Материјал 1, Тема 1
Во тек

ВОВЕД

јули 26, 2024

Денес на репертоар го имаме CLUB CARDIOто од програмата Dance Cardio 2.

Еве што треба да знаеш за него:

РАЗБУДИ ГИ ВОЗБУДАТА И СТРАСТА

За колку работи во животот што ги имаш направено можеш да кажеш дека си била многу посреќна од кога се случиле?!

Дали да дадам отказ и да почнам нова работа?!

Дали да се преселам во друг град?

Дали да го изедам ова парче торта?!… Дали да извежбам денес?!

Ние луѓето донесуваме одлуки со надеж дека ќе создадеме чувства на страст, возбуда, задоволство, љубов, олеснување… или било која друга емоција што ќе направи да се чуствуваме добро, за на крај да се чувствуваме среќни.

Што е всушност тоа што може да не направи среќни?

Ова е прашање кое ги мачеше филозофите илјадници години… За на крај да сфатиме дека среќата е индивидуално чувство, а играњето и тренингот загарантирано влијаат и придонесуваат таа да се зголеми.

Играњето може да изгледа како застрашувачка задача за поединци на било која возраст. Умот природно измислува милион причини зошто да не го направи тоа.

Можеби ќе се препознаеш себеси или некој друг во овие реченици:

,,Имам две леви нозе“, ,,Ќе паднев директно на лице!“, ,,Не можам да фатам ритам“, ,,Многу сум висок за да играм“, ,,Премногу сум стара..“, ,,Премногу сум тешка…“, ,,Луѓето ќе ми се смеат!“

Играњето не е тука за да те направи совршена или за да го паметиш секој чекор.

Играњето е тука да го раздвижи твоето тело или да те поврзе со друг човек, запознавање себеси и учење нови вештини, слушање добра музика и најважно е тоа што се забавуваш и го ослободуваш стресот од тебе!

Реалноста е таа дека секој може тоа да го направи и не постои човек кој нема да ужива во истото! Ослободи го умот и помести ги границите, разбуди ја страста и сите сетила во тебе. Научи да живееш и да ги правиш работите со возбуда.

Ако навистина се живее еднаш, би било навистина жално да е без играње и музика! 

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.