Материјал 13, Тема 1
Во тек

ВОВЕД

јули 26, 2024

Не е потребно да бидеш најдобрата танчерка во светот за да танцуваш. Играњето е медиум преку кој му покажуваме на светот кои сме и кои навистина можеме да бидеме. Сите ние сме посебни на свој начин и длабоко во себе чуваме скриени таленти, експресии, возбуда која ја потиснуваме само затоа што не знаеме како да го покажеме тој магичен дел во нас. 

МОЖЕБИ ИГРАЊЕТО ТИ ДАВА ШАНСА ДА СЕ ДОКАЖЕШ

Најзабавниот дел кога играш е тоа што можеш да се ставиш во улогата на секој! 

Буквално можеш да бидеш кој сакаш, доволно е само да ја разбудиш фантазијата и да се соживееш со сценариото кое се прикажува во твојата глава.

Најголемиот дел од нашата несигурност доаѓа од чувството на непријатност и нелагодност додека играме покрај луѓе кои бликаат од самодоверба и имаат сигурни чекори. 

Во играњето нема погрешни движења и најлошата работа што можеш да си ја направиш себеси е да се споредуваш со другите или да прекинеш да танцуваш.

Од тие причини во ова Dance Cardio се одлучив да танцувам со две професионални латино танчерки кои за разлика од мене, целиот свој живот го поминале во студио.

Го почувствував како голем предизвик и ми даде огромен мотив за учење.

За мене беше чест и гордост да ја делам сцената со Анабела и Татјана кои се одлични во својата работа, а притоа и ученици на Тамара, која и оваа година беше задолжена за целиот концепт и кореографии.

Дали јас во одреден момент се исплашив дека можеби ќе бидам исмејувана и критикувана од Армијата заради тоа што можеби ќе има разлика на моите чекори во споредба со нивните?!

-Не, а не треба да бидеш ни ти.

Мојата перцепција на гледање на нештата е сосема поразлична. 

Кога еднаш ќе сфатиме дека нема ништо погрешно и смешно во процесот на учење и обидот да станеме подобри, тогаш сите ќе бидеме многу посреќни и попаметни.

Се вложив целосно и единствено нешто на кое помислував е тоа дека можеби ќе ми ја почувствувате енергијата и преголемата желба за играње која ја носам во мене. Тоа беше она што ги движеше моите нозе. 

Оној пат кога ќе се решиш да ги ослободиш мислите и ќе се обидеш да ја слушаш музиката, тогаш ќе почнеш вистински да играш! “

Ова е извадок на еден од моите текстови кои ќе ги прочиташ во Dance Cardio програмата. Освен тоа ќе дознаеш и ,,ЗОШТО САКАМЕ ДА ТАНЦУВАМЕ“ , а воедно и како да го правиш тоа со повеќе самодоверба. Живееме брзо во време во кое речиси секој човек се бори со чувство на депресија и анксиозност.

Dance Cardio се покажа како вистински природен лек и антидепресив. Освен тоа, сите знаеме дека танчерките се едни од најзгодните девојки во светот!

Сакам да знам дали ќе ти се допаднат кратките иссечоци од кореографиите на бесплатното видео што ќе го гледаш и танците што ќе ги пробаш денес (…и како ти се допадна новата платформа Peach Army?)

Ќе ми значи ако го споделиш твоето мислење со мене на овој маил [email protected]

Се гледаме под рефлектори,

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.