Материјал 1 од 0
Во тек
ВОНРЕДНО: Мени за ДЕН 1 од МЕСЕЦ 2
ПОЈАДОК: Тортиља појадок
Состојки
- 2 јајца ДОИЛКИ: 3 јајца
- 25 гр фета
- 1 среден домат замена: 50 гр доматно пире
- 1 интегрална тортиља
- 1 голема лажица грчки јогурт 50 гр
- копар и зачини по избор
- шака спанаќ по избор
Инструкции
- Во тавче се ставаат неколку капки маслиново масло. Се става тортиљата малку да се запече од двете страни. Додека тортиљата се запекува во сад на страна се матат јајцата во кои се става исецканиот домат, фета и зачини по избор. Омлетот се пржи на нелепливо тавче, на само неколку капки маслиново масло. Тортиљата се мачка со грчки јогурт, се наросува копар и се додава омлетот. Се замотува и се јаде во еден здив! На здравје брз појадок!
УЖИНА: Цеден сок од портокал
Инструкции
- Цеден сок од еден портокал со еден лимон ДОИЛКИ: два портокали со еден лимон
РУЧЕК: Ладна паста салата
Состојки
- – 50 гр интегрални макарони
- – 100 гр шери домат замена обичен домат или 50 гр. доматно пире
- – 40 гр моцарела
- – 1/2 авокадо
- – 6 маслинки
- – За дресинг:
- – 1 мала лажичка таан
- – половина исцеден лимон
- – една мала лажичка маслиново масло
- – сол бибер, босилек (плус зачини по избор доколку сметаш дека е потребно)
- – ДОИЛКИ: 2 лажици варена пченка може да ставите дополнително шака обарени брокула и карфиол, по избор!
Инструкции
- Макароните се варат и се чека да се оладат. Зеленчукот и моцарелата се сецкаат и се ставаат во здела, во истата здела се додаваат макароните. Настрана се прави сос од таан, лимон, маслиново масло, сол, бибер и свеж или зачин босилек. Содржината на сосот се додава врз макароните со зеленчук. Доколку не ти се допаѓа вкусот на таанот слободно изостави го. Доколку го користиш внимавај на количината, истиот е доста калоричен! На здравје брз ручек!
- Доколку се користи доматното пире, убаво е кога ќе се сварат макароните во истото тавче каде што се вареле да се додаде доматното пире, да проврие и да се додатат макароните, така ќе се добие подобар вкус и воедно ќе одговара со сосот од таан.
ВЕЧЕРА: Чили пилешки крилца
Состојки
- 250 гр пилешки крилца
- 1 мало лажиче мед по желба
- 1 мало лажиче сусам
- зачини по желба
- голема порција зелка салата замена: 1 мало цвекло + 1 морков
- чили зачин по желба
- ДОИЛКИ: супа од петел/зеленчукова супа
Инструкции
- Крилца се одлична опција за вечера, а во исто време и многу вкусна. Премачкај ги со мед или само зачини, па попрскај ги со сусам. Доколку сакаш да се екстра крцкави, на една мала лажичка маслиново масло запржи ги од двете страни да фатат корка па стави ги да се печат. Не е погрешно и ако директно ги ставиш да се печат на појака температура во зависност од јачината на рерната. Додека тие се печат подготви си зелка салатата(или било која друга зелена салата по избор). Вие мајки кои доите обавезно пред овој оброк да исркате една или две чинии чиста и готова супа од петел/ зеленчук. На здравје!
ВЕЧЕРА: ВЕГЕ ОПЦИЈА Слатко луто тофу задоволство
Состојки
- 100 гр тофу
- 50 гр оризови нудли или обични
- 7 печурки
- 1 голема лажица соја сос
- 1 мало лажиче мед
- лут сос по желба или зачин
- свежа салата по желба како прилог
- ДОИЛКИ: 2 лажици сварен црвен грав
Инструкции
- Тофуто и пачурките се сечат се пропржуваат со сосот од соја и мед помешан заедно, слободно додади и нешто луто доколку сакаш и јадеш. Настрана се варат нудлите, а се заедно се реди во длабок сад каде што ја послужуваш и свежата салата како гарнир. На здраје јадење!