ВОНРЕДНО МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК
ПОЈАДОК: ТОСТ СО УРДА И КРАСТАВИЦА
Калории: 263 kcal
Состојки
- 2 интегрални коцка лепчиња
- 2 големи лажици урда
- 1 варено јајце настрана
- 1/2 краставица
- зачини по желба
Начин на припрема
- Супер брзо, освежително, лесно на стомак и вкусно. Единствена тешка работа би ти била печење на лепчињата, но и тоа не е задолжително. Се премачкуваат со по една лажица урда, на крај се додава краставицата и зачините. Уживај!
Калориска вредност
Калории: 263kcal | Масти: 9g | Протеини: 18g | Јаглехидрати: 27g
УЖИНА: 150 гр грозје или било кое друго сезонско овошје
Калории: 111kcal | Масти: 1g | Протеини: 1g | Јаглехидрати: 26g
РУЧЕК: ЛОСОС СО ТИКВИЧКА И КУС КУС
Калории: 496kcal
СОСТОЈКИ:
- • 200 гр лосос
- • 1 помала тиквичка
- • 2-3 лажици кус кус, просо или булгур
- • зелена салата
- • 1 мала лажичка грчки јогурт со копар зачин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Рибата се пече заедно со тиквичката. Додека се пече во длабок сад сервираш зачинета зелена салата заедно со кус кус кој претходно се вареше настрана во некој помал сад или ѓезве. Од кога ќе се испече рибата ја додаваш во истата чинија, а одозгоре ја попрскуваш со сосот од грчки јогурт и копер. Не грижи се за тоа што мешаме млечно со риба, количината од една мала лажичка е премногу мала да ти смета во стомакот. Тој е додаден само за подобар вкус на рецептот, слободно и изостави го. На здравје ручек!
Калории: 496kcal | Масти: 28g | Протеини: 46g | Јаглехидрати: 16g
ВЕЧЕРА: ПЕЧЕН МОДАР ПАТЛИЏАН СО ФЕТА
Калории: 243kcal
СОСТОЈКИ:
- • 1 модар патлиџан
- • 3-4 големи лажици леќа
- • 35 гр фета
- • лукче за вкус по желба
- • магдонос за вкус по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Леќата се става да се вари, а модриот патлиџан го сечеме на две половинки. Внимателно со ножот направи длабоки хоризонтални и вертикални резови на половинките од патлиџанот како коцкички, но потруди се да не ја дупнеш лушпата. Посоли го, попрскај го со малку маслиново масло и стави да се пече. Додади и лукче по желба. Патлиџанот е готов кога ќе добие златеникава боја и убаво ќе омекне. Во меѓувреме од кога ќе се свари леќата исцеди ја и во сад нагмечи ја малку со вилушка, додади зачини по желба, слободно додади и магдонос или екстра лукче. Наполни го патлиџанот со зачинетата и полу згмечената леќа откако ќе се испече. Најубавиот дел за крај, нарони го сиренцето и уживај. Внимавај на точната грамажа, калориите во овој рецепт се кријат во него. На здравје!
Калории: 243kcal | Масти: 8g | Протеини: 12g | Јаглехидрати: 30g