Материјал 1, Тема 1
Во тек

МУДРИ ФИТНЕС ЦЕЛИ

јули 21, 2024

Поставување на МУДРИ фитнес цели

Твојата цел таа треба да биде мерлива, успешна, доследна, реална и амбициозна.

МЕРЛИВА – Колку кг сакаш да намалиш/ накачиш? Во кој број на облека конечно сакаш да влезеш?! Што ќе ја подобри твојата самодоверба?! За да се осигураш дека си на вистински пат треба да го мериш напредокот на секој чекор од патот. Следи ја храната, тренинзите, тежините со кои вежбаш и килограмите(или обем). Прави го тоа од првиот ден, но нека не биде твоја главна окупација и научи да уживаш во процесот.

УСПЕШНА – Каква акција треба да преземеш за да ги постигнеш твоите фитнес цели?
Подели ја целта на помали мини-цели. На пример, ако сакаш да изгубиш или зголемиш 7 кг. за 2 месеци, треба да изгубиш 0.8 килограми неделно. Како ќе го направиш ова? Со тоа што ќе почнеш да вежбаш дома или во теретана 3 пати неделно, ќе јадеш чиста здрава храна богата со хранливи материи, ќе ги следиш калориите и ќе се држиш до планот 100%.

ДОСЛЕДНА – На твојата цел и треба краен датум, сите цели мора да имаат дестинација и дефинитивен краен датум, цел без дестинација е желба. Запомни дека нема брзи резултати и магични апчиња, не се ставај под голем притисок, направи го планот реалистичен, но и предизвикувачки во исто време.

РЕАЛНА – целта треба да биде реална за тебе и твојот начин на живот и твојата почетна точка. Знај ги твоите ограничувања, тоа мора да биде предизвик и да те турка надвор од твојата комфорт зона, но исто така да остави простор за успех со твоите вештини и времето кое го имаш на располагање.

Ако не знаеш што е реална временска рамка, тогаш може да ни пишеш во секое време на нашиот инстаграм профил https://www.instagram.com/peacharmymk/ или на [email protected] со задоволство ќе те советуваме.

АМБИЦИОЗНА – Вистина е дека целта треба да биде реална, но тоа не значи дека треба да биде мала или лесно остварлива. Запомни дека долгорочната цел е она што сакаш да го видиш за една година од денес, па затоа биди реална ама и доволно амбициозна да поставиш вистинска цел за тебе која ќе те мотивира доволно преку целата година!


Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.