Материјал 1 од 0
Во тек

7. ПРАВИЛА НА ПРОГРАМАТА

октомври 9, 2024

Мајки кралици!!! Откако ве воведов во програмата, вежбите и имавме мала едукација за дијастаза, ајде малку да зборуваме за исхраната. 

Пред да имате пристап до рецептите, сакам да ви укажам на некои битни работи за да имате успех во постигнувањето на вашата цел!

  • Секое утро, откако ќе станете да испиете млака вода со лимон и ѓумбир. Во 250 до 500 мл млака вода се цеди половина лимон и се ренда малку корен од ѓумбир.
  • Да не заборавиме, мајките доилки задолжително, во текот на целиот ден, треба да внесуваат минимум 4 л. вода! Мајки, основата на животот е вода, која е основата и на млекото. Пред да ја отвориме било која друга тема: ВОДА! ВОДА! ВОДА! Земете шише и минимум 3 литри вода, но и вие мајки што не доите, да не се почувствувате непрозвани! ВОДА и за вас! Минимум 2,5 л.
  • Зрната киноа, просо и хељда пред конзумирање задолжително да се измијат со ладна вода и процедат (за подобра дигестија може да ги киснете од вечер) истите се варат во сооднос 3:1 вода со зрно.
  • Секоја намирница која не е наведена во програмата не е дозволена, секоја намирница плус, содржи дополнително калории. Значи, доколку не е назначено поинаку, салатата се зачинува со една лажичка маслиново масло, лимон и малку сол, дополнително не се користат соја сосови, балсамико, концентрирани сокови, семки за салати, оброци и слично.
  • Во деловите каде е наведено: „зачини по избор“, може да се користат сите хербални зачини и сол во умерени количини, но, „ВЕГЕТА“ НЕ Е ЗАЧИН! ВЕГЕТАТА НЕ Е ДОЗВОЛЕНА ВО ПРОГРАМАТА!
  • Кафето се пие незасладено и без дополнително користење на млеко (само е потребно да имате желба да ја смените навиката, да не пиете млеко со шеќер и кафе, верувајте, ќе ми бидете благодарни). Доколку премногу ви пречи вкусот на незасладено кафе, дозволено е, но не и препорачливо, само користење на стевија.
  • Какаото исто така има калории, не е дозволено да се внесува, доколку не е зададено во програмата.
  • Може да се пијат сите хербални чаеви, но не и овошни.
  • Газирани и засладени пијалоци не се дозволени, дозволено е само лимонада, кисела вода и црвено вино, ретко, не повќе од 2 чаши во неделата.
  • Оброците се следат онака како што се напишани, во денот во кој се предвидени, истото важи и за вежбите. Во рубриката „најчести прашања и одговори“ е наведено, доколку има потреба, која намирница со што може да се замени. 
  • Оброците се со пресметан калориски внес и макро и микронутритиенти во текот на денот, затоа не е пожелно нивно менување по денови, но доколку е неопходно, внимавајте замената да биде доручек со доручек, ручек со ручек и вечера со вечера, со приближен број на калории. Доколку пречесто ги менувате и “играте” со калориите, ќе се наруши дневниот внес и нема да го добиете посакуваниот резултат.
  • Доколку сте доилка чие бебе е на ексклузивно доење и почувствувате преголем глад, покрај оброците дозволено е да сварите или 2 јајца и зелена или зелка салата, малку зачинета, или морков и цвекло салата, или да испиете 250 мл. нискомаслен јогурт со 1 варено јајце. (од овие три комбинации доколку сте гладна, употребете само една).
  • Растојанието помеѓу оброците треба да е минимум 3 часа, и ужинката е оброк.
  • Последниот оброк треба да ви биде 2 часа пред да спиење.
  • Може да вежбате во било кој дел од денот, а доколку одлучите да вежбате после оброк, потребно е да поминат минимум 2 до 2,5 часа.
  • Доилките пред да вежбаат, најубаво е да го надојат детето и да вежбаат со празни гради, со градник кој им ја нуди најголемата потпора.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.