Материјал 1 од 0
Во тек
ВОНРЕДНО: Мени за ДЕН 1 – МЕСЕЦ 2
ПОЈАДОК: ОМИЛЕНИОТ ОМЛЕТ
Состојки
- 2 јајца
- 2 лажици урда нискомаслена
- младо кромитче
- 2-3 маслинки
- 1 црно лепче
- зачини по желба
Инструкции
- Ова е најбрзиот, најлесниот но и најомилен појадок на сите времиња. Наједноставно ги пржиш сматените јајца во форма на омлет , во урдата можеш ситно да насецкаш младо кромитче, да ги додадеш саканите зачини и да го превиткаш на пола.
УЖИНКА: Чоко урми
Инструкции
- 1 Кралска урма со 1 мало лажиче путер од кикиритки и 1 коцка растопено црно чоколадо
- – направи си поголема доза и чувај ја во замрзнувач.
РУЧЕК: ПИЛЕШКИ ПОЛЖАВИ
Состојки
- 1 тортиља
- 80-100 гр пилешко/40-50гр сејтан запржен со зачини
- 30 гр моцарела или чедар
- Лажиче маслиново масло
- 1 лажица од нашиот мајонез -опционално
- Лук изгмечи го до кремаста форма
- Магдонос
- Сол и црн пипер
Инструкции
- Мешаш прво маслиновото, мајонезот, лукчето изгмечено, магданосот и зачините . Па со оваа смеса ја премачкуваш тортиљата па врз неа додај пилешкото/сејтанот претходно испечено/испржено и моцарелата. Свиткај ја тортиљата убаво и стегнато, па насечи ја на ролнички. Нареди ги во плехче на хартија за печење. Ако имаш air fryer печи на 180 максимум 8 минути, ако не , во обична рерна.
Notes
ВЕГЕ: Калории: 466kcal | Масти: 19g | Протеини: 48g | Јаглехидрати: 27g
ВЕЧЕРА: ЗАЗИКИ СО ТИКВИЧКИ
Состојки
- 1 зелена тиквица
- 200-250 мл нискомаслен јогурт
- зачини можеш и таратур микс зачин, лукче во прав или свеж
Инструкции
- Ова можеш да го спремиш и ден унапред, тиквицата сецкана на кругови и потпржена или потпечена на хартија, не претерувај со маслото затоа што се е плус калории. Потоа во длабок сад редиш неколку кругови тиквица, па поливаш малку јогурт , па наросуваш зачини. Па пак ред кругови ред јогурт и гледај да завршиш со јогурт . Вака садот го ставаш во фрижидер , не си свесна каква магија од вкусови е.