Материјал 1 од 0
Во тек

6. МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК

октомври 22, 2024

Појадок: ЛЕПЧЕ СО УРДА И ПЕЧУРКИ

Калории 314 kcal

Состојки
  

  • 2 интегрални лепчиња
  • 2 лажици нискомасна урда
  • 5-6 шампињони
  • пиперка запржена или свежа

Инструкции
 

  • Шампињоните се пропржуваат и си додаваш зачини по желба. Пиперката можеш исто да ја пропржиш заедно со шампињоните или да ја додадеш свежа. Лепчињата се мачкаат со урда, а врз нив се додаваат печурките заедно со пиперката. Во оваа комбинација не е погрешно и ако додадеш свеж домат од страна или младо кромидче. На здравје појадок!

Ручек: ОРИЗ СО МЕЛЕНО МЕСО

Состојки
  

  • 3 големи лажици ориз
  • 1 лажица пченка по желба
  • 1-2 моркови
  • 1 кромид
  • 3 брикети спанак свеж или замрзнат
  • 80 – 100гр говедско мелено месо 70гр тофу или црн грав за замена
  • 9-10 шампињони
  • свeжа зелена салата по избор

Инструкции
 

  • Оризот стави да се вари, а во друго тавче пропржи морков кромид и печурки. Откако ќе омекнат додај им го меленото месо (или тофу/црн грав), пченката и пропржи 5 минути. Потоа додај го сварениот ориз, а на крај и спанаќот.

Notes

Протеини: 38гр / Хидрати: 54гр /Масти: 16гр / Вкупно калории: 514
ВЕГЕ: Протеини: 26гр / Хидрати: 56гр /Масти: 9гр / Вкупно калории: 406

Вечера: КАРПАЧИО ОД ТИКВИЧКИ

Калории 295 kcal

Состојки
  

  • 1 или 2 тиквички зависи колку си гладна
  • 2 карамелизирани оревчиња или 1 мала лажичка кикиритки
  • 30 гр фета сирење на коцки
  • За дресинг:
  • 1 лажичка мала мед 1 голема лажица лимон, 1 лаж балсамико, 1 мала лаж маслиново, малку сол, рузмарин по желба.

Инструкции
 

  • Тиквичката свежа ја сечеш на тенки лентички или најдобро на ренде за крупни тенки кругчиња. Потоа, тиквичките се пропржуваат на малку маслиново масло или се потпекуваат. После ова ги редиш на чинија, одозгора коцкичките фета и го истураш дресингот врз нив. Затоа што често ќе го имаме карамелизираниот орев во рецепти, можеш да си го направиш сама. Во плех за печење на мрсна хартија стави ги оревите, а одозгора истури им 2 големи лажици кафеав шеќер, а потоа складирај ги во тегла. Не е погрешно ако ја направиш салатата и со обични ореви, но за жал нема да го почувствуваш вистинскиот вкус.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.