Материјал 1, Тема 1
Во тек

ТРЕНИНГ

јули 20, 2024

ПОЈАДОК: ФЕРЕРО ОРИЗО

Состојки

– 2 оризови галети
– 100 гр грчки јогурт (малку повеќе од пола канче)
– 1 лажиче какао
– 80 гр протеински пудинг од чоколадо (пола канче)
– 10 гр стопено темно чоколадо со над 75% какао
– 2-3 лешници

Начин на припрема

Колку и да ти изгледа смешно името, за овој летен предизвик сакам апсолутно да те мотивирам што помалку време да поминуваш во кујна, а повеќе време да си на матот за вежбање 😊 Прелесно е за правење, искрши ги оризовите галети ако не ти се вклучува и валка блендер, па измешај ги здробените галети со грчки, какао и пола протеински пудинг од чоколадо (зачувај ја другата половинка за ужинка). Измешај добро до хомогена смеса, сервирај си во чаша па врз смесата прелиј го растопеното чоколадо и лешници и уживкај во секое залче.

УЖИНА: ГАЗИРАНА ЈАГОДА – ЛИМОНАДА, или било кој друг од бонус пијалоците, по твој избор

Состојки

– 3 јагоди
– Сок од ½ лимон
– 250 мл газирана вода
– 1 лажиче кокосов шеќер

Начин на припрема

Брз, освежителен и превкусен пијалок за летните горештини. Исецкај ги јаготките и стави ги на дното на чашата од која ќе пиеш, сокот од исцедениот лимон и шеќерот. Промешај и остави да отстои 10 минути така, па додај ја газираната вода. Живели!

РУЧЕК: ЧИЗБУРГЕР ВО ЧИНИЈА

Состојки

– 150 гр телешко мелено месо/ВЕГЕ: 150 гр тофу, по можност димено
– 1 компир до 120 гр
– ½ црвен кромид
– Кисели краставички или пола свежа
– 1 домат или 3-4 шери
– Неколку листови марула или зелена салата
– 1 парче чедар кашкавал
– За дресинг: 1 лажица доматен сос, 1 лажица грчки, 1 лажиче сенф, прстофат сол и бибер
– Зачини за меленото месо/тофу: тако, бибер, црвен пипер, шарена сол

Начин на припрема

Хо хо хо, каков почеток на летен предизвик, кој ќе јаде чизбургер денеска, а не е ниту Божиќ за чит мил, Велигден помина…. Ајде да се сосредоточиме на подготовката. Прво компирот исецкан на помфрит пропржи го или испечи го на хартија, за што имаш време за тоа но внимавај да не користиш премногу масло. Меленото месо со зачини се пропржува (ако си веге, изрендај го тофуто и повтори ја постапката како и за месото), а за тоа време ти спремај си ја чинијата. Исецкај ги марулата, краставицата, доматот и кромидот и постави ги во чинијата. Врз нив постави го месото и помфритот, па чедарот за да се растопи додека е топло. На крај прелиј со дресинг и благословувај ме додека ручаш.

Калориска вредност

Калории ВЕГЕ: 328kcal | Масти: 12g | Протеини: 23g | Јаглехидрати: 32g

ВЕЧЕРА: КАРИ ПИЛЕШКИ КОТЛЕТИ

Состојки

– 100 гр пилешки/мисиркин стек
– 2 лажици ориз
– Зелена салата по избор
– За кари сос: 1 кромид, 1 чешне лук, малку свеж ѓумбир, ½ лажиче кари, ½ лажиче куркума, сол и бибер
– Маринада за пилешкото: 1 лажичка маслиново масло, 1 лажица соја сос, малку сок од лимон, тако зачин, црвен пипер, бибер и сол
– Зелена салата по избор
– За кари сос: 1 кромид, 1 чешне лук, малку свеж ѓумбир, ½ лажиче кари, ½ лажиче куркума, сол и бибер
– Маринада за пилешкото: 1 лажичка маслиново масло, 1 лажица соја сос, малку сок од лимон, тако зачин, црвен пипер, бибер и сол

Начин на припрема

Никој не сака месото да му биде суво, па затоа сокот од лимон често се наоѓа меѓу состојките, тоа е тоа што му дава на стекчето да е сочно. Оризот стави да се вари, мала е количината па можеш и во ѓезве. Стекчето целосно го маринираш целото парче и го пропржуваш на тавче или air fryer , а отпосле го сечеш на котлети. Во истото тавче можеш да пропржиш кромид, лук и ѓумбир, па штом омекнат додај им зачини и добро промешај да се соединат. Ова е твојот сос за врз месото, па можеш смесата да ја изблендираш ако сакаш, но и не мораш. Преливаш врз стекчето, сервираш топка ориз и комбинираш со зелена свежа салата.

ВЕГЕ ВЕЧЕРА: ЛЕТНА ПЕСТО САЛАТА

Состојки

– 50 наут (жив, свари го)
– ½ модар патлиџан
– 1 парче интегрално лепче
– Неколку шери доматчиња или обичен домат
– ½ црвен кромид
– 1 чешне лук
– Младо кромитче и магдонос
– Сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло
– Зачини: црвен пипер, бибер, шарена сол, буковец, чили по желба, ким, оригано
– 1 лажиче песто

Начин на припрема

Најпрво, наутот треба да го свариш. Исцеди го од водата, стави го во еден длабок сад па кај него додај исецкани лук, кромид, шери домати, модар патлиџан и лепчето. Измешај ги, стави им зачини и маслиново масло па печи ги во плех на хартија на 200 степени додека не си фатат боичка, ќе си процениш сама. Штом се испечени, ги сервираш во чинија и ги прелеваш со дресинг направен од песто и сок од лимон, а за крај пороси со сецкано младо кромитче и магдонос. Каква експлозија од вкусови!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.