојат.
Лектини се вид протеини кои се пропратна компонента на многу мешунки и житатки. Тие имаат способност да се врзат за јаглехидратите (шеќерната компонента на јаглехидратите), па предизвикуваат аглутинација на гликоконјугати и полисахариди. Оттука многумина мислат дека лектините се токсични за организмот и само се таложат и натрупуваат во цревата што е пропратено со нивно подувување.
Ова тврдење не е далеку од витината, НО, при преработка на мешуките, при нивно варење, печење, оваа токсичност се губи, активната супстанца преминува во неактивна, а со самото ‘ртење на житарките токсичноста е исчезната! Така што мешунките и житарките се дозволени да се конзумираат секогаш, и во бременоста и за време на доењето.
Секако, како и конзумирањето на секоја храна, така и конзумирањето на овие намирници кои содржат лектин не треба да биде претерано, со претходно прописно нивно подготвување!
Гравот, грашокот, леќата, наутот и многу други мешунки и житарки изобилуваат со витамини А,Б,Ц и Е. Содржат каротиди, магнезиум, железо и големо количество јод, кој е од особена важност при доењето!
!!!!Да запомниме!!!! Употребата на мешунки и житарки за време на доењето не само што не е штетна, туку истата е препорачлива!!! Како и сите намирници така и овие треба да бидат дел од разноврсна и правилно избалансирана исхрана кај мајката!
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?!
Потеклото на гравот е од Јужна Америка. Во античко време гравот не се користел само за прехрана туку и за козметика. Од грав се правеле маски за коса, лице и раце. Гравот содржи ензими кои помагаат во регенерација на епителот. Овие ензими ја прават кожата помека и ја хидрираат!