Материјал 1 од 0
Во тек

ВОНРЕДНО МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК

октомври 8, 2024

ПОЈАДОК: Киноа каша со јаболко, мед и цимет – 468 кал. (протеини 18г., јаглехидрати 63г., масти 16г.)

  • 3 големи лажици киноа (45 гр.) (замена хељда, просо или кус кус) 
  • 1 средно јаболко
  • 1 мала лажичка мед
  • 2 големи лажици чиа
  • 100 гр. грчки јогурт 
  • 50 мл. растително млеко, или обично со ниска масленост
  • Цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во претходно зовриена вода се додава киноата(претходно убаво измиена) и чиата. Пред целосно да испари водата, се додава млекото, грчкиот јогурт и медот, се меша уште неколку минути додека состојките не се соединат и не ја добиете посакуваната густина на кашата. Се сервира со цимет и исецкано јаболко. Уживај во мирисот и вкусот на есента!!!

УЖИНА: Големо Печено Јаболко

1 големо печено јаболко.

ДОИЛКИ: 1 печено јаболко сервирано со цимет и 5 ореви!

РУЧЕК:  Лосос со просо и пржен зеленчук – 664 кал. (протеини 46г., јаглехидрати 68г., масти 23г.)

  • Лосос 200 гр.
  • 2 до 3 големи лажици просо (околу 30 гр. до 40 гр.)
  • 1 шака брокула
  • 2 моркови 
  • 1 средна тиквичка
  • 1 големо цвекло или 2 помали

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Зеленчукот заедно со лососот се пече на фолија, претходно намачкани со една мала лажичка маслиново масло, лук и зачини по избор. Во една шоља зовриена вода се додава просото(претходно убаво измиено), се вари додека водата не испари. При крајот се додаваат зачини по избор и се сервира со лососот и зеленчукот. Ручекот можеш да го јадеш во комбинација со свежа салата! Уживај во здрав, нутритивен и балансиран оброк!

ВЕЧЕРА: Јајце мафини со фета – 260 кал. (протеини 20г., јаглехидрати 11г., масти 15г.)

  • 2 јајца
  • 30 грама фета
  • 1 црвена пиперка
  • 1 полна шака спанаќ
  • 1 домат
  • ДОИЛКИ: 250 гр. печурки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:  На нелепливо тавче, на вода се пропржува зеленчукот (плус печурките за доилките). Доколку има потреба намирниците да се динстаат подолго, се додава уште малку топла вода. Зеленчукот се наросува со сол и црн бибер. На страна во друг сад се матат јајцата и се дроби сирењето, па се додава пропржениот зеленчук. Во тавче за мафини се става хартија за печење за да не се залепат мафините и се истура смесата. Вкупно, излегуваат околу 6 мафини. Се печат 10 мин. на температура од 180 степени или додека не поруменат. На здравје, брза лесна и превкусна вечера!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.