Материјал 1, Тема 1
Во тек

ВОВЕД

октомври 15, 2024

ПРОНАЈДИ ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ!

Пронајди го патот до поздрава и посреќна верзија од себе со вежбање на музика!

Како што нашите животи во ова време стануваат се позафатени, со збиен распоред и обврски, така е поневозможно да го пронајдеме балансот помеѓу приватниот живот и работата.

Според искуството до сега, сфатив и увидов дека особено им е тешко на мајките кои се дел од моите програми. Тие често ги ставаат потребите и желбите на фамилијата пред своите.

Секоја мајка се соочува со различни предизвици секој ден и тоа е за воодушевување и пофалба, но не по секоја цена или по цена на сопственото здравје, задоволство и среќа.

Секогаш сакам да ги потсетам на било кој начин моите мајки- клиентки дека само среќна, здрава и исполнета мајка е најдобра мајка за своите деца.

Луѓето, но најчесто жените, знаат да се чувствуваат виновни кога ќе одлучат да одвојат малку време за себе во денот.

Соживеани сме со улогата на чувар, некој што е секогаш тука и има за задача да се грижи за другите, па често знаеме да ги приоретизираме потребите на нашите најбилиски отколку своите.

Она што е научно докажано е дека грижењето за себе или она што ние го доживуваме како “луксуз“ секој пат кога ќе одвоиме некој час во денот за тренинг, прошетка или слично е всушност најкраткиот пат или формулата за лично задоволство и среќа. 

Сопствената исполнетост и здравје е магнетска енергија која им ја пренесуваме на нашите најблиски. Одвојувањето на еден час во денот само за тебе ќе направи да ги завршиш работите кои и вообичаено ги завршуваш сама, но овој пат ќе го направиш тоа со задоволство и љубов која најпрво ја имаш и чуваш за себе, а потоа ја споделуваш со целиот свет. 

Кога секој од нас ќе научи дека најпрво треба да се сакаме, почитуваме и пазиме самите себеси, дека нема ништо себично во грижата за себе, тогаш ќе се решат многу проблеми во секое семејство. 

Запомни, часот посветен на вежбање и играње на музика не е изгубено време, тоа е време до поздрава и посреќна верзија од тебе.

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.