Материјал 1 од 0
Во тек

7. Твојата ТРАНСФОРМАЦИЈА – ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО Copy

јули 27, 2024

Што треба да направиш

На лист хартија напиши го името на програмата InstaBOOTY 2023 и датумот кога ќе ја направиш првата фотографија и покриј го лицето како на примерот подолу. Потруди се да се гледа убаво напишаниот датум и на сликите на старт и на сликите откако ќе заврши осмата недела.

Совети за подобра фотографија:

Сликај се на дневна светлина, најдобро би било ако те слика некој друг и никако во спротивна насока на сонцето. Потруди се позадината каде што ќе се сликаш да биде чиста, пример на бел ѕид и слично. Можеш да бидеш облечена на гаќички и прслук, а можеш и на кратки шорцеви и спортски градник, битно ми е да ти се гледа стомакот и да не е прекриен со хеланки или гаќи. Не може да се воочи разликата ако си покриена со блуза или долга и широка маица или црни хеланки. На сите слики задолжително е да носиш исти алишта и потруди се да ја изимитираш истата поза за на крај добро да се воочи разликата. Фотографии во различна облека и видно различна поза, нема да учествуваат во изборот.

НАСОКИ ЗА ВИДЕОТО:

Прати видео, во шорцеви/купаќи/долен веш, каде ќе биде откриен стомакот и пробај да го изимитираш видеото подолу.

Прикачи го видеото и сликите на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/instabooty-feb-2023

ВАЖНО:

Името и главата нема да бидат откриени на ниедна девојка на предизвикот. На сликата потребно е да држиш картон/лист хартија со датумот на кој е направена фотографијата. Сите оние кои нема да ги следат правилата ќе бидат дисквалификувани и нема да учествуваат во изборот на најдобра трансформација на InstaFIT.

Еве каде да ги испратиш сликите и ВИДЕОТО:

→ Сликите за трансформација ги испраќаш на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/instabooty-feb-2023

Потребно е да внесеш:

1.Tвое име и презиме

2.Твоја е-маил адреса со која си регистрирана во предизвикот.

3.Слика 1(слика од напред)

4.Слика 2(слика од страна)

5.ВИДЕО

*Напомена: Сите девојки со испраќање на слика пред и потоа, се согласни нивната трансформација да се користи за промотивни цели/социјални медиуми, без откривање на нивниот идентитет.

Слики и ВИДЕО како пример:

Во продолжение ти испраќам пример како треба да излегаат сликите и ВИДЕОТО кои ќе ми ги испратиш. Ќе те замолам да ги следиш правилата, во спротивно твојата слика нема да ги исполнува поставените критериуми и нема да биде дел од предизвикот. Овој дел го работам сама и ќе ми биде од голема помош ако ги следиш овие правила. Немој да правиш колаж од сликите. Во полето СЛИКА 1 објавуваш САМО ЕДНА СЛИКА, а тоа е сликата од напред, во полето СЛИКА 2, ја објавуваш сликата од страна, како примерот подоле.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.