Материјал 1 од 0
Во тек

6. СЛАТКИ НАМАЗИ И ДОДАТОЦИ

октомври 15, 2024

Домашен џем од малини (или било кое друго овошје)

Протеини: 5гр / Хидрати: 68гр / Масти: 3гр  Вкупно калории: 317

Домашен џем од малини.JPG

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. малини
  • 50 мл вода
  • 1 ќесичка желатин
  • пола лажиче стевија (или течен засладувач мед, агаве, јаворов сируп…)

ПРИПРЕМА:

Овој рецепт е спас за палачинки, а одличен додаток и во чиа пудинзи. Постапката е многу едноставна. Измешај се во тенџере на оган и стави на тивко да се крчка. Малините штом се распаднат и омекнат вари уште неколку минутки и додај една ќесичка желатин или 2 лажички чиа семе за да се стврдне малку смесата. Складирај во тегличка. Превкусен е, освен што се користи за палачинки или во рецептот со чоколадната чиа, можеш да го додадеш во гранола со грчки јогурт за појадок. Има многу комбинации, верувам дека ќе ти се најде.

Нутела на Армијата

Протеини: 47гр / Хидрати: 153гр / Масти: 103гр  Вкупно калории: 1723

Здрава Нутела.JPG

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр лешници
  • 30 мл растително млеко
  • 150 гр урми
  • какао по желба

ПРИПРЕМА:

Пред да кажам како се подготвува да се разбереме дека и покрај тоа што е здрава варијанта на крем тој е поприлично калоричен, па внимавајте во кои денови го внесувате. Потопи ги урмите во вода да омекнат минимум 30-тина минути. Изблендирај ги прво лешниците, додај ги урмите и млекото и какаото и блендирај се заедно до хомогена смеса и сликни ни да видиме како ти испаднал. Мњам!

Домашна Нутела од наут

Протеини: 50гр / Хидрати: 157гр / Масти: 32гр  Вкупно калории: 1115

домашна нутела од наут.JPG

СОСТОЈКИ:

  • 2 чаши варен наут (околу 400г)
  • 2 лажици таан (околу 30г)
  • 7-8 урми
  • какао
  • малку био млеко, колку да врзе (кокос/бадем)

ПРИПРЕМА:

Потопете го наутот во ладна вода (сув наут од продавница за здрава храна) од вечер, за да отстои околу 12 часа минимум. Премијте го и ставете го во тенџете за варење. Потоа го варите помалку од еден час. По варењето оставете го да отстои во топлата вода. Отстранете ја водата и наутот е спремен за блендање.

Се ставаат наутот, таанот, медот/урмите, какаото и био млекото во блендер и се микса се додека не се добие убава смеса. Добивате своевиден намаз, кој можете да го користите за премачкување на овесните палачинки, кој ви е здрава верзија на нутела крем. Превкусен е! Доста е калорична па имај го во предвид твојот дневен калориски внес. Без разлика што е ова здрава нутела и далеку подобра од обичната, сепак треба да внимаваш во која количина ја внесуваш.

Домашна Гранола 

Протеини: 60гр / Хидрати: 155гр / Масти: 122гр  Вкупно калории: 1958

домашна гранола.jpg

СОСТОЈКИ:

  • 150 гр. Ситни овесни снегулки
  • 50 гр. Непечен сончоглед
  • 60 гр. Микс од јатки (бадеми, лешници , индиски – непечени)
  • 50 гр кокос
  • 1 рака брусница (сува)
  • 1 лажиче какао
  • 2 лажици стопено кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици путер кикирики
  • 1 лажиче ванила

ПРИПРЕМА:

Измешај ги во еден сад прво сувите состојки , а јаткастите плодови иссецкај ги претходно, но нека бидат покрупни. Во друг сад измешај ги течните додека не добиеш хомогена смеса и истури ја во садот кај сувите и се заедно измешај добро. Смесата распространи ја на хартија за печење и печи 10-тина минути на 200 степени (зависно од рерната). Проверувај, можеби ќе ти треба некоја минута плус. Потоа остави ја да се излади добро и складирај ја во тегли, ќе си имаш спремно за подолг период.

Домашен Путер од кикирики

Протеини: 104гр / Хидрати: 64гр / Масти: 203гр  Вкупно калории: 2499

Домашен путер од кикирики.JPG

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр печени несолени кикирики
  • прстофат сол
  • 1 лажичка маслиново масло

ПРИПРЕМА:

За путерот од кикирики може да користите кикирики кои најмногу ги сакате, јас користам печени несолени кикирики. Состојките ставете ги во блендер и миксајте ги убаво се додека не стане содржината путер, а за тоа ви се потребни неколку минути и ќе биде потребно неколку пати да го отворите блендерот/процесорот за со лажиче да соберете од ѕидовите што се залепил дотогаш сомелениот путер (и така повторувате неколку пати).

Добиениот путер ставете го во стаклено тегличе и чувајте го во фрижидер. Легендата вели дека путерот од кикирики може да стои во фрижидер и до 3 месеци (ние го јадеме и порано, така да не сме успеале да го истестираме овој период до сега).

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.