Материјал 1 од 0
Во тек

ВОНРЕДНО: МЕНИ за ДЕН 1 од МЕСЕЦ 2

октомври 3, 2023

ПОЈАДОК: ОМИЛЕНИОТ ОМЛЕТ

Калории: 479kcal

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 лажици урда нискомаслена
  • младо кромитче
  • 6-7 маслинки
  • 2 црни лепчиња
  • зачини по желба

Инструкции

  • Ова е најбрзиот, најлесниот но и најомилен појадок на сите времиња. Наједноставно ги пржиш сматените јајца во форма на омлет, во урдата можеш ситно да насецкаш младо кромитче, да ги додадеш саканите зачини и да го превиткаш на пола.

Исхрана

Калории: 479kcal | Јаглехидрати: 30g | Protein: 37g | Масти: 24g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

УЖИНКА: Урми

Калории: 249kcal

Инструкции

  • 2 Кралски урми со 1 мало лажиче путер од кикиритки и 1 коцка растопено црно чоколадо
  • направи си поголема доза и чувај ја во замрзнувач.

Исхрана

Калории: 249kcal | Јаглехидрати: 30g | Protein: 5g | Масти: 12g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

РУЧЕК: ПИЛЕШКИ ПОЛЖАВИ

Калории: 872kcal

Состојки

  • 2 тортиљи
  • 200 гр пилешко/80гр сејтан запржен со зачини
  • 60 гр моцарела или чедар
  • лажица маслиново масло
  • 2 лажици од нашиот мајонез-опционално
  • лук изгмечи го до кремаста форма
  • магдонос
  • сол и црн пипер

Инструкции

  • Мешаш прво маслиновото, мајонезот, лукчето изгмечено, магдоносот и зачините. Па со оваа смеса ја премачкуваш тортиљата па врз неа додај пилешкото/сејтанот претходно испечено/испржено и моцарелата. Свиткај ја тортиљата убаво и стегнато, па насечи ја на ролнички. Нареди ги во плехче на хартија за печење. Ако имаш air fryer печи на 180 максимум 8 минути, ако не, во обична рерна.

Notes

ВЕГЕ: Калории: 857kcal | Масти: 37g | Протеини: 81g | Јаглехидрати: 51g

Исхрана

Калории: 872kcal | Јаглехидрати: 39g | Protein: 83g | Масти: 42g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

ВЕЧЕРА: ЗАЗИКИ СО ТИКВИЧКИ

Калории: 488kcal

Состојки

  • 1 зелена тиквица
  • 1 канче мало грчки нискомаслен јогурт 150гр
  • зачини можеш и таратур микс зачин, лукче во прав или свеж
  • 2 црни лепчиња
  • 30 гр сецкани оревчиња

Инструкции

  • Ова можеш да го спремиш и ден унапред, тиквицата сецкана на кругови и потпржена или потпечена на хартија, не претерувај со маслото затоа што се  е плус калории. Потоа во длабок сад редиш неколку кругови тиквица, јогуртот, па наросуваш зачини и мешаш. Вака садот го ставаш во фрижидер, не си свесна каква магија од вкусови е. Обавезно додади и оревчиња за да ти го зголеми калорискиот внес.

Исхрана

Калории: 488kcal | Јаглехидрати: 38g | Protein: 28g | Масти: 25g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!