7. Твојата ТРАНСФОРМАЦИЈА – ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО
Што треба да направиш:
На лист хартија напиши го името на програмата InstaFIT 2023 и датумот кога ќе ја направиш првата фотографија и покриј го лицето како на примерот подолу. Потруди се да се гледа убаво напишаниот датум и на сликите на старт и на сликите откако ќе заврши осмата недела.
Совети за подобра фотографија:
Сликај се на дневна светлина, најдобро би било ако те слика некој друг и никако во спротивна насока на сонцето. Потруди се позадината каде што ќе се сликаш да биде чиста, пример на бел ѕид и слично. Можеш да бидеш облечена на гаќички и прслук, а можеш и на кратки шорцеви и спортски градник, битно ми е да ти се гледа стомакот и да не е прекриен со хеланки или гаќи. Не може да се воочи разликата ако си покриена со блуза или долга и широка маица или црни хеланки. На сите слики задолжително е да носиш исти алишта и потруди се да ја изимитираш истата поза за на крај добро да се воочи разликата. Фотографии во различна облека и видно различна поза, нема да учествуваат во изборот.
НАСОКИ ЗА ВИДЕОТО:
Прати видео, во шорцеви/купаќи/долен веш, каде ќе биде откриен стомакот и пробај да го изимитираш видеото подолу.
Прикачи го видеото и сликите на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/instafit-feb-group-2023
ВАЖНО:
Името и главата нема да бидат откриени на ниедна девојка на предизвикот. На сликата потребно е да држиш картон/лист хартија со датумот на кој е направена фотографијата. Сите оние кои нема да ги следат правилата ќе бидат дисквалификувани и нема да учествуваат во изборот на најдобра трансформација на InstaFIT.
Еве каде да ги испратиш сликите и ВИДЕОТО:
→ Сликите за трансформација ги испраќаш на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/instafit-feb-group-2023
Потребно е да внесеш:
1.Tвое име и презиме
2.Твоја е-маил адреса со која си регистрирана во предизвикот.
3.Слика 1(слика од напред)
4.Слика 2(слика од страна)
5.ВИДЕО
*Напомена: Сите девојки со испраќање на слика пред и потоа, се согласни нивната трансформација да се користи за промотивни цели/социјални медиуми, без откривање на нивниот идентитет.
Слики и ВИДЕО како пример:
Во продолжение ти испраќам пример како треба да излегаат сликите и ВИДЕОТО кои ќе ми ги испратиш. Ќе те замолам да ги следиш правилата, во спротивно твојата слика нема да ги исполнува поставените критериуми и нема да биде дел од предизвикот. Овој дел го работам сама и ќе ми биде од голема помош ако ги следиш овие правила. Немој да правиш колаж од сликите. Во полето СЛИКА 1 објавуваш САМО ЕДНА СЛИКА, а тоа е сликата од напред, во полето СЛИКА 2, ја објавуваш сликата од страна, како примерот подоле.