Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 26, 2024

Појадок: ЛЕПЧЕ СО АВОКАДО И ЈАЈЦЕ

Калории 433 kcal

Состојки
  

  • 2 интегрални лепчиња
  • 1/2 авокадо
  • 2 јајца на око, пржени или варени по желба
  • зачини по желба мој предлог шарена сол и малку буковец
  • домат од страна со малку сол
  • пиперка и млад кромид по желба

Ужина: 1-3 Праски

Ручек: НЕОДОЛИВА ТОРТИЉА

Калории 382 kcal

Состојки
  

  • 1 интегрална или чиа тортиља
  • 1 голема лажица урда или 1/2 авокадо
  • 80 гр пилешко месо или мисиркини гради веге: сејтан 40гр, тофу 80гр или црн грав 80гр
  • домат исечкан на тенки тркалца
  • бејби рукола спанаќ или марула
  • црвен кромид

Инструкции
 

  • Толку едноставен и лесен за подготовка, а истовремено вкусен и сите го сакаат. Тортиљата кратко се потпекува на тавче од двете страни и се премачкува со урда, одозгора се додава месото/веге опцијата, доматот, руколата и кромидот. Готова за помалку од 10 минути! Убави се овие брзи ручеци, но не заборавај дека најмалку еднаш во неделата треба да јадеш течна храна како супа или манџи. Целта на предизвикот е да ни се забрза метаболизмот.

Notes

ВЕГЕ: Протеини: 13гр / Хидрати: 39гр /Масти: 15гр / Вкупно калории: 346

Вечера: ЛЕСНА ТАРАТУР ВЕЧЕРА

Калории 305 kcal

Состојки
  

  • 250 мл нискомастен јогурт
  • 1 краставица
  • зачин за таратур или копар сол
  • 1 оревче ситно исецкано
  • 1 мало лажиче маслиново масло
  • лукче по желба

Инструкции
 

  • Краставичката се сечка на поситно и се префрла во стаклен сад, потоа се додава јогуртот, зачините и оревчето. На здравје!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.