Материјал 1 од 0
Во тек

ВОНРЕДНО: Менито за понеделник

октомври 9, 2024

ПОЈАДОК: МОРКОВ ОМЛЕТ

Калории 296 kcal

Состојки
  

  • 2 јајца
  • 1 морков
  • 2 лажици урда
  • 3-4 маслинки за во омлетот
  • 1 домат
  • рукола опционално
  • 1 интегрално лепче
  • зачини: шарена сол буковец, црн биб

Инструкции
 

  • Понеделнички да започнеме со што друго ако не со јајцааа. Изрендај го морковот и стави гo во тавче на 1 лажица маслиново масло на тивка температура, а на страна измати ги јајцата (за побрзо може и да го изблендираш морковот заедно со јајцата). За 3-4 минути веќе можеш да ги додадеш јајцата и да покриеш со капак за убаво да ти излезе омлетот, а и не мораш. Кога е веќе готов, премачкај го со урдата, прсни шарена сол, буковец, црн бибер и додај си маслинчиња, домат и рукола. На здравје!

УЖИНА: ЈАГОДИ ИЛИ БИЛО КОЕ ДРУГО СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ

Калории 66 kcal

РУЧЕК: МЕДИТЕРАНСКО ЌОФТЕ САЛАТА

Калории 575 kcal

Состојки
  

  • 150 гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 лажица овес
  • 1/2 канче грчки јогурт 0% масти
  • 1/2 краставичка
  • 1 мал бел кромид за меленото месо
  • црвен кромид по желба за салатата
  • домати
  • пиперки
  • многу малку фета за врз салатата
  • магдонос по желба
  • копар и зачини по желба

Инструкции
 

  • Се сечка на ситно белиот кромид, се додава во меленото месо заедно со едно јајце, овес, ситно сечкан кромид, а ако си љубител на луто додади и малку буковец или на ситно сечкано луто пиперче. Оформи ќофтенца или плескавички за побрзо да се испржат.
  • Во длабок сад направи салата со домат, црвен кромид и пиперка и на крај нароси многу мало парченце фета врз салатата. Во истиот сад додади го домашното зазики од грчки, краставица рендана и копар со малку масло и сол. Од кога ќе се испржат или испечат плескавичките додади ги во истиот сад и не заборавај дека не треба да користиш премногу масло додека пржиш. Тоа се екстра калории што не ги сакаме!

ВЕГЕ РУЧЕК: ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

Калории 308 kcal

Состојки
  

  • 50 гр зелена леќа
  • една рака блитва или штавеј опционално
  • ½ кромид
  • 2 лажици ориз
  • едно чешне лук
  • 1 лажиче таан
  • свеж магдонос
  • малку сок од лимон
  • прстофат сол бибер, ким, коријандер
  • 1-2 лажици брашно од наут или друго интегрално може и овесно

Прилог:

  • свежа салата

Инструкции
 

  • Остави ја леќата покриена со вода 3-4 часа за побрзо да ја свариш. Исцеди ја и измиј ја после киснењето и со нова вода стави ја да се вари (може да ја свариш и претходната вечер). Откако ќе ја свариш повторно исцеди ја од вишокот вода и стави ја во блендер со сите состојки освен брашното. Блендирај до кремаста структура, а брашното додавај го отпосле постепено и мешај се додека смесата не стане соодветна за формирање ќофтиња. Вклучете ја рерната на 200, формирајте ќофтиња и поставете ги на хартија за печење па печи ги едно 30-тина минути. Свари си го оризот во ѓезве и сервирај го како прилог на ќофтињата и комбинирај со свежа салата.

ВЕЧЕРА: ШАРЕНА САЛАТА СО ТУНА

Калории 389 kcal

Состојки
  

  • микс зелена салата
  • краставица опционално
  • ротквица опционално
  • кромид
  • малку рукола и бејби спанаќ
  • 3-4 маслинки
  • 1 мала туна
  • 1-2 лажица грав од тегла или конзерва
  • зачини: сол и црн бибер
  • маслиново масло и сок од лимон

Инструкции
 

  • Прво зелката изгмечи ја со раце со малку сол да омекне па истури ги кај неа сите останати состојки, полиј маслиново масло и лимонов сок, промешај и редно е да јадеш. Доколку пак не си баш фан на зелка, можеш да ја замениш со ајсберг или рукола, или мешано – зелена салата која ја сакаш најмногу.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.