Meal Prep за почетници

Подготовката на оброците не мора да одзема многу време! Денес ќе покажеме метода за лесно подготвување оброци и планирање за да заштедиме на време, пари и стрес.


Без разлика дали си студентка на која и е предизвик да има вкусни но и достапни оброци кои нема да го надминат буџетот или

Си мајка која сака да има спремно здрави оброци без поминат цел ден во кујна или

Си личност што не знае да готви.

Планирањето оброци е спас кога станува збор за живеење здрав (но зафатен живот). Кога го подготвуваме оброкот за неделата што следи, ќе заштедиме време, пари и стрес за да можеме да се фокусираме на работата или секојдневниот живот. Подготвувањето појадок и ручек за работната недела пред време на големо ни заштедува многу време. Но, немојте да мислите дека треба да поминете неколку часа или цел ден во кујната. Нашите едноставни совети ќе ни помогнат да готвиме вкусна храна што ја сакаме и да ја подготвиме брзо и лесно.

Придобивките од meal prep

Заштедува пари

Не треба да се грижиме дали ќе ги потрошиме сите пари за носење или застанување после работа за да купиме нешто кога имаме оброци во замрзнувач или подготвена храна дома. Просечната цена по оброк е МНОГУ ПОЕВТИНА затоа што ги подготвуваме нашите оброци на големо и пренаменуваме различни состојки за повеќе рецепти.

Подготовката за оброци го намалува отпадот од храна

Ова е голем плус. Еден од најдобрите делови од подготовката и планирањето на оброците е можноста да се има двојна намена за состојките. Учењето да правиме оброци кои користат исти состојки за повеќе рецепти помага да го намалиме отпадот од храна затоа што точно знаеме што има во фрижидерот и како ќе се користи.

Подготовката за оброци ни заштедува време

Заштедата на време понекогаш е исто толку важна како и заштедата на пари! Без разлика дали работиме од дома, од канцеларија или дури сме често на пат, животот е многу полесен кога веќе имаме спакуван ручек. Она што е уште подобро е што беа потребни само 45 минути за да се направат за време на викендот. Подготвувањето на нашите оброци на големо заштедува време и ќе не прави да се чувствуваме задоволни и полни со енергија за да можеме да се фокусираме на други обврски.

Планирањето на оброците го намалува стресот

Кога првпат почнуваме со работа и не можеме да јадеме дома, навистина сме под стрес кога размислуваме за пазарување намирници и за подготвуваање оброци. Последното нешто што сакаме да го правиме по долг ден е да се вратиме дома и да готвиме. Планирањето на оброци го трга овој стрес и ни го остава потребното време за одмор и релаксација по напорен работен ден.

Подготовки за појадок:

Секое утро си има свои предизвици: брзање за работа, брзање за деца кои одат во градинка, брзање на предавање. На сите ни треба нешто брзо лесто и едноставно. Еве неколку предлози за појадок:

  • чиа пудинг
  • овес
  • јогурт и гранола
  • сварени јајца

Ручек meal prep

Најпрактично е да спремаме ручеци на големо на почетокот на неделата за подготовка на оброци кои можеме да ги сместиме во тегли, додека останатото го замрзнуваме и го имаме како опција за уште 1 или 2 пати во неделата, зависи од количината. Еве неколку предлози:

  • пилешки стекови (маринирани или замрзнати)
  • грашок манџа (замрзнат)
  • ориз

Со сите овие намирници додаваме свежа салата или зеленчук за комплетен оброк.

Вечера meal prep

Вечерата посебно во овие зимски месеци е потребно да биде топла чинија со нешто со многу вкус и витамини. Како дел од нашиот Фитнес План 2024 додадовме неколку детокс чорби и супи:

  • крем супа од тиква
  • чорба од домати
  • чорба од кромид
  • супа со печурки и пилешко
  • брза сезонка чорба
  • потаж од леќа

Кликни тука за да ги видиш сите рецепти во Фитнес План 2024 https://peacharmy.mk/plan/

Ужини и закуски што можеш да си ги спремиш:

  • несолени јатки
  • варено јајце
  • зеленчук со хумус
  • овошје и путер од јатки
  • свежо сезонско овошје (стави си портокали и банани во фиоката на работа!)

Совети за подготовка на оброци

Направете го процесот едноставен – со планирање. Користете ги истите состојки повеќе од еднаш Подгответе ги состојките пред време. Чувајте добро снабдена шпајз и фиока за зачини Чувајте добро снабден замрзнувач. Не е страшно да згрешиш.. Понекогаш животот се случува, и тоа е во ред.

Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: неделен newsletter FIT FRIDAY.

Сите работи што ТРЕБА да ги правиш спакувани во неделен newsletter и направени посебно за тебе. Во FIT FRIDAY ќе добиеш БЕСПЛАТНИ вежби, рецепти и бонуси!

Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.